Само да споделам искуство од др. Ана Матоска во Промедика, докторката според мене е супер, позитивна, смирена ептен така ми даваше чувство на сигурност и си објаснував некој проблем па и си направивме муабет. Не можам целосно да ја препорачам од еднаш ама ќе напишам кога ќе имам повеќе искуство, сега за сега ми одговара.
И јас би сакала да споделам искуство во врска со д-р Таше од Плодност. На нивната фб страна на видеата како зборе... мислиш подобар доктор од него нема. Но, пред некој ден бев и ептен лошо поминав. Веднаш зема брис не ни прашува дали сакаш или не. Добро ајде да беше само тоа... Ме гледа на ехо и почна на сестрата да и кажува на латински таму јас појма немам што значи тоа. Ми вели појди во лаб за крв да ти земат и си излези човекот. Ни да каже матката ваква таква, каналите вакви такви, тотално ништооо. Не склопи една реченица со мене. Кога ги земав резултатите, тој веќе си заминал. Оде сестрата кај друг д-р тој вика не знам звони на Таше. И така преку телефон тој и кажа на сестрата да ми препише витамин Д, бил низок и толку. А таму лупнав 15.200ден. Тотално за ништо, 2 збора бар да слушнев од него... Дно дна. Многу повеќе искрено очекував од таа болница. Ама испадна дека е само перална за пари .....
Здраво Дали има некој инфо колку е рутински преглед ПАП и ехо кај Марија Коцева во Ложанковски? Закажав онлајн ама цена не видов никаде. На тел секако не ги добиваш
Нееее Толку многу?!?! А кај докторот или кај докторкиве? Дека они демек работат со фонд, а докторот исклучиво приватно
Прави муабет дури и одвишка, еднаш се јавив за резултати и пола саат правеше некој безврска муабети, а решение на проблемот нема. Си викам човеков има ли пациентки или само јас сум кај него. И секогаш тој ми креваше на телефон во ординација а не сестрата. Кратко бев кај него, не сум задоволна ни од стручност, ниту однос, а за мајка му што дреме таму цело и е жена без осет има доста пишувано на форумот. Единствена работа што ми оставила добар впечаток е што е достапен, одговара и на вибер во секое време.
Јас можам да ти ја препорачам Снежана. Со докторката поминав две бремености, иако при втората имав ризик да ја загубам бидејќи прокрварив два пати. Благодарение на нејзиното следење и терапија, сè помина одлично.
Јас знам дека мајка му е во пензија и се грижи за ембрионите и е многу паметна. Шознам мене ми е топ, баш на другарка преку јајници и откри дека има тероидна, а кај не отиде никаде не и најдоа ништо.
@V.N. Мене оваа година не ме следуваше пап тест под фондот, бидејќи лани ми бил. Платив 1700. Матична ми е.
Вчера бев и тотално се збунив. Пап сум правела март 23 И нели после 6м од пораѓај треба пак, ако 6м после пораѓај треба тогаш зошто се наплаќа ? Вика ако не сакаш да плаќаш ела во март пак ќе ти земам брис И после зошто сме се бунеле ,па како да не се буниме
Dali nekoj ima iskustvo so doktorkite od fertty clinic vo Taftalidze, za vodenje na bremenost i koja bi mi ja preporacale?
Здраво дали некој е матичен во кристела или кај доктор жаклина сакам да се запишам матична па да сподели искуство
Јас одев во кристела, докторката е прекрасна. Посветува внимание, објаснува, толерантна е.. сепак се префрлив на друго место затоа што по 3 недели чекав за термин
Јас сум во кристела, Кристина е супер докторка и јас сум презадоволна од нејзината стручност и вниманието. Не и било тешко ниту да ми објасни нешто три пати ниту да ме сослуша. Но и јас сакам да ја сменам ради тоа што имаат премн пациенти и се чека мн за термин