Дали некој скоро закажувал кај Ѓероска Надица, пзу МАМА? Како се со гужва? Минатиот пат прв термин беше за 3 недели..
Дали може да ми препорачате добар гинеколог, по можност жена за прв гинеколошки преглед некаде во приватниве болници? P.s Не мора да се зема за матичен
Порано матична ми беше, ок е докторката ама баш заради гужвите си отидов од кај неа. На закажано по повеќе од еден час се чекаше. Сега ако се сменило нешто на подобро незнам.
Некој добар што се разбира и обрнува внимание на пациент гинеколог (не приватно) во околината Аеродром(Лисиче) Кисела Вода?
Дали некој што бил на преглед кај д-р Петровска во Систина во скоро време знае како е со термини, се чека ли многу? И дали знаете колку наплаќаат за преглед?
Здраво девојки. Како матичен ми се води Александар Блажевски, меѓутоа сега сум бремена и сакам бременоста да ми ја води Јуруковска (сум била претходно кај нејзе), некако за бременост ми е попријатна и попристапна. Кажете ми, бидејќи она е приватно, како да изведам околу покриеност со породилно и слично, дали морам да одам постојано и кај двата гинеколози? Ве молам за помош бидејќи ми е прва бременост, кој има слично искуство да сподели доколку не му е проблем.
Си ги носиш брисевите и изгор ги наплаќа ем кај неа плаќаш ем во државна страшно крадење на пациентите.
Здраво женски, дали би можеле да ми предложете добра жена гинеколог во Систина? Ми треба коректна,комуникативна и посветена докторка бидејќи сум истрауматизирана и тотално разочарана од последниот преглед таму од Др.Даниела која веќе не е во работен однос Ви благодарамм.
Здраво. Препорака за гинеколог од Ремедика, посветен, што ќе ислуша и прегледа како што треба, да не ми е шубе да зборувам? Прочитав добри мислења за проф. Др Димитров, но нема термин кај него до 21 фебр, па се мислам меѓу Др. Јане, Др. Зоран Јованоски и Др. Ефремов. И цена ако знае некоја, ехо со пап и микробиолошки брисеви плус. Правев пап и брисеви во ноември кај матичниот, ми кажа уреаплазма, ама искрено се сомневам. Ви благодадам однапред.
зошто се сомневаш? иди пак кај матичниот побарај брисеви и иди сама однеси ги во авицена за проверка на уреаплазма ако ти треба дополнителна сигурност
Затоа што немам подобрување од терапијата што ми ја даде, а и имам промени на влезот на вагината, што не знам дали се од инфекцијата или, не да Боже нешто пострашно е. Голем паничар сум. Секако и кај матичниот плаќам 2500 за пап и брисеви, а и преглед, вака барем мирна ќе сум.
Др.јане ме породи со второто синче, многу сум задоволна од него, а една година после тоа и една интервенција ми правеше. Со другите доктори сум имала краток контакт и немам баш искуство со нив. Да дополнам цените се изгор. Истото што ке го направи матичен и овде ке биде. Терапија се одредува по антибиограм. Искрено за брисеви не би отишла во Ремедика, прво кај матичен.
Тоа да, туку не знам, многу добри коментари имаше за Ремедика... А за Санте Плус искуства, видов имаат пакет 1700ден кај Др Славјанка Стојковска (мислам дека така беше), ехо, пап и колпоскопија има во пакетот, ако има некоја искуства со докторката ако може да сподели.
Можеш да си одиш на приватно, тоа не ти е никаков проблем за породилното. Јас цела бременост ја водев приватно, кај матичниот бев само да земам потврда за на работа и еднаш за брисеви. Откако се породив се јавив само да кажам за да ми го отворат боледувањето и тоа е тоа.