Не ми ја спомињај ми иде дипломата да и ја скинам, сосема друга дијагноза ми даде, среќа не ја послушав па си побарав и друго мислење.
Др Дубравка Промедика, не само фина туку и стручна. Благодарение на неа откриен ми е карцином на јајник (гледан од многу други доктори за кои личеше само на циста).
Дали може да ми кажете добар гинеколог за преглед и колпоскопија во Ре Медика? Ако имате искуство и за биопсија ЕЦЦ некој да правел таму?
Може ли да ми препорачате некој гинеколог за матичен за во бременост, кој ќе ми биде само формално и нема да ме замара со прегледи туку само она минималното, бидејќи бременоста ми ја водат во систина.
Ми треба информација Ана Матеска од Промедика колку наплаќа за ехо за трудници? Дали таа прави скрининзи и ако прави колку ги наплаќа? Јас треба да идам кај нејзе на преглед 11та недела, а во 12та сум на скрининг кај Митко, е сега несакам на две места да плаќам скрининг затоа што планирам во систина да ги правам главните прегледи.
Ако ти е матична е како обичен преглед 500 денари, она самата кажува и советува да се иде кај постручен доктор за скрининг. Ако си на приватно мислам дека 3000 е ехото.
Така значи, како што сфатив таа не прави скрининзи штом дава препорака да се иде кај постручен. тенксс
Дали имате позитивни искуства за матичен гинеколог во Промедика во смисол како водат бременост, дали се внимателни и која би ја препорачале од докторките? Фала за сите информации (можно е погоре и да е пишувано, ама сакам ете некоја женичка да сподели најнови искуства, оти никако да најдам солиден матичен гинеколог).