По мене,Систина,Др.Панчевски. Ама јас сепак најголема доверба имам во Др.Филип Вановски....повеќе од 15 год.сум кај него и немам зборови за стручноста!
Ок ако ти е погодена тебе, но реално е една од најлошите гинеколози. До сега не сум запознала особа задоволна од неа, ниту јас лично.
Јас никогаш не носам брисеви во ИЈЗ страшно бавни се и неписмени. Носам на микрпбиологија, толку се брзи чудо, па и гужва нема. 4 бриса 350 денари партиципација беше цело време, ако поскапеле сега нешто...
да бидеме реални кај снежана е црно-бело- има презадоволни и преразочарани луѓе од неа. Имам две другарки и една бивша колешка кои стварно имаат пофални зборови и им помогнала со сериозни проблеми, додека јас не бев нешто посебно задоволна од неа, исто имам прочитано и за твоето мнг лошо искуство...така да... секој е своја приказна кај неа дефитивно
Јас имав 2 спонтани, со неа држам ќерка во раце.....моето искуство е тоа жал ми е кога слушам дека сте разочарани...
Абе нема тука што жал. Не е единствена, но многу сериозни грешки прави. Не би ја препорачала ни за упати, а не друго. И она и Надица ме имаат изнервирано
Мене скоро ми откри "проблем" кој всушност кај друг доктор се виде дека го немам, па само ме исповади од памет. А за фина, фина е. А не знам или ми се чини дека ретко има асални матични гинеколози, со пристап, со стручност и цени и све. Еднаш отидов на приватен оти за итно ми беше. Одма се гледаше разликата
Ај ве молам кажете ми мислење за др Агнеса, Капиштец. Ми има помогнато, ме "опраи" кога не добивав редовно, меѓутоа малку ми е чудно со хормоните некои ми се малце покачени таа вели дека се е Ок. Незнам некогаш ми е се како на брзање.
Одличен доктор, не знам за што ти треба ама мене ми ја водеше цела бременост и ме породи и препрепрезадоволна сум од него...
Дојдов на темава да го споделам најлошото искуство евер со др-Парталковски. УЖАС невиден значи. Ми беше матичен скоро цела година , отидов онака на ехо на контрола (секогаш си одам на 6мес, така ми е станата навика) ова беше после нова година. Давање дијагнози од ракав , ми вика ааааа па ти имаш миом на матката, имаш циста на јајникот (ме прати на тумор маркери) мора да се види каква е, имаш и воспален лев јајник. Кога излегов од кај него не знаев каде е вратата од паника за тумор маркерите, не знаев каде се наогам од страв.Излегов со рецепти за 4 кутии панцеф и дифлазон за мене и сопругот, да сме ги пиеле двајцата напоредно зашто јајникот сигурно ми бил воспален од инфекција или бактерија, во мегувреме никакви брисеви не ми зима- препишување антибиотик од ракав.Да напоменам дека 6 мес предходно бев на преглед исто , и немаше ништо , стакло беше. Во паника целата, фукнав еден куп пари за туморите одма штом излегов од кај него, купив антибиотициве, за после 2 саата се соземам и итно отидов кај Дракулевски во Систина, за да ме види. Ме прегледуваше човеков детално зошто бев видно потресена и испаничена и инсистирав да ме прегледа најдетално што може,за накрај да ми рече ДЕКА НЕМАМ АПСОЛУТНО НИШТО од тоа што ми е кажано, ни миом на матка, ни воспален лев јајник, ни циста. Тумор маркерите секако беа негативни (10 дена рез чекав). Истата " дијагноза" од Парталковски и беше дадена и на сестра ми, а слично и на мајка ми , по побарано исто второ мислење испадна дека врска нема тоа што збори човеков.Не разбирам што е со докториве?? Не можам да најдам асален гинеколог. Бев 10 год пациент кај Перо Калчовски и од него бев секогаш презадоволна, мегутоа многу ми е далеку да возам до Драчево. Како си отидов од кај него, лутам со докториве. Бев кај Кокороманова еден период, не крева на телефон, комплицирано за закажување, сама носам брисеви трчам, ми утнуваше терапии со кандидата ме лечеше по вибери, и мислејки дека Парталковски многу чини, така завршив кај него. Од Дракулевски пак сум презадоволна исто, човекот е врв мегутоа Систина се малце лудички со цените (мислам на пап, колпоскопија,брис) и кај него одам само за нешто кога ми е хитно. Утре имам закажан преглед кај Биљана Давчева па ке пишам како ке пројдам.