Na odmor e do 6ti, ali i na 6ti da se zakaze, 15 dena cekanje... Poso neli prv sloboden e na 20ti, a oni ne ti zakazuvaat, treba da ja cekas doktorkata da se vrati od odmor
Значи треба да чекам до 6ти за да закажам за најрано 20ти? И дали бројчето што го имаат објавено е нејзино или на сестрата? Извини мила ама за првпат ќе одам па затоа не сум информирана, а за Марија прочитав најдобри препораки.
Сакам да закажам детален преглед кај Елена Петрова во Ремедика, пап, ехо, брисеви. Дали знаете колку чини еден таков пакет? Од матичната не сум задоволна, мора сама да си носам брисеви на проверка, а немам време за тоа. Колку време се чека за резултати?
Јас за него до сега не сум слушнала лош збор,отиди на еден преглед и одлучи потоа,исто и за Златко Палчевски само пофални зборови.
Неколку дена имам болка во јајникот а немам матичен гинеколог. Ве молам препорачајте ми некој кај кого нема да чекам цела недела за термин затоа што ми е итно.
Може некоја што оди кај Марија од Ложанковски да ми одговори на прашањава: 1. Дали има гужва, дали прво се чека за закажување а потоа за термин т.е. како оди закажувањето? 2. Дали може да се одбере како матична? 3. Кои се цените за пап, ехо и брисеви? 4. Како е со смените дали се менува на недела или по денови?
женски, тие што ја водите цела бременост во приватна болница, а матичниот не е ни запознаен дека сте бремени зошто немало потрба да одите кај него, на крај како отварате трудничко? Односно дали прават проблем ако не сте отишле ни една контрола кај матичниот а треба да отворите боледување?
1. Јас искрено не сум имала проблем со закажувањето. За 2-3 недели ми закажувале. По телефон. Кога доаѓам на преглед чекањето е минимално. Највеќе 15 мин. 2. Може да се одбере за матична. 3. Зависно каде го носиш папот, таква е и цената. На државно мислам беше 60 ден (не сум сигурна), а во Хистолаб 800 ден. Брисеви сум правела во бременост и платив само 250 ден да ги однесат до ГАК бидејќи беа бесплатни. Ехо мислам беше 500. 4. Сега бидејќи е само Марија, другата е на породилно, смените им варираат. Најдобро да се јавиш и ќе ти кажат. Често менуваат.
Околу 4000 пап и ехо, бар лани толку беше, ако уште немаат покачено цена. Пап праќаат на мејл, по три-четири дена. Јас сум моментално кај Панговска во Аеродром, за која нема и некои пофални зборови на темава, а и мене не дека ми остави некој јак впечаток зимава лани кога бев за преглед. И да ја сменам, сакам сега септември да одам пак на преглед и да правам пап, препорачајте некоја поасална докторка во околина на Аеродром, а и колку отприлика би ме чинело пап кај матичен ако нејќам да чекам со месеци резултати. Досега во Ск само во Ремедика правев пап, али изгор се во последно време ко што пишав, за тие 5 минути што ќе ти ги посветат без ништо да ти подобјаснат.
Devojki, ako ima nekoja od Stip da mi kaze iskustvo so Dr. Valentina Rambabova i da mi preporaca dobar ginekolog )
Немој кај таа. Никаква е. Со старо ехо, вагинално не прави, а ако ти се погоди, ќе ти јават за пап да повториш оти немало материјал доволно, па и пари за додатни испитувања ќе ти земат. Така на мајка ми се погоди, ама не бев јас да прашам што сакаат точно. Ако можеш приватно, оди кај Органџиски.
Искуства со доктор Марија Христовска од Плодност? Или било кој друг доктор за препорака таму, кај кого може полесно да се добие термин за преглед?
Дали сте задоволни од Снежана Миленкова? Другарка чека за пап резултат многу долго и дали се веродостојни тие резултати? И кажале таму ако не се ок резултатите ќе и се јават, ако не и се јават значи ок се.
Ако не се лажам примерокот за пап тест се праќа за обработка во Скопје и исто и во мојот случај се јавуваат само во случај ако нешто не е во ред
Никако кај неа. Јас имав мртов плод не ми кажа ништо. Вика оди денес или утре на клиника. Хорор. Фала богу одма на приватно. Итно чистење и жива сум. Нема никаков ред. Доаѓа 2 саата покасно од прв закажан термин. Топло ја препорачувам др.Марија во Ординацијата Ложанковски. Она работи со фондот.