Здраво, дали имате искуство со матични гинеколози од Fertty Clinic? Како е со цените за ПАП тестови и брисеви?
Пап и ехо 700 или 800 ден. Мене ми е матична Златеска, имам впечаток дека не е доволно искусна, иако овде има и доста задоволни од неа. Секаде читам само пофалби и за другата докторка. За условите немам зборови, се е на највисоко ниво.
Како закажувате кај Ложанковски? Од дамна немам барано, ама сега 2 дена од сабајле до вечер никако да кренат. Ѕвонам до исклучување. Матична ми е Марија, да не знае некоја можеби пап колку е? Сега нели на 3 год е бесплатно, ама јас ми се чини пред година ипол правев па претпоставувам сега си оди на приватно
Како сте задоволни од др. Дејан Огненовиќ? Детално ли прегледува, колку време отприлика трае прегледот?
Прегледот трае околу половина час. Убав и детален преглед. Пап, вагинално ехо и ехо на гради. Јас бев тој пакет. Убав пристап од негова страна, лабав.
Искуства со др. Филип Матевски од поликлиника Јане Сандански? Многу ми е важно доколку има некој да сподели, бидејќи и е матичен гинеколог на мајка ми. Во изминатиов период мајка ми прави секакви гинеколошки прегледи и испитувања, се утврди дека има цисти исполнети со густа течност во двата јајници па на клиника др. Боривоје Павловски ја советувал да се оперира т.е. да се одстранат и матка и јајници, а др. Филип и рекол дека нема потреба дека не биле страшни цистите, да направи тумор маркери па после тоа да се види што како... Различни доктори различни мислења, а сакаме најдобар исход од целата ситуација па затоа прашувам за искуство. Благодарам однапред.
Др. Боривоје ми виде полип и сакаше да ме оперира без да даде шанса да види дали може да се исфрли природно. Што многу често се случува со полип, знае да се исфрлат со менструација. Готов беше закажувај термин ајде, викам зашто нели може сам да се ифрли, нешто да пијам. И таков не не не може, мора операција. Викам не сакам, ќе си одам на второ мислење, и добро што така постапив, стварно го исфрлив преку менструација и веќе на следниот немав ништо. А он ќе ме оперираше. Така да нека ди оди на неколку мислења, кај нас не се остава на едно две, и трето нека иде.
Јас закажав на веб страната, инаку и јас ѕвонев, не креваат. Летоска за пап и вагинално ехо платив 2.500, матична ми е Биљана.
Некако скапичко ко за матични бре. Јас за 2500 плус и ехо на гради направив Фала ти сепак. Никако да ја сватам улогата на матичен освен што покрај тоа што зима партиципација од пациент си плаќаш како приватно. Ни во бременоста немав некои повластувања
И мене некако ми дојде скапичко, прв пат бев таму, ја сменив претходната матична. Кога се јавив за да прашам да ми бидат матични, ми кажаа да кажам податоци да ме внесат во систем за кога ќе одам на преглед да не ми наплатат приватно. Ама изгледа како приватно да ми наплатиле, не знам. Со ехо на гради 4.000 ден. платив, ама тоа и така приватно го наплаќаат. И не креваат, требаше да ги земам резултатите (не бев во мк и не ми ги пратиле на маил), вртев, не ми кренаа и отидов таму. Ај за закажување преку веб страната, ама ете може ми требаат за нешто да ги прашам.
Изгледа како за прв пат приватно ми наплатиле. А баш прашав уште пред да одам дали ми се матични, ми кажаа да.
Требало да отидеш директно кај нив за да те пишат како матичен. Докторот Ложанковски работи приватно. Другите знам дека работат со Фондот.
Може почнале да наплаќаат приватно Јас прво одев кај Ложанковски, па се префрлив кај Лолита. Една од сестрите ми кажа дека докторот наплаќал приватно. Лолита отвори своја ординација во Ѓорче и пак одам кај неа. А и блиску ми е.