Јас сум презадоволна од Др.Емил Џидров во Ембра. Веднаш ми се пиша матичен не сум плаќала прво полна цена, а односот пациент - доктор повеќе од одличен. Детално објаснува се, посветува внимание, исто и персоналот е прељубезен. Моја топла препорака.
Preporaka za maticen ginekolog vase iskustvo kaj Dr.Veronika Kokormanovska, Dr.Radica Bojceva ili Dr.Nadica Geroska?
Надица е стручна но паничар, Кокоромановска ми вика за една недела ќе добиеш,добив до вечерта. Исто за забременување кога ја прашав бидејќи имав 2-3м неуспешни обиди ми рече да пијам аспирин?! И фолна и за 6м да одам кај неа. Бојчева си прави муабет со сестрата и прегледува,тотално непосветена со цени од ракав и без фискална. Имав искуство со сите три.
Правев пап тест, и 3 микробилошки бриса, од вагина, од цервикс и еден микоплазма и уреаплазма. Микробрисевите се 350,00, курирот 200,00. Остатокот е за ехо прегледот и пап тестот кој беше испратен во државна гинекологија. Колку го наплаќа незнам, треба да е бесплатен 1 тест во годината, ама кој тоа почитува ?! Скапа е Кокоромановска. Ама и така нема доволно матични гинеколози, па им ср може изгледа.
Мене Бојчева за истово ми наплати 1.800 денари. 250 за курир, 250 за брисевите, 500 ехо, 500 тоалета, искрено до ден денешен не знам на што се однесува оваа ставка, 300 папот на државно исто. Значи од ракав си наплаќаат ама баш заради тоа што нема доволно гинеколози си проголтуваме изгледа.