јас не сум задоволна од Јасмина. вака може си ја тера работата но има премногу пациенти, на закажано чекаш по саат време, пошо прима и незакажани,ама ова не е исклучок него правило.не зборува воопшто и не објаснува ништо. водев бременост кај нејзе која заврши со спонтан не ми беше воопшто достапна не ме известуваше за резултати, пред да прокрварам имав чуден исцедок и ја барав не можев да ја добијам булвално ја добивав после два дена додека ми пиша она прокрварев
Др.Снежана Стојковска од Ремедика за скоро ќе е достапна во Систина. Обидете се да стапите во контакт за да може да ве превземе таму. Деновиве барајте прием во Ремедика. Во понеделник е прва смена.
Мене ми ја препорачаа.. зажалив што отидов. Прв и последен пат ми беше. Сестрата беше.. не знам да кажам точно што и фалеше. Доволно е ако кажам дека ме гледаше цело време додека траеше прегледот и на одење ми кажа дека таква некоја бара за брат и.. Заклучете сами која атмосфера затекнав кај Емилија. Не навлегувам во критика на способноста на докторката, не отидов после тоа така што немам големо искуство.
Здраво мамиии , ме интересира мислење , искуство за др.Софија Златеска на ГАК? Или пак понудете од кого сте задоволни конкретно за пораѓај, баш посветеност ? Фала виииии ❤
Девојки, ѕвонев на двата фиксни тел броеви во Ултрамедика, не се активни. Вие на кој број ги добивте? Благодарам
Добив препорака за Филип Исијановски од моменталната докторка, бидејќи не може да ме води она како матична, па ме интересира мислење доколку си кај него или кај друг доктор во Ултрамедика? Во смисла на пристап, објаснување, деталност, посветеност, достапност и чекање на закажано? Фала
Не сум кај него, ама и јас што читав позитивни коментари тука, се одлучив да се јавам да прашам дали сеуште прима пациенти за матичен
Мене ме пораѓаше со второто (комплициран царски рез, фала Богу, се беше добро поради неа), асистираше на првото породување. Професионална до крај. Поново искуство има @monik55
Zdravo, koja cena e vaginalno eho i PAP kaj doktor Ana Matoska od Promedika ako ne e maticen ginekolog?
Оваа бременост, до сега ме имаат гледано 4ца доктори и сите ме прашале кој ме породил заради раната, колку е добро средена и скоро и да не се познава. Многу позитивно искуство, да не беше она кузнае што ќе се случеше со мене и син ми. Докторката е голем професионалец, не се мисли ич ако имаш можност договорисе си нејзе.
Никола Панчевски во систина ... преубаво искуство, имав бактерија , инфекција и што уште не ... се шетав по 27363 гинеколози , а решението за 5 пари било ова е моето искуство, среќно и со лесно ❤
Колку е консултација таму? И ехо вагинално, колпоскопија ако знаете колку чини? Јас би отишла со цела документација што ја имам,пап тест,микробиолошки резулати и хпв типизација,само да ми каже што понатаму..