Здраво, мислење за Надица Кекиќ во поликлиника идадија, некој дали ја има неа за матичен гинеколог и воедно за водење бременост?
Девојки искуство со др. Оливера Арнаудова, како сте задоволни? Или да ми предложите добар гинеколог околина Аеродром, Ново Лисиче или Автокоманда. Ви благодарам.
Препорака за добар матичен гинеколог и водење бременост? Во ПЗУ Мама со првата чекав по 1 саат бремена со закажан термин и сама да носам брисеви на 40 степени.. Дали сте задоволни од Марија или Билјана за водење бременост од Ложанковски Поликлиника? Или можеби некој друг околу Центар
Јас одев кај Билјана во Ложанковски, имам регуларна бременост и мене ми се погоди океј. Низ форумот читам мислења на девојки на кои им требало повеќе да се посвети и дека ни била баш професионална во тој дел. Од друга страна, наплаќаат прегледи, знае да се чека доста особено наутро ако имаш закажано (докторката генерално доцни ама па брзо ги завршува прегледите и некако се тера). Онлајн се закажува, ама има и пациентки кои си доаѓаат без термин, се оди на принцип кој е последен па пак се прави гужва. Јас кај нејзе ја водам бременоста затоа што ми е блиску до работа, за скрининзите одев на второ мислење, а и ми се погоди досега сѐ да е во ред па да немам некоја потреба да ја сменам... Си плаќав и си чекав - можеби глупаво ама други околности ми одговараа... Така што, за препорака не знам дали ја препорачувам, ама ко што гледам во многу од ординацииве што соработуваат со ФЗО се доцни, се наплаќаат прегледи, се чекаат доктори...
Мене ми е матична и супер е, не касни на термини, нема гужви и чекање. Но не верувам дека ќе прима нови пациенти дека за неколку месеци ќе оди во пензија.
Здраво девојки, мене матична ми е Ана Матоска од Промедика и сум многу задоволна од неа како матичен гинеколог. Сакам да прашам дали некој има искуство со неа за водење на бременост и дали е доволно стручна ид тој аспект?
I jas istovo go slusnav, eve veke nekolku dena gi baram za termin mi rece ke mi se javat i ne mi krevaat od toj den, ne znam zosto
Искуства со др. Филип Исијановски за матичен и здравје за водење бременост? Имам пцос и проблем со хормони, досега не сум нашла некој посветен и достапен доктор што ќе ми ја следи состојбата со хормоните..
За хормони не ти треба посветен матичен, не се они доволно стручни, повеќе би ти рекла побарај си стручен специјалист, ендокринолог.