утре ми е закажано кај др.надица ѓероска во MAMA ...ако може некој што бил кај неа да ми каже која е цената за брисеви и за колку време од прилика ке има резултати? фала однапред
Јас сум кај Наде, резултати имаш за три - четири дена, и зависи што брисеви ке правиш јас за контолните во бременоста платив 800 ( уреоплазма и микроплазма, кламидија и кандида )
Исчитав многу мислења и некако на крај пак не успеав да направам точно резиме. Јас одам приватно на контроли еднаш годишно, фала богу до сега не сум имала некоја поголема мака ама поради финансиски причини и скапите испитувања приватно сакам да си најдам матичен гинеколог. Е сега..прочитав дека има некои приватни што може да бидат матични и може и од државни установи. Мојов за жал не работи со плави картони и не може да ми е матичен, значи ќе морам да најдам друг. Која е разликата на цената ако пап тест и микробиолошки тестирања направам кај приватен матичен или државен матичен? Некој има пишано дека и покрај тоа што биле кај матичен гинеколог платиле по 2-3000 за микробиолошките тестови како приватно да платиле, а некои само по 200, 400, 800 ден. Знам дека зависи и од тоа дали сама ќе си ги однесам брисевите или ќе платам за таа услуга ама некако конфузија ми настана од разниве искуства.
Феминки и јас ке ви го споделам моето искуство со таа неписмената Др Блажевска, таа ми е матичен гинеколог но за брзо време ќе ја сменам но незнам кај да одам, моја другарка оди во Мама и е задоволна. Инаку јас останав бремана и сакав да абортирам, отидов кај Блажевска фати да ми се дера, хистерише како и можела без заштита вака така. Јас почнав да плачам и бев решена да абортирам таа ме убедува не немој никако. ( стерилитет, дрн дрн јариња), ми дадае упат и отидов на клиника и ми констатираа БЛАЈТЕТ тоа значи плод кој не е развиен, и морав да го отстранам благодарение на најдобрата докторка во клиника Снежана Ѓорѓиевска. Замислете што можеше таа Блажевска неписмењача да ми направи можев да скинам конси. Затоа на никого не ја препорачувам. Молам соовет кај да одам, која е најдобра ? позз
Пап тестот кај матичниот гинеколог еднаш годишно ти следува бесплатно, а за наредните пати ако не се лажам е 500 ден. А брис нема шанса на државно т.е. со картончина да платиш по 2-3000. Еве јас каде што одам кај мојата матична за 4 бриса ми зема 800 денари и таа си ги носи на микробиологија. Така да разликата е голема ако си осигурана од фондот за здравство најди си гинеколог кој работи со плави картони, кога веке го плакаш осигурањето - искористи го, зошто дупло да плакаш на приватно? Поздрав и секое добро.
Ама и твојава матична си зема малце повеќе бидејќи партиципација на микробиологија е 200 денари за оние 4 основни бриса затоа најубаво сами да си ги носите, ем знаете на време ќе ги однесете, ем нема да плаќате пари за глупости
Еве неколку страни поназад од една феминка за кај др. Наде го прочитав ова... А еве DeMelo чинам за кај истата докторка вели 800 ден. како матична.. дали си вадат од ракав цени или како е не знам, а сепак ја фалат оваа докторка и јас се мислам за кај неа или Ложанковски ако уште примаат пациенти како матични. Некаде прочитав и дека првиот пап во годината кај матичен гинеколог е укинат, некаде дека уште важи, некаде си наплаќаат иако не треба..и крај им не се фаќа. anastazijaki ти каде имаш матичен гинеколог? тоа со носење на микробиологија е прифатливо. А ако може некој да ми пише во пп колку е кај Наде од МАМА за ехо и ХПВ тест? Како матична веројатно прегледот е бесплатен, 500 пап тест (освен за прв ако не се наплаќа), 800 ден за микро...околу 2000 денари ваљда се на се му се фаќа за преглед, ехо, пап тест, хпв тест и брисеви за микробилошки тестови. И ако на некоја феминка и е матичен др. Ложанковски или другата докторка Радица од неговата ординација ако може да ми пише колку чини барем една од горенаведениве услуги во порака.
