Имаше и фиксен телефон, не можам да го најдам, врти упорно или ако ти е во близина оди директно ако сакаш да ти бидат матични да те внесат во систем. Потоа си закажуваш преглед кај што пишува закажи преглед ќе кликнеш и одоздола пишува за што сакаш да закажеш. Јас така закажав за пап.
Сакам да закажам преглед кај Ложанковски. Се мислам дали кај др. Биљана или др. Марија па да ми кажете од која сте повеќе задоволни? И колку чини преглед ако ми е матична т.е сакам да јавам да ме запишат да ми е матична па по некој ден закажам преглед
Кај Радица Бојчева многу се чека, секој пат сум чекала по еден саат.. што баш ми смета. Она ко докторка ми е океј, сестрата исто, ама што многу се чека ужас
Ќе може ли да споделите искуство од Јован Ефремовски во Ремедика? Сакам да правам ехо, ПАП и да ми земе брисеви и конечно да добијам вистинска дијагноза. Исто ме интересира отприлика за колку време се добиваат резултатите од ПАП-от и брисевите и дали ги испраќаат на мејл, и дали потоа контролниот преглед се наплаќа?
Супер е и многи е стручен докторот. Нрзнам како е со цени, од кога се породив со вториот син не сум го видела.
Дали некоја има искуство со Примолут Нор/Дабростан за регулирање на циклус? Последниот ми беше пред скоро 6 месеци. Гинекологот ми кажа дека сум овулирала пред 2 недели, но сеуште немам добиено па рече да земам примолут нор. Друг гинеколог ми предложи циклопрогинова, но не сакав да земам хормони.
Јас сум кај Биљана, многу сум задоволна За пап и ехо летоска платив 2.500. Радица ок е, ама сестрата Билјана е многу дрска, тоа е моето искуство со нив, затоа ги сменив. Ми здосади да ја молам Билјана за упат и да ми превртува очи. И другарка една е кај нив, сака да ги смени поради Билјана. А да и за чекањето ми беше ужас. Никогаш не сум влегла точно на закажан термин, сум чекала по пола саат-саат.
2500 ден кај матична? Нели е многу? Кај матична плаќам 510 ден пап и ехо. Кај приватен од 4000 ден нагоре.
Е многу е. Не знам што да кажам навистина, и кај Радица плаќав многу. Демек соработуваат со Фондот, а наплаќаат приватно. Во Систина негде е околу 4.300 (не знам што опфаќа во таа цена). Пап, ехо вагинално и ехо на гради платив 4.000 ден. Ехо на гради секако приватно прават и 1.500 е. Затоа пред да сменам прашав тука дали Ложанковски соработуваат со Фондот. Кога ми кажа 4.000 ден, шок ме фати.
Мене кај Ложанковски исто кај Биљана 3500 ми наплатија за пап, ехо и микробиолошки брисеви, ама на приватно.
Па значи и мене приватно ми наплатиле, а Биљана ми е матична. За пап, ехо вагинално и ехо на гради 4.000 ден. 1.500 е ехо на гради, значи 2.500 за пап и вагинално ехо. Брисеви ми кажа понатаму, дека ќе сум одела на море, ќе сум се бањала, па затоа не ми направи тогаш. Кај Радица кога бев ехо и пап 3.500, ама уште не ми беше матична и приватно ми наплатија. Брисеви 1.250, тие ги однесоа. Ме прашаа дали јас ќе ги носам или тие да ми ги однесат, 250 ден. плус за тоа.