Здраво девојки. Ако може да ми препорачате доктор, стручен за полицистични јајници? Без разлика дали е приватно или државно.
Здраво, Дали може да ми препорачате гинеколог којшто се замара вистински за пациентите? Конкретно барам гинеколог што би водел бременост, после 1 предвремено породување(со загубено бебе) и една вонматерична бременост? Навистина сум во потрага по некој што би ми помогнал во наредна бременост со оглед на тоа дека имам и антифосфолипиден синдром и терапија со Plaquenil.
Здраво девојки, Дали некоја знае која е цената на ПАП, ултразвук и колпоскопија во Плодност и како сте задоволни?
Здраво девојки, Била ли некоја во ПЗУ Ултрамедика, др. Филип?? какво искуство имате? и доколку имате тел. ако може да пишете би било супер
Здраво, дали можам да одберам матичен гинеколог од друг град или само во градот кај што живеам? Конкретно, сега се преселив во Скопје и би сакала да си заверам тука матичен. Дали имате некој предлог без разлика маж/жена, сакам да направам некои тестови хормони, ПАП и слично па ми треба некој шо е добар во поставување дијагноза и препишување соодветна терапија?
Јас мислам дека изборот на матичен гинеколог е личен и нема врска со местото на живеење. Би ти ја препорачала Марија Кпцева од ординација "Ложанковски".
Ве читав тука дека Марија од ординација Ложанкоски ја фалите.Ме интересира, зашто прочитав дека работи со фонд, може да се закаже преку матичен или директно таму?
Ниту еден матичен нема да ти даде упат за гинеколог,не соработуваат. Директно оди таму,ќе ти отворат они картон.
Здраво девојки, сакав да ве прашам кога е најдобро да се оди на гинеколог дали пред циклус или одпосле?