Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. Sara6.

    Sara6. Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2023
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Женски здраво.
    Ме интересира дали некој има искуство за водење на бременост кај Др.Александар Блажевски има ординација во Поликлиника Букурешт. Како сте задоволни?
     
    На Vase89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anoni

    anoni Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, предлог за добар гинеколог дијагностичар? Исто, дали во ремедика работат како матични, и предлог од таму. Ми треба добар доктор за да дијагностицирам како што е последица секундарната аменореја, најверојатно е полицистични јајници, па ако имал некој искуство и со тоа, би била благодарна да сподели.
     
  3. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    Споредба помеѓу Сузана од Гинековита и Надица од Мама? Како докторки, стручност и искуство, посебно при водење на бременост?
     
  4. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Ти треба и ендокринолог тука не само гинеколог. Во ремедика нема матични.
     
  5. Vase89

    Vase89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Zdr mila jas sum kaj dok alekdandar Blazevski ne deka mi e maticen ama e stvarno.mnogu dobar doktor jas nemav 6 godini decinja nema kaj ne otidov site mi vika zatnati kanali tubi samo invitro koga otidov slucajno kaj blazevski mi.gi pogledna site rezultati i ispituvanja vo kanta i me prezema od sam pocetok mi napravi krna slika ispituvanje na hormoni mi ispituvase hormonot za bremenost mi pravese folikulimetrija toat mi merese tocno koga ke mi puknat folkikulite koga mi se tocno plodni denovi i mi rece ovie 3 dena imaj odnosi i ke ostanes i taka ispadna sega imam kerkicka 2 god i 3 meseci jas sum prezadovolna od nego malku e slaknat saka da se sali i zaebava ama najbitno si ja znae rabotata i si ja vrsi kako treba....toa e moeto iskustvo ako nesto poise te interesira pisimi a ako ti treba i brojce od orinacijata ke ti dadam pozz
     
    На sonja_1981 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sandrakit77

    Sandrakit77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Го наплаќа ли прегледот како матичен?
     
  7. Vase89

    Vase89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Da 500 denari
     
  8. Kosara95

    Kosara95 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво Девојки
    Јас сум нова на форумов дали може некој да ми препорача добар гинеколог
     
    На Hihii2344 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hihii2344

    Hihii2344 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mi treba dobar ginekolog (masko/zensko) vo Bitola?
     
  10. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Сочувство и брзо закрепнување. Јас по вонматерична бременост имав обиди за забременување и испитувања 3 години по што на ХСГ испадна дека имам субсептум на матка и хидросалпинг на лев јајцевод (најверојатно како резултат на вонмтеричната бременост).

    Со снимка бев кај Др. Димитров кој ми предложи хистеро лапараскопија и потоа ми кажа дека по два циклуси може да се обидуваме за бебе иако само десниот јајцевод ми е функционален. Негова препорака беше една година максимум поради мојата возраст ако не бива после на им витро. По операцијата од првиот обид останав природно бремена (сега сум 7 месец, се надевам дека ќе имам успешна бременост до крај со бебче во рака ). Така да моја препорака е почнете со сите испитувања: спермограм, хормони, брисеви, ХСГ …
     
    На Antebellum и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  11. sinoli4kaaaaa

    sinoli4kaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    48
    Zdravo. Kako ste zadovolni/iskustvo od dr. Slavjanka od Sante Plus? Blagodaram
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Кажете добар гинеколог во околината на Хром?
     
  13. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки јас сум нова на форумов но по долго време ве пратам и читам дека сте задоволни од Оливера Арнаудова сакав некој да сподели искуство кај неа , како е со цени , како води бременост и слично , се обидуваме за бебенце па сакав да си имам некоја докторка матична Гинеколог . Ако сте и од некоја друга задоволни ве молам да споделите , само ми е битно да е женско .
     
  14. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Јас водам бременост кај Оливера.
    Вагинално ехо - 500 ден
    Прв скрининг - 3000 ден
    Микробиолошки испитувања - 300 денари за земање и носење на клиника
    Пап - 1500 ден го носат во приватна лабараторија
    Тоа сега за сега имам правено. Инаку за сега е ок, немам поплаки.
     
