Здраво, дали некој има искуство со др Симонида од Ремедика. Јас последниот пат бев на преглед кај Ирена Шуплиновска во Систина и не сум задоволна од тоа како поминав и нејзиниот пристап, па сега барам друг гинеколог.
Добар гинеколог во околина на центар што работи со фондот? По можност и брисеви да носат во лабараторија.
Гинекологот во Дијагностички Центар (позади градски ѕид кај тинексот). Постара жена е меѓутоа многу е добра. Мене порано ми беше матичен гинеколог, меѓутоа сега моето осигурување не ја покрива ординацијата и барам друг. Тие имаат и таму лабораторија но може брисевите и да се однесат на државна.
Не е во пензија ? Инаку, жената е супер и многу искусен гинеколог. Јас еднаш бев кај неа, презадоволна бев. Ако не е у пензија, ќе одам кај неа.
Здраво девојки , матичен ми е Блажевски ама сакам да го сменам зошто не ми дава ни фискална кога одам а имам приватно здраствено кое си го плаќам и ми враќаат пари за сите прегледи и ниту пак сака да пише боледување и исто така само осудува зошто сум идела во Систина да правам анализи пап и други прргледи кога можам кај него( а не сака фискална да даде битно да го кеширам). Гледам замена ми е Душко Филиповски. Какво искуство имате со него и дали ќе може он да ми биде матичен зошто човекот гледам дава фискални а да напоменам трудна сум и притоа скринзите планирам во Систина да ги правам па дали ќе ме осудува ко Блажевски зошто одам таму .
Јас за д-р Симонида имам само пофални зборови. Таа ми ја водеше бременоста, ме смируваше ако испаничев, на прегледи се детално ми раскажуваше што гледа, ми одговараше на сите прашања и на крај ме породи. Уште 10 да имам, сите кај неа би ги раѓала. Ако можам уште нешто да кажам, а заборавив, прашај.
Фала ти за споделеното искуство. За жал кај нејзе сите термини се потполнети до крај на март и не успеав да закажам. Дали можеби имаш искуство со некоја друга докторка од Ремедика. Сега нејверојатно ќе закажам кај д-р Афродита Стомнароска
Јас сум кај Ложанковски скоро 10 год.и сите досега ми биле исто, а неколку пати сум ја фатила Билјана, од денес е на одмор па најверојатно нема никој да има, само доктор Ложанковски ќе биде. Искрено не знам што да кажам за докторката, читајќи тука скоро сите се исти. Некако ради реда прегледува, ништо посебно не ти кажува, прегледот е се на се 5мин, а чекаш пола саат после терминот за преглед. Искрено не знам и јас кај да најдам добар доктор кој ќе ти обрне внимание
Е како ако е на одмор кој би ја заменувал, Ложанковски наплаќа како приватен колку што знам, не може да биде супститут за некој од примарното здравство. Некому му треба итна услуга, може и боледување треба да извади и нема да може ли? Или потврда за брменост заради ослободување од работа, или која и да е друга услуга која само матичен ја обезбедува? ПС. И Матичните гинеколози да не почнуваат со штрајк? Инаку, ми текна да прашам, порано бев во ПРОМЕДИКА кај Надица Кекиќ, дали знае некој што е со таа докторка, каде е? Ми ја водеше бременоста, долго време не бев и кога ми затреба пред неколку години, ми рекоа не работела веќе таму, не знаеја каде е, не ми дадоа контакт, не префрлале автоматски, а Ана Матовска не можев да ја земам беше на породилно. Па, така на крај заминав кај Марија Коцев од Ложанковски од која сум прилично задоволна, мошне е темелна и сеопфатна во прегледите.