1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    ^Ако успееш да стапиш во контакт со др. Марјан Стојовски, он сега повторно работи на клиника нема да погрешиш. Мене со ќерка ми он ми ја водеше цела бременост и ме породи, и си поминав екстра. И сега бидејќи во МК ќе се пораѓам кога ќе дојдам одма го барам. Поздрав
     
    На Ucitelka85, ripkata и ciribiribela им се допаѓа ова.
  2. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Dali znaete nekoj dobar ginekolog od Remedika. Se raboti za sestra mi 8 god. nemaat decinja, i nejzinata maticna samo ja mota, hormoni vo red, sperma vo red i i vika ke bide. Znam deka ima i drugi ispituvanja proodnost na kanali i neznam uste sto. Pa sakame da si odi privatno od nekoj koj vistinski ke ja najde pricinata i nema da ja mavne za pet minuti. Ve molam HELP.
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    калина немој да мислиш дека ако е приватно тогаш мора да е најдобро. Не Не е секогаш така. Нека се распраша кој е најдобар доктор или едноставно нека праша кој се можат да бидат причините за неплодност. Една од причините е и запушување на канали нека и направат ехо со кое ќе го видат тој дел, и опаерацијата е една од полесните за отпушување (ако е тоа проблемот) нека пробаат инвитро... Значи пред се има доста добри доктори немора да се прватно.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Марјан Стојовски е добар стручњак, оперираше моја другарка, ама тој е оној кој беше уапсен за примање мито пред некој месец... СДК, не знам дали е сега сменет, ама не знам дали човек може да верува во совесната работа на лекарот ако таа зависи од тоа колку ќе му се понуди. А можеби сега после скандалот е сменета работата...
    Инаку, има добри лекари на клиника, Адела Поп Стефанија ја фалат, ама лошото е што не можеш да си викнеш кого сакаш за породување, туку кој е на смена-тој. Сега така прават и во приватниве болници, кој бил на смена тој породува, за викање лекар по желба се наплаќа дополнително.
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    ^Да тоа е тој меѓутоа целата работа беше наместена, зашто човекот е екстра стручњак, а плус е од СДСМ што на колегите (докторите) на клиника не им одговараше. Јас 4 год бев негов пациент и ништо не ми побара, ниту за прегледите ниту за породувањето. Мое беше дали ќе му дадам нешто или не како благодарност за добро завршената работа.
     
    На Ucitelka85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52

    Во Ремедика Петановски е шеф на одделот асистирана репродукција и ин витро фертилизација а е екстра доктор побарајте го него. Додуша убав впечаток остава и Хаџи Лега и е многу детален и прецизен.

    Е сега моја препорака ти е Адамоска- Клисароска од Систина жената е ѕвер.
    GOOD LUCK
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.290
    Пол:
    Женски
    Др. Игор Самарџиски - тој мене ме породи, како и снаа ми со двете деца, а и доста од моите пријателки. Мојот матичен гинеколог за него ми рече дека е најдобар од тие што останале во ГАК. Можеш да бираш кој сакаш да те породи, ама ако го викаш од дома, плаќаш - а колку - по договор со докторот. Мене ми се погоди тој да е дежурен ноќта кога се породив.
     
    На ripkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Леле ама среќичка Анатх, дај боже и мене да ми се погоди :) Јас ќе го побарам за преглед, па за пораѓај ќе видиме има време.
     
    На ripkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Д-р Јадранка Георгиевска супер е кај нејзе имам одено 2-3 пати на гинеколог и ја оперираше тетка ми.
     
    На ripkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Знам дека можеби прашањево ќе биде малку офтопик ама ќе го поставам тука од причина што на темава сите се или породени или бремени.Значи дали знаете колку чини породување со царски на приватно во Клинички и колку во приватниве болници?
     
    На ripkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    На приватно во клинички околу 20,000, а во приватните клиники од 60,000 нагоре.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Срдечно ја препорачувам д-р Тања Хаџиевска-Илиевска од Млин Балкан (Идадија)...денеска бев.
    По консултација со неколку од вас, драги мои феминки, се одлучив за неа, пред се затоа што ми одговараше локацијата и тел.разговор кога првпат се јавив.
    Прекрасна жена, влегов точно во закажаното време, пристапот и односот и` се одлични, ти посветува доволно време за разговор, се што те интересира ќе ти каже, стрплива е и не форсира во смисла побрзо да те прегледа и да си одиш. Со оглед на тоа дека првпат бев кај неа, ме распраша за цела медицинска историја, што и како имам да кажам, го разгледа и картонот. Само пофални зборови.
    Девојки Ви благодарам за помошта. :)
    Со сино картонче, ПАП тест и вагинално ехо-преглед платив 200 ден. Резултати за 2-3 недели.
    Што се однесува за микробиолошките тестови ми кажа дека брисевите пациентите сами ги носат на микробиологија, за цената не прашав најискрено.
     
    На black-angel и karak им се допаѓа ова.
  13. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да прашам дали некоја била кај доктор Славјанка Поповска, и како сте задоволни од неа? Излезена е од државна и имала ординација некаде кај цветен пазар :?:
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Оваа докторка е специјалист во својата работа, знам дека беше професорка на Медицински, сигурно има заминато во пензија. Дефинитивно си ја знае работата, сестра ми имаше проблем со менструацијата, докторкава и помогна многу.
     
  15. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Јас искрено имам мнооогу негативно искуство со докторката Поповска, и јас го имам проблемот со нередовна менструација, ама мене не успеа да ми го реши туку само да ми го влоши уште повеќе, а ми навлече уште плус проблеми од терапијата што ми ја даваше да ја примам. Подоцна и од други разбрав дека имале лошо искуство, ама гледам дека некој и добро поминал...незнам што да кажам изгледа на кој како ќе му се погоди!!! Јас сум сега кај Тања Хаџиевска во Идадија и сум задоволна од нејзиниот најискрен однос и вниманието што ми го посветува, баш како што кажа претходно lolyta777 не форсира да те прегледа само колку да помине од редот, а мислам дека тоа е една од побитните работи.
     
  16. KristinaSkopje

    KristinaSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Devojki dragi, ne uspeav vo postovive da proctam dali nekoja od vas imas iskustvo so doktorkite vo Medika plus :)? Taa ginekologija mi se naogja vo blizina, a gledam deka nudat i dobar baket za 1350 den koj opfakja:ginekoloski pregled, pap test, eho i kolposkopija. Ne sum bila do sega na ginekolog, pa i ne mi e bash seedno kade kje zavrsam zatoa prasuvam dali nekoi bil tamu, kako e zadovolen od tretmanot...ne ni znam koi doktorki rabotat. :)

    [mod-kirilica:bdefnt63][/mod-kirilica:bdefnt63]
     
  17. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    lolyta777 ќе сакаш ли да ми кажеш како можам да контактирам со докторката, како оди закажувањето телефонски ли, ако може бројче да ми пишеш. Однапред ти благодарам.
     
  18. mr.farmacevt

    mr.farmacevt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Здраво нова сум на форумот, и би сакала ако можи да ми кажете број од Д-р Татијана Хаџиевска во Идадија. Инаку на гинеколошки преглед одам кај Д-р Петановски од Ремедика презадоволна сум, но сепак морам да имам и матичен гинеколог (а и не можам да си дозволам нон стоп приватен преглед и приватно земање на лекови :( ) фала однапред :)
     
  19. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Модератор: Телефонските броеви и други слични информации праќајте ги во лична порака.
     
  20. stomatologija

    stomatologija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    kade se naoga MANU? za ispituvanje HPV......i ako nekoj znae kolku kosta?.........blagodaram