ЕЕЕЕЕДНАШШШШ... се за*бав да појдам у Гинекомедика (се полажав по тие пакети и студентски чуда попусти) . Изгледа они стварно знаат само за ласерско горење на брдавички и земање пари... Не се они единствени што прават така....јас одам кај др.Цветановски и ми вика имаш хпв раничка одма на горење...и бла бла па отидов на друго место,за отприлика две недели излезе дека све си е во границите на дозволеното,ни хпв ни раничка па би сакала некоја феминка што иде кај него да пише ако имала слично искуство позззз
Јас одам кај др. Душко Филиповски во Букурешт и сум ептен задоволна. Човекот е супер, стар и искусен доктор е и не наплаќа скапо. Инаку и мене сакаа да ме зафркнат исто од Гинеко Медика со раничката, среќа читав по форумов и отидов на друго место да се проверам и се излезе во ред
Има ли некој што оди во амбулантата Јане Сандански, незнам гинекологот точно како се вика али една е па сепак на истата сиг мислиме ?
ве молам помогнетеми кај кој доктор, докторака да закажам за преглед бидејќи имам цисти на јајници и сакам да одам на преглед во систина ли свети лазар незнам за кај да се одлучам и за кај кој доктор ако имате искуство ве молам пишете и ако знаете колку пари е преглед
Сега и мене ми е ред да си прашам Конкретно, ме интересира дали д-р. Ложанковски прима на преглед и пациентки на кои не им е матичен гинеколог? Истото прашање важи и за другиот доктор или докторка, што и да е. Ако прима, колку време однапред треба да закажам, и колку чини прегледот што вклучува ехо, пап и колпоскопија (ако некој има информација, или евентуално да ми даде телефонски број - податоци во ЛП, молам). Благодарам однапред
Ана,информацијава потазе,од понеделников ми е. Конкретно за било кој друг гинеколог важи. Ако имаш веќе матичен или не ти е,нема шанси да те прими,а и немало мамење. Не знам што им е поентата.
Ова со новиве правила во здравството? Ај ќе видам што ќе ми кажат... ако не, патот под нозе и во Охрид... нема друго чаре.
Па изгледа. Конкретно беше за мајка ми,се јави во повеќе ординации,истиот муабет беше,зошто не е задоволна од претходниот гинеколог,сака да го смени,па сега не знам како оди процесот да го смениш,не знам што ќе направи сега. Ама ете... Дури и отиде во мвр амбулантата ја одбија.
Јас имам матичен тука во Скопје, ама го одбрав чисто набрзина, само за да ми дава упати за ГАК, оти нели морав и таму да одам на контроли, па и за породувањето. Ај ќе видам што ќе правам, на крајот може и кај него да одам, ќе видиме што ќе биде. Работава е што сакам да бидам сигурна во докторот, како во поглед на хигиена, така и резултатите да бидат на време и точни.
е како па тоа сега ке биде,не дај боже имаш некој проблем и сакаш да чуеш и второ мислење,не само од матичниот ти доктор(а богами на операција или слично не се иде без мислење од повеке доктори според мене,оти различни доктори различни методи)и како,нема да сака никој да те прими????????????? па кај го има ова
Чекајте, јас не разбирам, ами ако сакам на приватно да одам, не може. На пример имам матичен, ама сакам да идам во Систина?
ве молам помогнетеми кај кој доктор, докторака да закажам за преглед бидејќи имам цисти на јајници и сакам да одам на преглед во систина ли свети лазар незнам за кај да се одлучам и за кај кој доктор ако имате искуство ве молам пишете и ако знаете колку пари е преглед Со оглед на проблемиот ти го препорачувам Др.Ивановски од СВ.Лазар (ова е мое мислење)
Така можеш. На приватна клиника никој неможе да ти забрани да одиш. Имаш пари, си плаќаш и готова работа.
Земаш Пријава од тој што сакаш да ти биде матичен и носиш во ФЗО, заедно со копија од лк и таму потполнуваш и потпишуваш Изјава и готово. Порано бараа и Одјава од стариот матичен ама сега не, само правило е да одиш лично или ако бидат хумани да ти дадат образец да потполниш и потпишеш и само остави после било кој
Здраво девојки. Лани во Мај прв пат отидов на гинеколог , кај Др. Весна Блажевска на поликлиниката на Бит пазар. Значи тотално изгубена ни знам како треба ни што треба,појма неам од ништо.Ми направи ехо, преглед се ок . Ми направи Пап и се јавувам кај сестрата за резултат ми вика абе има клеточни промени ама не е ништо страшно тоа може ако нешо си била настината или си примала антибиотици па затоа се појавиле,викам да дојдам кај докторката на разговор треба? не,не нема потреба. Отидов кај докторката ми рече дека треба ХПВ типизација. Испадна дека имам мешана инфекција на високоризични ХПВ 16 и 58.Растревожена од МАНУ со резултат идам право кај докторкава,таа мртва ладна ми вика па ништо ќе си правиш биопсија и ми се дере зашто сум имала незаштитени односи. Згора на се, ми дава упат од старите,а сите здравствени установи знаеле дека после нова година ќе има нови печатени упати. Го побарав резултатот од МАНУ,ми вика не ти треба на упатот се си пишува,и ми вика иди после Божик во државна. И звонам на мобилен да ја прашам дали треба нов упат, 3 дена по ред мејли. Отидов пред некој ден,залепила на врата дека е на одмор една недела,а кога од сестрата побарав замената да ми напише нов упат ми се развика и тресна врата. Го споделувам искуствово за да не се зафркне некој да отиде кај неа...и да, си тресеа цени од ракав,нормално без фискална сметка. Ја прочитав цела тема, и јас сакам да го потврдам тоа што го прават во ГИНЕКОМЕДИКА.Мајка ми беше и го кажа истото,дека има раничка за 150 евра дека ќе ја среди... И конечно , муабетот ми беше ... пошо сакам нова матична а гледам дека многу феминки се задоволни и одат кај Др. Надица Ѓеровска, и се јавив денес ми рече прима нови пациенти... па сакав да ве прашам како се движат цените кај неа, и како и се прегледите,дали со закажуање или било кога да отидеш ќе те прими? Извинете за долгиов пост.
Жал ми е за целава ситуација во која си се нашла посебно поради тоа што се работи за твоето здравје, жалсно е како фнкуционираат работиве кај нас.За случајот со Гинекомедика истото ама баш го доживеа и мајка ми.А за др. Геровска , јас сум кај неа матичен пациент и ми ја пратеше цела бременост, супер си е жената.ЗА преглед кај матичниот не се наплака, за ехо зема 500 денари, за брисеви норамлано како и сегде.И прегледите ти се со закжување обавезно телефонски, зашто има гужва постојано е со пациенти фул и е цел ден пополнет.
Веќе во ниеден гинеколог не верувам... Еве веке 5та недела кај што имам добиено, и нити сум прашала што ми е нити ќе одам да прашам... Ако е за поминување ќе си помине
Сакаш да кажеш дека месец и кусур константно имаш добиено??????? И очекуваш само од себе тоа да „си помине“, според мене, ова е доста сериозна работа.....Мораш д апосетиш гинеколог