  15. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Dali prima seuste da mi bide maticen ginekolog?
     
  16. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    I dali ke moze da mi dades broj tuka ili vo privatno bidejki na brojot na stranata zafateno e? Ti blagodaram i lesna bremenost da imas i jas denes doznav deka sum bremena❤️
     
    На Madi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мислам дека прима пациенти за матична, баш последниот пат начекав отварање на картон на нов пациент.

    Јас вртам на бројот од златна книга Деметра, друг немам.
    Обиди се пак ѕвони им, најверојатно ќе ти речат прво да отидеш да отвориш картон па потоа ќе ти закаже термин.

    Честитки, ти посакувам лесна бременост и на тебе ❤️
     
  18. angel007

    angel007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Здраво девојки,
    Дали некој има искуство со ферти клиник и дали сте задоволни
     
  19. tanjce84

    tanjce84 Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Да го споделам моето искуство со Др.Ѓорѓи Стамболиев кое секако како повеќето членки што ги прочитав не е баш пријатно.
    Лечевме "инфертилитет" неколку месеци. Ги направивме скоро сите можни испитувања за тромбофилија, инсулин гроут, хормони, дијабет ... се само не микробиолошки тестови. Нејсе. По две неуспешни стимулации со кломифен и утрогестан заминавме без никаква терапија за плодност со маж ми на бања. Се вративме теојца :) бебушот се зачнал без никакви хормонски терапии! Кога му се јавив да ги известам не му беше сеедно и ми рече само со среќа! Толку е полн со себе и горделив. Ме гледаше вагинално секоја недела. Од 4та недела до 7ма. Терапија Омега3, андол75мг, магнезиум, б12, детрикал, утрогестан 200мг трипати дневно од кои имав ужасни грчеви во стомакот за кои тој тврдеше дека е стомачен вирус иако имав мака да се испразнам а стомакот ми потекуваше, а цело време повраќав!
    При испитување на дд-мерите 293 и без патологија никаква на крвта ми препиша клексани 0,4 иако по консултација во ГАК , и мојата општа матична лекарка а без консултација со трансфузиолог инсистираше да примам клексани! Кога му кажав дека на ГАК не ми даваат извештај за клексани зошто сметаат дека нема потреба се налути , велејки дека тој ме лечел а јас ќе сум била сама одговорна ако нешто се случи! Не сакаше да ме прегледа и сослуша што ми се случи , иако го известив дека мајка ми почина тој викенд и дека иако бев бремена 7ма недела ја погребавме и бев под стрес. Немаше ни тронка сожалување, не ми изрази ни сочуство , ништо!
    Веднаш си заминав со куп прашалници и нервоза од кај него. Си се вратив кај стариот матичен доктор после една недела, и видовме дека иако бебушот имаше срцева реакција во 6та недела, сега веќе скоро во 8ма срценцето престанало да чука.
    Бездушен! Без тронка апатија кон пациентките! Да надоврзам , иако одев почесто додека бев бремена, обожаваше да ми кажува колку карциноми и спонтани абортуси видел во текот на денот пред мене кај пациентките! Сестрата посебна приказна! Секогаш мрзоволна, секогаш со циничен израз на лицето за било каква реакција! Да не посакаш да појдеш таму!
    Простете за долгиот пост. Сеуште ми се свежи случувањата со дотичниот доктор.
     
  20. Alcon

    Alcon Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    За докторот не знам, очигледно секој има различни барања, јас сум многу задоволна, човекот ми дијагностицираше септум на прв преглед, ми кажа тироидеа да испитам и направивме план што како, сега сум на пола бременост. Го имам приметено дека кога ќе каже нешто не објаснува многу детално, но не прави безвезе анализи (непотребни) и е опуштен што мене ми одговара.

    Сестрата што работи таму ми има завршено многу работа: редовно комисии на термин фаќање, скрининг на клиника, информации за помош и слично.