Јас со Катерина Николоска имам добро искуство,еднаш ми има ставано индукции и ме прегледуваше додека лежев на патолошка а сега ми правеше киретажа. Предобра,префина,насмеана,приступачна, све најдобро за неа..
Јас додека се решам за матичен гинеколог сите ќе бидат полни и ќе дојде ред за следен преглед пак да одам на приватно Освен Гинекомама и Јасмина во Влае, кажете некои други од кои сте задоволни релација Ѓорче, Влае, Карпош? И дали има некоја што води бременост кај некој во Систина? Дали може да е матичен, дали се наплаќа за секој преглед или само приватно може таму?
Devojki moze li nekoj da spodeli iskustvo so nekoja od slednive doktorki: Dr.Elizabeta Matevska Atanasovska (sistina) Dr.Snezhana Timceva Cvetkovska (sistina) Dr.Gordana Adamova (sante) ? Za koja i da imate licno iskustvo ili nekoj vas blizok bi Vi bila blagodarna dokolku spodelite
Микробиолошки тестови се прават со земање брис. Гинекологот ти зима брис од вагина,цервикс,брис за микоплазми(и уреоплазма) и брис за хламидија. Можеш да ги однесеш во институт за јавно здравје,се плаќа 700 денари и резултат макс за една недела имаш,мојот беше готов за 3 дена. Брисот од вагина ти покажува дали имаш присуство на габична инфекција,дали е нормална или редуцирана микрофлора-присуство на гарднерела, Брисот за микоплазми ти кажува дали има присуство на микоплазма и уреоплазма,на брисот за хламидија дали има присутна хламидија и брисот од цервикс дали има кандида и останати други бактерии,стрептококи и слични. Исто,доколку резултатот е на нешто позитивен најдолу имаш антибиограм според кој матичниот гинеколог ќе ти препише терапија
Извини, дури сега видов дека си пишала душо... на бројчето пд систина да се јавиш , имаат ценовник. Ама пред тоа консултација со доктор најубаво ке ти каже што и како треба да направиш. Поздравче
Најпрво извинете за долгиов пост, но навистина сакам да си најдам соодветен гинеколог. Здраво на сите.Често нели овде се сретнуваат прашања за добар гинеколог во Скопје и по часови читање на форумов, некои ординации/лекари ми се во предвид, па секое мислење и искуство е добредојдено. И јас сум во толпата на жени незадоволни од својот сегашен гинеколог. Доколку би можела да пишам нов матичен, супер, но не е проблем и да работи само приватно. Немам некои сериозни проблеми, ми треба за рутински прегледи и за третирање инфкеции, но за некоја година би сакала и да родам и не би сакала да минам низ овој процес на барање гинеколози како и сега. Ми треба лекар, кој е професионален, културен и достапен (нормално, не би ѕвонела во никое време, но преку глава ми е од исклучени телефони во тек на работно време). Стварно би сакала некој посветен лекар, а не да ми е непријатно да поставам прашање и да гледа што побрзо да си заврши работа. Како жени даваме доста пари за вакви прегледи, а не малку имаме искуство со тотално непрофесионален однос. Цените на приватно воопшто не се ниски, а да не зборувам за матичните што ти земаат третина од тоа што би те чинело на приватно. Всушност тие трошоци би требало да се најминимални, ама нејсе тоа се сомневам дека ќе се промени. Следниве ми беа најокеј - Ултрамедика; - д-р Вероника Кокоромановска ; - д-р Марија Коцева (навистина прочитав само пофални зборови за неа, но и дека има голем број на пациенти. Не ми е проблем и да чекам до една недела за термин, но дали навистина е посветена на своите пациенти и дали се случува неколку жени да ги закаже во ист термин, па да си чекаш и да си тонеш во непријатност. Знам дека е грубо пишано последново, но ова си е честа појава во Македонијава, за жал.); - Кристела; - д-р Ина; - Newborn clinic ( и за клиникава прочитав доста пофални зборови, но некои од членките што пишуваа се соочиле со малку посериозни ситуации, па дали во клиникава работат и со најобични гинеколошки ајде да ги наречам проблеми ); Доколку имате и некој друг предлог слободно. Не ми е важно дали е маж или жена и дали е стар или млад . Ви благодарам однапред и секое добро!
И јас би сакала да најдам некој ваков гинеколог како што имаш опишано, ама за матичен и за водење бременост. А ако не ти е проблем за приватно, топло би ти ја препорачала д-р Снежана Мајсторова Органџиска во Хигиа. Можеш да закажеш преглед во секоја тековна недела, никогаш не чекаш повеќе од минута, никогаш нема во истиот термин др. пациентка, одлично објаснува сѐ што прави, гледа во секој момент, дава препораки за понатамошно третирање, ако има нешто посериозно ти препорачува и дополнителни испитувања по твој избор каде ќе ги правиш. За матична секогаш има ограничена квота и зависи како ќе ти се погоди периодот во иднина
Имам пишувано и порано, сега бев пак на контрола редовна, јас сум презадоволна од Верица Органџиска. Да, на приватно, 5000 ден -пап, вагинално ехо и колпоскопија, ама мирна ми глава. Тоа е снаата на Органџиски, гледам членката погоре е задоволна и од ќерка му. Се објаснува жената, посветува внимание, зборува додека работи, си гледаш на камера се што прави на колпоскопија, дали е грлото чисто, дали има ранички, објаснува се. Од матичен и јас не сум задоволна.
Има ли некоја што ѝ е матична д-р Катерина Станкова од ординација „Д-р Ина“ да сподели искуство за водење бременост? Фала
Здраво на сите. Ве молам препорачајте ми некој матичен гинеколог од Скопје од кој сте задоволни и што прима пациенти за матичен.
Devojki, da prasam dali nekoj znae dali moze dodeka si na trudnicko da se smeni maticen ginekolog? Do Juli sum na porodilno, malata ima 7 meseci no ostanav pak bremena i sakam da smenam maticen. Dali trebabda cekam da zavrsi porodilnoto ili mozam odma da menuvam?