Од мое искуство кај скоро сите приватни горе доле цените се слични, ефтино не можеш да пројдеш. Систина пример ,за се ова што правев вчера кај Давчева ке ме кошташе огин. Последно кога се јавив во Систина цените беа: пап 3300, колпоскопија 4000, брисеви 6000 ден. Вчера за ехо, пап и колпоскопија кај Давчева платив 3500. Ко за прв пат кај неа ми остави мн ок впечаток, комуникативна, љубезна, не ме брзаше , прегледот беше ок, беше детална. Сума сумарум на темава генерално гледано нема доообар гинеколог. Тоа што мене ми е океј, тебе не ти е , и обратно..
Да, како ќе ти се погоди и колку пари можеш да дадеш. Мене најлошо ми се има погодено гин. Мама, а и за повеќето исто важи како што прочитав.
Дојдов само да споделам позитивно искуство со др.Надица Ѓероска, денес свртев сто телефона и на крај само кај нејзе успеав да отидам и одма и пристапна цена да даде. Бев само за брисеви на крај докторката ме виде и на ехо кога и кажав дека имав абортус во 21 недела. Плус битна и позитивна работа ординацијата баш беше чиста и сестрата даваше фискална на секоја пациентка.
И јас како претходната членка дојдов да споделам искуство за др. Надица Ѓероска (ординација Мама). На жалост, јас не поминав добро. Беше внимателна на прегледите, ама при комуникација беше променлива (на моменти ок, а потоа избувнуваше), некоректна, арогантна на прашањата, како да сака брзо да го заврши предгледот. На два прегледа ми се случи истото. Сестрата беше фина, иако како да си надаваа коментари со докторката за пациентите.. Приметувам дека пациентите кои одат долги години кај нејзе имаат изграден ок однос, така што не е правило. Ама сепак сакав да споделам.
Ехееее слично искуство. Повеќето кои што немаат проблеми и лесна бременост им одговара Надица но за останатите не е баш така. Иначе исто искуство, како да сака да ме избрка, не е доволно темелна, брзање, коментирање зад грб (имав проблем, ништо не ми објасни Надица само пиј ова, а сестрата дури и фаца ми направи) Откако тоа ми се случи никогаш не се вратив, и си го средив проблемот кај друг гин.
Ве молам да ми препорачате гинеколог/гинеколошка ординација што не е на приватно по можност во Центар, Гази Баба. Имав спонтан абортус и треба да започнам со испитувања, но ми е потребна докторка со искуство која ќе знае да ме упати.
Јас ич немам среќа си гинеколози, па така ни со Надица. При крај на бременост мк направи грешка во мерење, ми направи стресови непотребни, а грешно мерела. Комуникација немав со неа, не сакаше да објаснува, забораваше да ме упати на прегледи, а ако и се погодил лош ден, се понаша ко робот. Сестрата е ок ама многу чекање на закажано. Сум чекала по 2 саати, а сум имала термин закажан. Секој пат сум чекала. Сега барам друга ама не можам да најдам, никој не прима нови пациенти
Другарка ми ја изнафали Соња, ќерка му е на Тасе Цветановски (стар доктор бил, јас не го знам) во истата ординација работат, кај УЈП. Бев два пати и мене ми се виде океј. Прво муабет што како, на ехо објаснува се, нормален однос, фини сестри.. Ако сакаш пробај таму.
Др. Цветановски, карши Билна, во зградата одма до УЈП, тука има мислам дека Жито маркет. 071210046 ова е бројот за кај Соња, ако планираш да се јавиш.
Девојки мислење за доктор Сарџовски, Систина? Досега немам идено на гинеклог, ова би било прв преглед. Што се треба да испитам?
Само што ми кажа другаркава, кога ќе закажуваш треба да потенцираш кај др. Соња, не бил само нејзин бројот. Ми текна одма да ти пишам да не ти направам јас збрка
Мене ми е матична околу една година, сум била неколку пати и докторката океј се покажала досега.. Мене никогаш не ми наплатила 1000ден како матична а сум правела и брисеви и ехо неколку пати и пап тест...Зашто не ја праша за сумата пари зашто толку ти наплаќаат? Дали го имаш видено ценовникот во чекалната на маса што е оставен?На него ги имаш цените со партиципација и без партиципација како се движат. Мене фискална ми давале, но точно мора секогаш во кеш да платиш неможе со картичка.Еднаш заборавив немав пари а го направив прегледот па сестрата запиша на ливче дека им дужам и го стави во картонот па нареден пат си платив.Стануваше збор за 200 денари. Сестрата малку така погласно збори и ако има и други тука што чекаат може да разберат што проблем имаш-треба да е малку подискретно се согласувам иако мене лично не ми смета. Брисеви кај кој матичен и да си сама си ги носиш секако. Мене докторката ме прати на микробиологија на клиника што е од кај неа 3 мин одење има и одма завршив работа дали 10 мин ме фати чекањето и платив 350ден или мах 400 ден на Микробиологија за сите брисеви.Незнам зашто толку ти наплатиле на ИЈЗ никогаш не сум била таму.. Го кажав само моето искуство.Позз
Здраво, ги разгледував прашањата и препораките за добар гинеколог, и јас сум во потрага исто. Мојот проблем е нередовен период и истиот период го добивам навреме само кога примам апчиња за контрацепција. Овој проблем настана кај мене со нередовен период после мојот итен царски ред со обилно крварење по второто дете. Треба да направам разни хормонални тестови и за истите тие тестови и за мојата ситуација ми е потребен доктор кој навистина има добро искуство за хормони и нередоден менст циклус без нив.. Споделете искуство со мене Секое добро
За било какви проблеми топло го препорачувам Др. Парталоски, многу добар дијагностичар. Јас сум кај него веќе 11 години.