ниту една. Јас лично имам лошо искуство со Лидија од преглед , а другарка моја со Ана, баш за водење бременост. Целосна непосветеност.
Се согласувам за Лидија. Барем како приватна да посветуваше внимание, ама очигледно само за пари е таму. За Ана не знам бидејќи уште со претходната (Кекиќ) кренав раце од гинеколозите во Промедика.
Посветува внимание на солење памет кога си требала да имаш деца. Јас одам со години кај друг гинеколог и бев кај Лидија преку систематски на преглед, ајде во пакетот беше пап на приватно и брисеви. Излегов со плачење зошто ми кажа дека имам миоми на матка и 'што сум чекала до сега за дете, со миоми нема да можам да останам трудна'. Мојот доктор виде дека немам ништо од тоа она што ми најде, а еве имам и скоро 2 годишно дете. Пола колешки веќе не го користат тој преглед од систематскиот зошто на сите нешто вака им најде без врска и ги прашува приватни прашања што баш ич не треба да ја интересираат
За Ана од сто место сум слушала незадоволни ама за Лидија баш спротивно. Сестра ми оди кај неа и вака како шо кажува одлична личи. Ама ете се погодило
Јас одамна одев кај Лидија,пред некој си 4 години.Останав трудна со спонтан не ме прати на никакви испитувања.маж ми направи спермограм ми рече со овј сперограм не прајме ништо ,нема шанси многу е слаб.Ми даде еден куп апчиња за него.После со истите испитувања во Систина ми рекоа спермограмот е супер нема простор за паника.Еве ме терам 29 недела природно.на крај проблемот беше кај мене имам тромбофилија ....Дефинитивно Не за Лидија/
Не знам откај им идеја на докториве да кажуваат такви работи. Ако сум здрава и ако моето тело може да издржи бременост, што и е гајле што сум чекала и што чекам. Сум го чекала вистинскиот... која дрскост. Свој леб јаде, туѓо гајле бере.
Znaete li kolku pari e da se napravi pap test i brisevi vo sistina? I koj ginekolog bi mi go preporacale?
Позитивна препорака за Марија од Ложанковски. Жената е пресмирена, објаснува самата се' што е потребно.
Лидија Черепналковска на ехо на гради ми рече дека ако сум останела бремена ќе сум немала млеко!! После тоа на друго место им го кажав тоа се згазија од смеење. И многу лоши искуства кај неа.
Твојата приказна ме потсети на мојата,од пред 5 години кога прв пат отидов на гинеколог. Докторот чие име не можам да се сетам сега, работеше до Ординацијата на Личоски во Јане Сандански. Куп жени чекаат ред,место и немаше. Идеш на термин и чекаш,јас млада и неискусна, сама отидов поради проблем поради кој не би сакала да зборувам. Тој доктор ми остави вечна траума, јас не знам како всушност ја напуштив ординацијата,нозете ми се тресеа по скалите. Веднаш потоа отидов на второ мислење кај Личоски и душата ми се смири,но по некое време и тој забушаваше. Не ми даваше терапија,ми викаше ќе помине само од себе,ѝ не поминуваше се влошуваше само повеќе. Кога си заминав картонот не ми го дадоа,само копија ми направија од последниот пап тест.
Дали има можност да се избере за матичен, има место за нови пациенти за преку фондот? Се мислам помеѓу неа и Ана од Промедика. Мене ми беше порано матична, никогаш не ми се посвети сериозно во врска со мојот здр.проблем, само џабе си губев време со неа, а сестрата е ужас, ниту дига телефон и се чека за еден најобичен упат за кој е секунда работа. Друго ми пречеше што многу се чека за слободен термин ако закажуваш, а за итно ако ти треба ќе се изначекаш и изнамолиш да те прими. @annii се чека ли многу после закажување за добивање термин за преглед кај Марија и дали почитуваат закажан термин дали дента кога ти е закажано одма влегуваш или чекаш?
@Idedemja може да се одбере за матична, ама повторно се наплаќа. Отприлика цените беа 200 или 250 за вагинално ехо, ПАП тестот на приватно околу 800 денари, а на државно бесплатен. За чекање зависи, од 3/4 дена до една недела. За внатре се почитува терминот, немам чекано воопшто.
Скоро сите го наплаќаат ехото, мене ми е моментално најважно да почитува закажан термин дента да не се чека премногу. Ти благодарам за сите информации изгледа таа ќе ми е иден избор, читав што има објавувано стручна ми делува.
И јас ќе го споделам своето искуство за Черепналковска пред неколку години во бременост. Ме водеше доктор Надица Кеќиќ од која лично бев задоволна и во шести или седми месец требаше да се прави специјалистички преглед, па поради фактот што Лидија е во склоп на ПРОМЕДИКА имав некој попуст (наместо 4.000, 00 требаше 2.000,00) да биде. Ми рече имам скратен цервикс, ризик за предвремено породување, ми даде аспирин, ( што најмногу ме исплаши_ и вагиналети да ставам цели 15 дена. Не бев мирна, веднаш откако се вратив дома по препорака на роднина закажав кај Ефремовски во РЕМЕДИКА, зошто длабоко во себе знаев дека мора да побарам второ мислење. И навистина, ниту скратен цервикс, а се породив на време десет дена пред истек на краен рок. Најинтересно беше што иако констатира скратен цервикс никаде не запиша колку скратен, ниту ме упати на мирување.
Еве ти и др. искуство со неа, а и тел. џабе ќе вртиш ќе се изнаѕвониш за џабе, ама провери си ја среќата може од прва ќе ти дигне сестрата
Здраво на сите дали некој има одено во гинекомедика јас бев пред месец дена и ми зеде микробиолошки тест ехо и колкоскопија и одма без добиени резултати од брисеви ми кажува дека гледал промени сум имала хпв сигурен бил дами правел биопсија ке требало и ако имало нешто дами правел ласерско отдтранување на раната 200 евра бара а уште резултат неам
За оваа ординација имаш мислења колку сакаш во темава, прочепкај. Колку за почеток, сите кои биле ја добиле таа дијагноза така што не се плаши ОК си.