Сменив гинеколог во Декември, сега имам ли право повторно да го сменам или мора да чекам една година ?
Ова го пишува на сајтот на фонд за здравство: Промена на избраниот лекар, осигуреното лице може да врши најмногу до два пати во текот на една календарска година. Според ова испаѓа дека може.
Ве замолувам кажете ми дали само приватно работи докторот Дејан и која е цената за пап, вагинално ехо...исто така ме интересира за брисеви дали они ги носат брисевите на анализа
Може да се избере и за матичен. Пап-от тие си го носат, микробиолошките ти ги носиш на клиника или во Пролече. Првиот пристап му е малтене совршен, но подоцна е многу поразличен, барем по мое искуство.
Како мислиш подоцна е поразличен во која смисла? Не сте задоволни ? Прашувам бидејки не сум била кај докторов
Кога отидов за микробиолошките зачудено ме гледаше и ме праша што барам таму. Некако немаат никаква организација со сестрите и само со нив комуницираш, докторот не можеш да го добиеш. За резултатите и за терапија сестрите ми се јавуваа. А мене комуникацијата со докторот ми е битна бидејќи не сум од Скопје и не можам да отидам во било кој момент.
Ти пишале веќе тие со поголемо искуство Јас бев само еднаш за пап и ехо. Мене не ми е матичен и тоа на приватно си одеше како пакет 2500 ден Инаку за резултати не се јавуваат сестрите туку сопругата негова и ти кажува што и како. Дали е и она медицинско лице не би знаела да кажам
Да Првиот пат кога го избрав за матичен пакетот го платив 2000, наместо 2500 За микробиолошките платив само на клиника 550 денари, кај него не.
Како е процедурата за менување на гинеколог. Треба ли да одите кај сегашниот гинеколог или директно кај новиот што ќе го одберете и системски менува?
Јас разбрав на 10.2 се враќа и од Промедика само таа работела со Фондот. Ако има и некоја друга од Промедика да работи со Фондот, замолувам некоја од членките да пише