Женски има ли некој искуство со Д-р Жаклина (карши ДИФ и МВР) и Д-р Вероника Кокороманова. Тие две ми се најблиску во моментов, а ми треба некој што ќе се посвети стварно и ќе биде детален во прегледот.
Предложете добар гинеколог, било каде низ Скопје. За матичен, за обични прегледи, брисеви, ПАП Тест и сл. Не ми препорачувајте Самопрозвани Богови кои ништо не објаснуваат туку само нафрлаат и не дозволуваат да прашаш, избегнете ги и тие кои не препишуваат рецепти на товар на фондот, исто и овие што не даваат боледувања.
Здраво, може ли некој да сподели искуство со ординација Коруноски? Сакам да одам кај Пале Коруноска, обичен преглед сакам да направам и да ми биде матична. Фала ви однапред, секоја информација ми користи
Јас бев кај нејзе, на почеток беше океј, после тоа катастрофа. Многумина ми викаа немој кај неа, на послушав, се разочарав. Најпријателски, немој. Башка шо не се почитува никаков ред таму за термини и ќе дремеш ко на клиника… и послефниот преглед кај неа сфатив и дека не е нешто стручна
Дали може да ми предложи некоја членка што оди во промедика, добар гинеколог од којшто е задоволна и ако знае како се со цени?
Јас денес ја сменив Кокоромановска, ми ја водеше брменоста и ми го наплаќаше секое ехо, брис, пап редовен и ми дојде преку глава. Кај бара пари па уште сам разнесуваш материјал. Чашата ја прели кога сестрата одби да ми издаде упат за на ГАК бидејќи имам проблем кој докторката не успеа да го реши и сакав да одам на ГАК за подетални испитувања. Од кога и кажав на сестрата зошто ми треба упат и дека воедно ми е смачено да плаќам за услуги кои се под фонд ми рече па фати си врски за ГАК. Инаку еднаш намерно и реков на сестрата немам кеш пари само картичка и бидејќи виде дека имам евра во новчаник ми рече нема проблем може и со евра и пак ми наплати, а јас смотана и дадов.... Денес закажав во Промедика и таму ќе се префрлам барем нема да шетам со материјалот од ПАП сама да го носам.
Колку е преглед кај Дракулевски во Систина и дали има 4D ехо? Гледам дека доста го фалат како добар дијагностичар сакам да ме види, матичнава еднаш ми рече гледам мала преграда на матката на следниот преглед ми рече не се гледа ништо па сакам уште едно мислење да слушнам, ако стварно имам да го отстранам тоа пред да планирам бременост.
И јас сум кај Кокоромановска ама и јас ќе ја менувам. За се наплаќа и се приватно ме тера да одам и приватни апчиња препишува. А и не е нешто стручна, на секое морам да ја потсеќам што бил проблемот иако демек запишува. Дури и ми наметна да одам за некаков подетален преглед кај некој си у систина и тоа коштало 150 евра?? Ненормална работа, и јас незнам кај се залетав кај неа.
Здраво ме интересира за др. Билјана од Ложанковски ако може некој да сподели искуство колку е стручна, поконктерно за испитувања кои ги прави и како го тера процесот после неколку неупешни обиди за бебе? Исто читав поплаки од некои членки од сестрите во ординацијата, нивниот односот и не секогаш кревале на телефон.
♀️ многу сум задоволна. Ме ислушала, ме советувала, ме дмирувала кога требало. Секогаш достапна и многу фина и љубезна. Мое лично искуство е позитивно
Здраво дали ќе може да предложите добар и посветен гиниколог, не ми е само за рутински прегледи во околината на Аеродром и дали имате искуство со д-р Оливера Арнаудова Деметра?