Zdravo, razmisluva izbor na maticen ginekolog pomegju ferty clinic i sveti aleksej. Dali imate iskustva?
Eve prethodno napisav...Здраво, сакам да го искажам моето огромно незадоволство од Ферти клиник. Дали според вас е нормално да земаат 100 денари од брис што ви го земале..... 4 микробилошки брисеви, 400 денари и тоа после секако сама си ги носам. Еднаш ги замолив да ме боцнат со клексан бидејќи ми беше прв пат и страв и ми побараа 100 денари дека ме боцнале....Дали е тоа нормално? И секој пат секое ехо 600 денари....цтг со првото дете и тоа ми го наплатија.
Дали некоја може да сподели искуство за гинеколошки преглед во Плодност. Пап, ехо , колпоскопија , знам дека за водење бременост се супер ама вака за обични прегледи и дијагноза дали некој има искуство?
Дали смеам да одбијам да платам ехо и брисеви кај матичен гинеколог во бременост? Ми наплаќаа нон стоп во прв и втор триместар, а услугите биле бесплатни според Фондот?
Јас сега одам на приватно во Ремедика, но да се врати времето и да одам како во првата бременост кај матичната и да ми наплаќа никогаш не би и дала. НИКОГАШ. Барај фискална а ако не ти дадат кажи и јас не ви плаќам. Биди храбра за тие одвратни луѓе што ни ги зимаат парите.
Јас од пред два месеци одам кај Ана, исто се мислев дали она или Дубравка ама решив кај Ана. Рано е да кажам, досега два пати бев на преглед (во бременост) ама океј ми делува, задоволна сум, детално ме гледа на ехо, ми дава на секој преглед упути за пред наредниот да отидам да имам спремни резултати. Малку ми смета што не е достапна на мобилен туку само на мејл, односно ако сакаш да ја добиеш треба преку сестрите да звониш таму, ама така си фунционира.
Да, за матична би ја одбрала зошто јас моментално одам кај Коруноски кај Снежана меѓутоа сакам да ја сменам па се мислев помеѓу Ана и Дубравка. За двете имам слушнато добри коментари.
А како се пријавува таму? Бидејќи јас се имам јавено и таа од таму ми се испонаша дека не можам да пријавувам без доказ. Ми вика донеси фискална сметка...Па како кога не даваат малку е смешно и бесцелно што ми кажа дека не постои начин да пријавам..
Изминатиов месец 25 гинеколошки ординации се казнети од фондот за наплаќање. Фино лепо си ги платија казните и пак си продолжија по старо.
Ако де, нека ги казнуваат. Сега пак истиве ако продолжуваат, пак да се најдат жени што ќе пријават. Јас лично никогаш не сум платила нешто што ме следува бесплатно, ама да сум затекнала таква ситуација и те како ќе пријавев.
Лелее мене ми е срам да се расправам, а треба. Се имам преплатено од услуги, долги години со инвитро се занимавав па отиде пола стан по гинеколози за жал.
Не да се расправаш, ти наплаќа ли - одма на лице место пријава. Жално е да се наплаќа нешто што следува самото по себе, а и башка да наплаќаат на грбот на понежниот пол(?). Срамно е, долно е. Горе-долу и секоја ординација веќе има и камери, така да се гледа и оттаму до кого е.
Наместо да се караш, пријави ги. Ова веќе стигна до таму да почнеме да си одбележуваме парите и да им викаме инспекција. Навистина претераа со цените.
Здраво барам нова матична, се мислам помеѓу Ирена Гошева и Ана Матоска, доколку некоја има искуство па да сподели