Jac се префрлив кај неа..Ми остави добар впечаток, објаснува што и да ја прашаш, ептен ми е оптимистична некако.. За ехо, преглед, пап ми наплати 500, за земање брисеви 150..Сестрата џабе е таму бидејќи сите административни работи ги брка докторката и затоа се ствара гужва колку што видов јас, не можеш на тел да ги добиеш никако, ама затоа на вибер малце покасно ама враќа и ми ги испраќа сите резултати и консултација за терапија итн. Сега за сега океј ми е
Јас не можам да ја добијам на телефон никако, ќе кора да одам до кај неа. Каде точно во амбулантата е?
Пиши и на вибер, сигурна сум дека ќе ти врати. На 1 спрат каде што е и другиот гинеколог, прашај ќе ти кажат
Здраво, дали некој има информации за др. Милена од ПЗУ Коруновски? Последниот пат кога се јавив ми рекоа дека се преместила од кај Коруновски и не ми дадоа никакви информации.
Денес бев на редовен преглед кај кокоромановска, и ехо, пап на државно, микробиолошки брисеви и курирот што ке ги однесе 1650.00 ден. Многу ми се виде.
Здраво, дали може некој да ми препорача добар гиниколог, приватен кој што му помогнал со долготрајно лечење на кандида. По можност женско затоа што машките гиниколози не ја сфакаат кандидата сериозно. Поздравче
Здраво девојки. Дали некој во скоро време има најдено матичен гинеколог? На 3 места се јавив сите ме ставаат на листа на чекање. Нутриционистот ми рече да си проверам хормони (пошто до сега не сум била никогаш на преглед), па ми треба некој матичен итно. Фала