Бев, многу е брза и ме заврши за 15 минути. Некако како да не ме сослуша доволно. За знаење има, не викам не. Ама ми сметаше што брзо заврши со прегледот.
Ти благодрам, но сепак не сум сигурна во стручноста. Некаде читав негативни коментари за неа, или можеби ја помешав не знам за сигурно
Препорачајте ми добра докторка гинеколог во Систина? Сакам да ми обрати внимание и да ме сослуша, не да заврши што побрзо.
Друштво, да не знаете денес дали работат сестрите од орд.Ложанкоски, конкретно кај докторките? И Др Билјана, која смена е денес.. или понеделник?
Да ве прашам како сте задоволни од д-р. Ана Матоска Дојчиновска, во Промедика. Колку време се чека за преглед и дали работат со фондот, сакам да си најдам добар матичен?
Во потрага сум по нов гинеколог, мојава отиде во пензија. Ми треба за редовни контроли, да нема многу пациенти за да може да ми посвети внимание да решам еден проблем. Се мислам за Снежана Стојковска во Систина, мислење?
Одлична е. Јас идев кај неа додека беше во Ремедика ,таму не сум чекала никогаш повеќе од 10мин. За во Систина не знам како е со гужви. Она како доктор е врв, задоволна сум.
И јас слушав за нејзе многу уште кога беше во Ремедика особено за забременување ама Систина знам дека се ужас со термините, секогаш чекаме минимум 1 саат затоа најмногу и прашав. Нема врска, ќе закажам, па ќе видиме за понатаму. Фала ти
Ако си за на приватно од срце и најтопло ти ја препорачувам Ана Данева Маркова. Она е на ГАК ама работи и во Промедика, за чекање не се чека таму.
Дали работи со ризични бремености, дали се залага за пациентот? Не само ради реда да е, да се труди, и јас се мислам кој да одберам сега.. И многу важно ми е да ми влева позитива, не каде што одев во старт ме преплаши имав ваква пациентка, имав онаква и јас уште толку трауми..