Здраво, Сакам да ве прашам дали во Св. Алексеј можеш да имаш матичен гинеколог? Би сакала да најдам матичен гинеколог пред бременост. Мојот матичен не е во Скопје, што е комплицирано за прегледи.
Здраво, Сакам да го сменам моменталниот матичен гинеколог со нов па би ве замолила доколку знаете некој добар гинеколог во Скопје (пожелно во околина на Центар, Кисела вода, Аеродром..) каде што што брисевите ги носат сами на испитување (немам време секогаш јас да ги носам). Фала однапред
Јас досега не сум сретнала некаде они да носта брисеви, сегде сама носиш. Освен пап. Јас пред две години се преселив кај патралоска и сум многу задоволна
Здраво , Би сакала да ве прашам искуство да сподели некој со др.Ирена Гошева и како се движат цените за преглед како матичен. Благодарам
Д-р Жаклина Чочоровска Новакова (они ги носат брисевите, пап), се наоѓа карши главен влез на МВР, веднаш позади психијатрија на клинички центар.
Врвен гинеколог, цените ги има мислам на сајтот на Биотек. Јас нешто симболично платив , како партиципација за испитувањата
Потврдувам, не знам што му се случува ама ептен има промена, а пак сестрите.. побрзо до Обама ќе стигнам телефонски него до нив. Баш штета, 10 години ми е матичен ама изгледа ќе го сменам.
Мене од пред 5 и тогаш ми водеше бременост и сега ама тогаш пример се што ќе видеше објаснуваше ,зошто е така и сл. Сеа само добри сте и тежина што мерел. Гледав и пациентки со друг проблем така лабав ништо не ви е и сл. Како смачена да му е работата,со сила да седи.
Исто, првата бременост немам збор дури немав ни причина за второ мислење ептен беше детален, оваа едвај 2 пати ме има видено на ехо, а и после 3 спонтани ми викаше нема потреба од испитувања мајка природа.. Ептен има знаење и добар дијагностичар е ама во последно време баш се однесува како да му е смачена работата.
Здраво, ми треба гинеколог кој ќе ми биде матичен и ќе ми води бременост понатака. Реон кисела вода, центар. ( Само немојте коруноски да ми ги препорачувате бидејќи не сум задоволна од нив).
Може ама јас не сум задоволна од "Св. Алексеј" воопшто, а знам дека не сум единствена, докторот прегледува набрзина и ноншалантно некако, а сестрата е дрска и безобразна. Моја препорака д-р Филип Исјановски, Ултрамедика на Илинденска или пак д-р Лолита Грковска.