Гинеколог не може да дава упат за скриен шеќер, порано можеа ама веќе не. Општ матичен може да ти даде упат.
Гинеколог не може да дава упат за скриен шеќер, порано можеа ама веќе не. Општ матичен може да ти даде упат.
Лошото искуство кај Бојчева, што верувам дека е така, не е репер дека матичнити гинеколози не за ништо. Многу матични гинеколози има кои и те како се посветени на пациентите.
Има да, не велам не, затоа и ја сменив Бојчева. @Mandela си ја префрлаат топката и едните и другите, општиот матичен ми кажа гинеколог може. Ни општ матичен не може, мора прво упат за на интернист. За гликемија и инсулин општиот матичен ми даде упат за на интернист, па интернистот ми даде упат за на Клиничка биохемија.
Втор пат го поставувам прашањето, итно ми е! Ако не во К. Вода бар Центар нека е, но баш во Центар до триумфална да е а притоа добар да е гинекологот. Има ли таков?
Баш до триумфална во гтц незнам дали има. Подоле према Јоси Броз ти се Ложанловски. Еве топла препорака од мене за кај нив. А има и други околу нив.
Здраво на сите! Дали некој има искуство со гинеколог во Поликлиника Букурешт? Или алтернативно, ако може препорака за добар гинеколог (на државно) во Скопје. Не ми е важно дали е маж или жена, важно ми е да има добар и професионален однос. Ви благодарам!
Ако знар некој да објасни каде се наоѓа Ферти клиник, како се стигнува со автобус до таму од центар? И ако има некој искуство со др.александра златеска, колку чини пап тест и ехо ако ви е матична докторката?
Не си сама и јас имав таков впечаток дури како ме бркаат ме личеше Барај си на друго место подобро, јас за итна ситуација еднаш бев на преглед таму, оставив туце пари и бувкално немаше ни 3 мин преглед, ни прашања ни ништо, дури и гб ми сврте за да си заминам. Чим ти имаш такво впечаток верувај си на себе и барај одговори на дурги места
Сакам да направам ПАП и преглед. Никогаш не успеав да го добијам бесплатно иако имав матичен. Сакам да го сменам. Прашањето ми е колку време треба да помине откако ќе го изберам новиот за да можам да добијам бесплатен ПАП? И дали знаете гинеколог во реон Кисела Вода што ги почитува правилата за наплаќање? Благодарам однапред за одговорот
Здраво! Дали некој бил во скоро време кај др Марија Коцева од ординација Ложанковски да сподели какви се цените. Матична ми е , ама конфузно ми е наплаќањето секогаш... Преглед и пап ( сега веќе на 3 год) колку треба да чини? Фала ви.