Мислење за др. Ирена Гошева (Биотек) за проблеми со неплодност. И дали може да биде матична или само на приватно работи?
Дали оние промоциите во Промедика важат само за тие што имаат приватно здравствено осигурување, или нема врска тоа? Ми фати око понудата што им е со гинеколошки преглед (ехо и пап), ехо на гради и консултација со интернист (2990 ден.). А и генерално многу вакви понуди имаат, па си реков да не им важи само за со приватно здравствено.
Не, нема врска. Сум била и така кај нив, а и дечко ми баш таква промоција имаше фатено за дерматолог, им важи за сите, безразлика дали имаш приватно здравствено или не. Си закажуваш само и плаќаш по промотивна цена.
Женски здраво, Сакам да ве прашам дали некоја од вас имала искуство со др. Костадинка Ѓуровска што работи со др. Вероника Кокоромановска и дали сте задоволни?
Лелее катастрофа... А која е мајка му? Женава на шалтер што е или некоја друга? Јас го фалев порано, океј ми беше се додека не почна да ми препишува се и сешто, а ништо не објаснува. Аа и последно пред да го сменам, имав една ситуација. Се повредив при депилација на интима и му пишав за да ми каже што да ставам, бидејќи тогаш не можев да отидам на преглед. Човекот ми побара слики да му пратам, ако не ми било незгодно.
Не ми е јасно, може на ГАК да се има матичен гинеколог и може ли некој гинеколог да ја води цела бременост на ГАК? Фала на одговор
Не, матичен не можеш на ГАК да имаш. Бременост може да ти ја води само за скрининзите и после за ЦТГ. Пред тоа прегледите се кај матичен доктор
Не, таа што е на шалтер е вработена, а мајка му секогаш седи на фотелјата со нозете во вис и само дава НЕПОТРЕБНИ КОМЕНТАРИ Иначе и јас да се надоврзам на негативното искуство со нив затоа што ми се налутија што сум одела и на второ мислење, па ме искараа во смисла ова да ти е прв и последен пат да одиш на друго место за консултации и скринизи кога ние сме за тоа, башка ние сме ти матични. Мислам, какво е тоа однесување, јас за матичен го одбрав самиот Доктор, а неговата мајка која се меша во се. Жената може има знаење, ама истото треба да го каже кога ќе се праша, а не вака.
Мене ми е матичен гинеколог и бременоста ја водам кај неа. Бев во потрага по нов матичен и по доста прочитани позитивни мислења наназад во темата се одлучив да одам кај неа. Имам поделено мислење, од една страна докторката е многу фина и доколку имаш прашање се труди да ти објасни. Комуникација со неа лично немам на телефон, ама за се што ми требало до сега сме комуницирале преку вработената на шалтер, она е ептен срцка и секогаш ми излегувале во пресрет за се. Но, не ми се допаѓа тоа што знае да биде доста неорганизирана и неодговорна, во смисла дека секогаш кога имам закажано влегувам 1-1ипол саат покасно од терминот зошто она најчесто касни на работа од сабајле и после целиот ред се пореметува. Друга работа е што на моменти ми се чини како расеана и неорганизирана и овие неколку работи ме ставаат во мисла за понатака дали да продолжам кај неа или да ја сменам. Секоја препорака за добар и стручен матичен гинеколог е добредојдена.
Да не се чека по 2-3 недели за термин? И како ти наплаќа како матичен, мислам на пап,брис, редовен преглед?
Па да, знае да се чека пошто имаат многу пациенти. Прегледите не се наплатуваат, ехо 500 денари, пап мислам 1000 беше во Хистолаб ги праќаат, брисеви 700 и плус 300 денари ако ти ги носи курир.
Моето искуство со оваа доцент докторка беше најпонижувачкото чувство што сум го доживеала во моиве 43 години. За време на прегледето кој траеше едвај пет минути оваа докторка немаше никаква комуникација со мене како пациентка н која треба да и се објсни каква е состојбата со наодот и што треба да очекувам. Кога сакав да седнам на столчето во амбулантата на ГАК бр 34 во очекување дека ќе ми го објасни наодот таа дрско ми се обрати оди надвор во ходник сестрата ќе ти го даде извештајот, во кој патем ми препорачува интервенција . Ако не сакате да доживеете понижување пред се како жена која заслужува барем малку внимание од докторка која се заколнала дека здравјето на пациентите е пред престижот да се оди на сумпозиуми , никако не ви ја препорачивам Валентина од ГАК. Штета што поради вакви како неа се става во прашање имиџот на Клиниката.
Mene mi e maticen ginekolog dr.Goseva, zadovolna sum Eho naplaka 500 den, pap 2000 den go nosat vo Histolab, za brisevi ne naplaka, sestrata Vi dava upat da gi odnesete na Institut za javno zdravje
Леле ужас, јас две години бев кај него ама среќа ниеднаш не се сретнав со мајка му. А за докторот не знам што да кажам, типично мамично синче што не знае да постави граници.