Немам лично искуство со водење бременост, за други состојби супер, фина, достапна, нова убава ординација. Далеку ми е, инаку би останала кај нејзе, задоволна сум.
Здравоо, дали имате предлог за добар гинеколог по можност во Аеродром или Центар и какво искуство имате со истиот? <3
Пзу. Ложанковски - др.Билјана. Презадоволна сум. Една смена е она, друга е др.Марија, ако имаш потреба или што и да е, ќе те прими било која.
Одлично, ти благодарам! Дали ќе можеш да ми дадеш контакт телефон или Instagram/Facebook па да ги исконтактирам? Благодарам уште еднаш. <3
Дали ако ми е матична Снежана Миленкова од Коруновски, можам да закажам преглед кај некој друг во матичната ординација во МВР? Никако не можам да начекам термин кај неа, страшно нешто...сеа демек онлајн се закажува ама еве вторник е и нема термини ни за наредна недела, ниту еден единствен.
Пиши на фб Др. Ложанковски. Имаш опција онлајн да закажеш, ама прво јави се да те внесат во систем ако сакаш да ти бидат матични.
Втората од двете причини зошто си заминав од кај нив е таа. Термин ни за итно нема, минимум 10 дена чекаш. А и кога ќе отидеш на термин чекаш минимум 40/50 мин, иско на време си дојден и закажан.
Жената си е океј вака ама не сум задоволна од неа. Ми ја водеше бременоста, матична ми е и ми наплаќаше 500 ден за преглед, 1500 денари за скрининг, значи нема кога не сум пошла кај неа без да ми наплати. Исто така не ми даваше сметка и тоа сестрата само кеш ми бараше, парите у новчаник или у фиока. Кога ја прашав зошто ми наплаќа прегледи, бесплатно е бидејќи ми е матична, добив одговор дека не е така, преглед наплаќале 1000 ама пошто ми била матична тогаш е 500. Смешки невидени. Цела бременост притисок ниеднаш не ми измери, килажа не ми мереше, за да дознаам сама дека имам покачен крвен притисок, и уште беше изненадена кога и кажав, и пак не ми измери притисок. секој преглед беше онака колку да се рече, една сликичка не добив од бебето од кај неа пошто никогаш неможеше убаво да го сликне. А во државна еднаш појдов и си добив перфектна слика. Она цело време се вадеше дека рацете ги чувало на лице, што нема благе везе туку не и чини апаратурата што ја користи или толку разбира. Не ми кажуваше ништо детално само одоколу безвезе. Ова памет за нареден пат, нема више да стапнам таму.
Женски кои се цените на испитувања во гинековита? Дали ако ја пишам матична ќе бидат преку фонд уште првиот пат?
Јас сум кај Кристина Парталовска од ординација Кристела, и супер докторка е, ја најдов тука на форумов и според пофалните зборови решив да ми биде матична. Еве 3 или 4 години одам кај неа, неможам да се пожалам, веќе цела бременост ја истерав супер само единствен проблем поради кој сакам да ја сменам е проблем со паркинг во Центар. Плус тоа што ми е подалеку и одам специјално натаму кога морам. Доколку знае некој добар гинеколог во околина на Автокоманда, Железара, Ченто, Маџари би било супер да ми препорачате
Ако ептен ти е погодена, еве и јас идам во нејзина близина, во друг ред на зградите, се паркирам кај Беко или најсигурна варијанта ми е во Рамстор и идам малце пешки. Ова не е одговор што бараше, ама еве како помош ако ептен ти се погодила.
Па и јас така правам, подалеку па пешки натаму наваму ама ми се смачи веке искрено. Ако добијам некоја препорака би пробала кај некој друг плус поблиску ќе ми биде. Ако не, супер е жената ќе си останам така да се снаоѓам
Доктор Пале Коруноска катастрофа. Пребрза, не посветува внимание, термини знае да нема и по цела недела. Башка за преглед со ехо само и консултација до 500 денари дури и на државно со картон. Така да ако на времето биле ок како ординација сега веќе не се.
Здраво девојки, бидејки сум ново дојдена во Скопје, дали може да ми препорачате добар и искусен гинеколог за матичен лекар од кој сте задоволни во пределот на Карпош. Се извинувам што малку улетав во разговорот.
Девојки, ќе може ли инфо колку се плаќа преглед, ехо и пап, доколку се матични? И дали брисевите тие ги носат или?
Брисеви си носам сама. Ехо во бременост 500 ден ми е. А друго не сум правела, брзо останав трудна откако почнав кај нив и незнам точно.
Zdravo Bi sakala da mi preporacate dobar ginekolog vo Skopje konkretno za problem so miom na matka Vi blagodaram