За Надица последно што разбрав дека е во Идадија, ама ако иде некоја кај неа сега нека ти потврди за сигурно дека се уште е таму. А за Марија и јас само пофални зборови сум чула и таман решив да се пријавам кај неа и отиде на породилно.
Јас таман останав бремена и ми отиде на породилно исто Сега одам на прегледи кај Биљана еве веќе 15 недела и стварно делува така лабаво незаинтересирано, ама па ми кажува што како гледа, што значи итн. Искрено веќе неколку прегледи сум имала кај неа а сеуште неможам да ја дефинирам. Со Марија имав неколку средби ми делуваше пострплива, посмирена така некако, ама тоа е што е. Решив да не кревам паника битни ми се скрининзите таму се се гледа, вајда штом е кај Ложанковски не е ептен да незнае што гледа
Мислам дека таа Симонида во Систина е педијатар, Не и знам презиме. А Симонида Котларова е со години во РеМедика
Девојки ,ми треба матичен ама да е добар ,некој кој ке ми ја тера утре и бременоста Ми го препорачаа Парталовски. Ве молам искуства и препораки . Да работи со фондот
Во случај да не си видела на претходната страна ја препорачав Мирјана Мицевска од Дијагностички Центар, може ќе ти се најде.
Која Даниела? Јовановска? Ако е она јас бев кај нејзе уште во ГАК, исто ме испаничи, дека операцијата (циста на јајник) ќе ми остави последици, т.е нема никогаш да родам деца, а еве јас трудна. Жената само пари ја интересираат. Ми рече кај неа во ординацијата да идам на контрола, кога отидов имав добиено ама имав и страшни болки и замисли ме избрка, а да не заборавам дека беше многууу дебело "наградена" за "итната операција" која не ја ни правеше она, туку др.докторка. Ако чита тука еве да и кажам дека само ради нејзе не сакам во Систина да се пораѓам, не дај боже она да ми се погоди. Ама нели не е таму, со трчање ќе идам хахха
презадоволна сум... ми ја водеше цела втора бременост и ме породи, топло ја препорачувам. Ако одам на трето, здравје Боже, пак нејзе би ја одбрала
Леле јас па спротивно мислење имам за Даниела. Имав патолошка бременост, одев кај неа секој месец на скрининг и таа се што кажа и направи беше толку точно што до ден денес сум среќна што така се погоди матичната да ме препрати кај неа. Инаку породена сум во јули.
Jas pa nea sakam da ja menjam.. Maticna mi e ama pretezno odam kaj Ina na privatno. Ednas bev kaj nea na pregled.. Odvratno iskustvo. ODVRATNO!!
Немам проблем да платам, па и повеќе ми се исплати така ама мојава матична моментално нема воопшто таква опција
Јас отидов по препорака од луѓе на кои им верувам, ама со мене така излезе. Може тоа што видела и решила да се вади беше права ствар ама односот и тоа нејзино не знам дали ќе има деца во скоро ама за понатаму многу тешко да има. Среќа јас не подлегнувам на такви муабети, воопшто не бев загрижена, и кога сакав ми се деси и тоа уште поише ми направи да ми биде одбивна, и да била 100%сигурна мислам дека секоја жена не би сакала тоа да го слушне, а уште помалку девојка од 20год.како мене. И кога ми рече кај неа во ординација, па јас што да ти правам ако имаш болки, како да те гледам со крв на тебе, јас само си реков ти жено мене никогаш повеќе не ме гледаш. Искрено мм сака во Систина да се пораѓам, а јас сум за во ГАК или Чаир и сега кога видов дека е во ГАК уште повише добив желба за таму само за да ја видам и да и кажам колку и се точни проценките. Најлошо искуство ми беше со нејзе. Кога прашав кој ми ја вршеше операцијата, дека бевме договорени она да ја прави, кога ми кажаа дека сосем десета докторка бев во шок дека жената без срам чекаше надвор за поклонот, а толку сакав да ја најдам заслужената докторка која 6 саати ме оперираше, ама ајде да не ја усрамиме госпоѓата, можеби и подобро што не ме оперирала она. Јас добив впечаток дека е материјалист, самото нејзино шетање од болница во болница кажува многу. А дека се грижи за женското здравје, гајле и е. Супер што си имала убаво искуство со нејзе, Господ бил на твоја страна ❤ дај боже да сум една од ретките незадоволни.
Да фала на предлог, ама повеќе би сакала некој кој нуди ваква опција. Ионака сакам да ја сменам моменталната матична
Здраво девојки, Бремена сум со втора бррменост, ама ризична. Со првото породување имав многу компликации и едвај ми го спасија животот. Сега барам добар и стручен гинеколог да ми ја води бременоста и да ме породи. Презадоволна сум од матичниот, ама не пораѓа... Последно се мислам меѓу Јован Ефремовски и Јане Стојковски. Однапред благодарам за споделените искуства.
Јас бев кај него со години ама почна да не се замара и ќерка му дојде да го замени , мислам он кај и да е ќе иде во пензија. Еднаш побарав упат да ги испитам сите основни хормони за инсеминација што требаат ми рекоа не можело наеднаш да не им викале од гак , поголема глупост амин. А и од хигиената не сум задоволна мн мн.
Efremoski od Re medika Ako e togash e super....go znam lichno,posveten maksimalno....nema da zgreshish.