Ако не се лажам мислам дека и е д-р Надица од ПЗУ МАМА и таму сестрата тешко дига ама ѕвони ќе ти се јави, сестра Елеонора 071 224 222. Само мислам имаат фб страна провери на неа да не се и тие на одмор, ама што знам ако Тања е, Надица треба да е тука.
Вака сега, моментално сум кај Стамболиев, али сакам да го сменам. Секако има позитивни коментари, али мислам дека преовладуваат негативните. Што се однесува до моето искуство, фала богу сум немала некој сериозен проблем, али ме вади од такт чекањето сто саата на закажан термин и треба да дојдеш саат време порано за да влезеш на точното време пошо идат на принцип, прв дојден, прв услужен а не кој кога закажал и на брзина он ќе каже шо мисли шо си слушнал си слушнал тоа е тоа он веќе излегол и ја вика наредната. Терапија препишува се разбира од тие фирми кои што соработува. Нередовен циклус имам постојано, циклопрогинова стандард, ќе ми дојде ко шо треба 2 месеци и па по старо. Сакам да отидам на преглед сега, вртев сто пати не можам да ги добијам, нз дали се на одмор или што е работата. По долго време читање тука, се мислам меѓу Сузана Костовска, Марија Коцева или Кокороманова..што мислите вие? Која да ја одберам? Или ако имате некој друг предлог за стварно добар гинеколог, препорачајте.. Коруновски обично важи за доста познат и добар доктор, али гледам не сте нешо баш задоволни од него.. Ја имав како опција инаку и Радица Бојчева, ама некако гледам и од нејзе не сте задоволни баш, а и изгледа па би требало да се соочам со она исто чекање ко кај Стамболиев...
Јас сум презадоволна од Марија Коцева. Посветена, детална, позитивна, се што те интересира ќе ти одговори. Се закажува и чекањето е минимално.
За кај Стамболиев незнам , ама за кај Радица си чекаш.Јас сум кај неа и сум на мисла да ја сменам. Бидејќи пробиваме за бебе , ми даде што се треба да испитам, ама некако ми е онака лабава или пак јас сакам повеќе незнам. Ама чекаш кај неа и чекаш, со коронава сега и е малце ама и не секогаш лабаво да не се утеаш од чекање. И да биди спремна да слушаш фамилијарни дешавки.
A некој контакт од Марија Коцева? Никој не се јавува 2 дена на бројот на поликлиника Др. Ложанковски на фб што го имаат стаено.
Може да. Јас презадоволна, многу е стручен. Плус работи како ембриолог што значи знае проблематика со тешко зачнување. Претходно бев кај Стамболиев 10 години, стручен и искусен но се гледа дека човекот е веќе за во пензија, прави киксови.
Ти благодарам многу. На маил ми пишаа дека цената на гинеколошки пакет (ултразвук, пап и колпоскопија) чини 3000 денари. Како матичен колку зема?
За ултразвук и пап ништо, за колпоскопија неможам да ти кажам, не би требало ни за тоа. Пап единствено ако не сакаш да чекаш 2 месеци за резултати ти нуди опција во една лаб со која соработува, 800 е. Ама тие пари не се за него, туку за лабораторијата.
Ај уште едно прашање.. Марија Коцева, прв слободен термин на 20ти септември а не ми се чека толку, па што мислите за Тасе Цветановски? Некое искуство?