Јас вчера носев брисеви во институт за јавно здравје.Кај матичната за земање на брисевите ми наплатија 400 ден. а во институтот (кој се наоѓе позади зградата на министерство за здравје во склоп на клинички центар)ми земаа партиципација 300 со тоа што правев и torch.Torch се испитува преку крв и за се ова резултатите ќе бидат готови во среда.Така да за вкупно 700 ден ги имам сите микро испитувања. ПАП кај мојата матична прв пат во тековна год е 300 или 400 ден а не сум правела повторено испитување кое би било приватно па не знам цена.Резултат се чека 4-5 недели. Инаку случајно за др потреби бев во Румунска болница(Букурешт) и видов дека прават пап приватно за 700 ден и тоа резултатот се чита во систина и е готов за 2-3 дена.Не знам дали ова се однесува само на нивните матични пациенти или важи за било кого.
Zdravo, Gi procitav skoro site postovi na ovaa tema, i pak se mi e izmesano, ne znam na koj ginekolog da se obratam za celosen ginekoloski pregled...sakam sto pobrzo da zakazam bidejki mislam deka imam infekcija so ogled na simptomite sto gi imam. Samo ke ve molam doktorka da bide sto raboti so sini kartoncinja, kolku cini celiot pregled i brojce ako moze za da zakazam. i sekako da bide eftina zosto i poslednite pari ke gi dadam za toj pregled (a da imam povekje pari bi otisla na privatno, ama toa e ) fala vi odnapred feminki
Девојки до сега сум била на приватен гинеколог, но не сум во можност да платам па сакам да си најдам некој матичен со плави картончиња. Имам проблеми овој месец со менструацијата малце сум загрижена па ме интересира чисто за разговор колку би ми наплатиле, бидејќи мислам дека преглед не може да ми извршат бидејќи имам некое послабо крварење, ако воопшто е крварење..
Ја се лечам кај др. Коруновски, специјалист гинеколог со сопствена амбуланта до амбулантата РСВР никогаш не би го заменила, предобар е.. дури и мајка ми се води под него уште пред бременоста со мене
Значи која идиотка е докторкава не ми се верува!!! И мене првото нешто што ми го рече кога дознав дека имам ХПВ (тотално бв шокирана не бев информирана незнаев што е) беше ЗАШТО НЕ СИ ИМАЛА ОДНОСИ СО ПРЕЗЕРВАТИВ?! Зашто? Зарем малце кампањи има по телевизија,билборди едно друго.... Значи ја тотално избезумена врска неам шо се дешава она мене ќе ме кара сеа зашто сум имала незаштитени односи? ко да не е побитно да го погледне резултатот од типизација и да ми објасни што е и како е....а шо се неписмени се..поготово па таа сестрата,по телефон ми го кажува резултатот од пап-от и да не отидев сама таму,сега немаше да знам дека имам хпв и којзнае какви промени ќе ми предизвикаше!
Извини малку подоцна го видов дека бараш број од др.Емилија...ако уште ти треба, бројот е истиот. Редактирано од модератор: Телефонски броеви и слични податоци испраќајте само преку лични пораки.
Девојки јас ви го препорачувам др. Стамболиев во амбулантата на МВР-Скопје, работи со плави картончиња и само нешто наплаќа како полу-приватно бидејќи и тој нешто како да си ја приватизираше ординацијата. Се лечам кај него веќе 7 години, сум поминала секакви прегледи и лечења кај него, а на една другарка и ја водеше и бременоста, и можам да кажам дека е супер лекар и има одличен пристап кон пациентите. Папот е бесплатен, вагиналното ехо е 300, за бремени 500, мислам дека обичното ехо не се наплаќа, и уште еден детал што мене многу ми е битен- работи со пластични спекулуми за една употреба (100ден е). Така да кога одам за рутински пап, си плаќам само 100ден и тоа е тоа Инаку CrazyStupidLove, мислам дека за твојава ситуација ќе ти направат преглед на ехо, дури ако е ептен мало крварење тоа може и на вагинално ехо, сепак мора да се види што се случува во матката. Само за разговор мојов не наплаќа, но веројатно би ти рекол и ехо да направи, зашто и јас имав слична ситуација пред 3 години.