дали имате некаква информација за геникологот др.цветко,се наога карши градинката во хром,(во куќите карши црвените згради пред градинката).ај ве молам пишете ако имате некакво искуство ,и дали знаете дали работи со плави картони...ви благодарам
искуство со Др Елизабета Миланова имам јас со мајка ми и искрено да ти кажам никако не ја препорачувам. Пред неколку години кај мајка ми и беше дијагностициран рак на матката и требаше итно да се оперира на државна клиника. Се погоди во тоа време бидејки таму работеше оваа дотична докторка која ја држеше мајками две недели на клиника без да ја оперира. Кога почнавме да протестираме со татко ми и братми таа отворено ни рече дека тој тип на рак што го имала мајками бил специфичен и тоа го имала 1 во 10 жени и од причини што бил захтевен и таа (мислам на др ) била исто така захтевна... (сакаше да каже дека работи со Мито) е сега ние немавме што да правиме и прифативме и мито и се само да земе да ја оперира бидејки другиве доктори не се зафаќаа така лесно ( овој рак што го имаше мајками беше тежок околу 3 кг фала богу бениген но многу се дуеше -од почеток мислевме дека е бремена) е сега да не забегам... Конечно дотичнава др реши да ја оперира и јас цел ден пред операциона сала и чекам информации.. после 2 саати госпоѓава излегува од операциона сала и единствено што ми кажа беше само ЈА ЦИТИРАМ :ГОТОВА Е! и ми тресна врата од нејзината канцеларија пред нос. ... Можеш да замислиш што се ми помина низ главата ...тропав на врата кај неа и ништо искочи од канцеларија после 1 саат и почна да се дере што сум тропала и еден куп други глупости.... после ова воопшто не ја ни погледна мајками а на визита се однесуваше како да е оперирана од слепо црево а женава кутрата едвај се држеше седеечки испокасапена и од внатре и на стомак и позади затоа што наводно раков опфатил и дел од стомакот и рбетот позади. накрај ја испушти од болница (ние не и дадовме мито ) а за контрола и се развика на женава и и рече да си најде гиниколог а на клиника да не доага. Покрај ваквото понашање незнам колку е стручна бидејки друг доктор после тоа ја гледаше мајками и констатира дека немало потреба да се сече толку многу бидејки можел и само доле да се интервенирало. Искрено јас оваа докторка никако и на никого не ја препорачувам .
Здраво, и јас сум одела кај Бети Миланова и никако не сум задоволна одев пред три години како мози цело време да наога Хпв и цинови и одма се фаќа за ласер и ми вели 300 евра е ласерско ај ке се договориме за 270 како на пазар да е,потоа ми вика мора да земиме биопсија мислев ке пукнев на столот 8 парчиња ми скина од внатре мислев полудев и на крај се тргнав од кај нејзе одма направив друг пап тест и немасе нисто ниту хпв ниту цин.Женава оцигледно е само за пари.
и јас одев кај неа и никако не ја препорачувам колку само солзи имам прелеано поради нејзините лажни информации а за пари да не зборувам. Ке те види млада, неискусна уплашена и само да ти ги исцица парите. Ми се гади од женана
знае ли некој сега како се движат прегледите кај Надица Ѓеровска, откако не работи во соработка со фонодот?
Здраво девојки, Поздрав за сите вас , супер сте , искрени и корисни инфромации прочитав тука Сакам да ве прашам дали некој имал искуство со Гинекомедика, сакам да закажам преглед ,мислам нудат пакет ехо,батериолошки и Пап за 1450 денари.Ок е цената , сега не е ниска , ама ќе направам се на еднаш и тоа е! П.С Немојте да ми се смеете , но јас прв пат во животот ќе правам гинеколошки преглед , не дека сум заостаната или од планина што вели една моја другарка , но ете не чувстував никакави проблеми фала богу.И сега све е ок и циклус и се, но сакам да се видам дали ете све е во ред , пошто може ќе се случи бремена да останам ,а немам преглед правено-срамови живи! Не знам ни како да се однесувам таму , не дека ми е срам , некако глупо се осеќам?! Нека пише некоја приватна порака или совет ,фала на хелпот!! Кисс за сите!!!
Ако си ја исчитала цела тема, ќе сфатиш дека многу девојки се излажале со ниската цена, па плаќале многу повеќе, само затоа што, демек, им нашле нешто при прегледот, било да е раничка, CIN или којзнае што, а мора да се третира со ласер, пак кај нив. Јас лично немам искуство со нив, и не би ни одела таму после негативните искуства што ги прочитав тука. Сепак, не ми е гајле за парите кога е во прашање здравјето. А за однесувањето, па најнормално, нема потреба од нешто посебно, на лекар одиш де.
Ве молам да ми порепорачате добар женски гинеколог, сакам општ преглед да направам и ако може да ми кажете колку се наплаќа приватно?
После многуте лоши искуства слушнати, а и прочитани на форумов се прашувам дали некој од преглед таму си отишол здрав затоа што сите дури и од око добивале дијагнози за третирање со ласер. Па после ако ги прелажале си фрлиле добра сума пари за третманот, иако не бил толку итен и потребен или пак во подобар случај се сетиле да се консултираат со друг гинеколог кој потврдил дека се здрави или дека може на друг начин да се третираат. Знаејќи го ова јас не би ја искористила таа понуда.
Дечки може да ми кажете колку се плаќа за преглед на гинеколог со сини картончиња во некоја од државниве амболанти- поликлиники каде што има гинеколози .. јас имам некои проблеми со циклусов па сакам да се прегледам .. ве молам ако некој знае нека ми кажее .. фала многу однапред
Јас, мене ми е матична, моментално ми ја води и бременоста, задоволна сум, супер си е д-рката. Ако не сум грешка за да се прегледаш со сино картонче мораш да си избереш матичен гинеколог без разлика за која поликлиника-амбуланта се работи, не знам како е на ГАК Мислам дека ако не одбереш мат. гинеколог прегледот го плаќаш приватно, колку изнесува искрено не знам (со сино картонче може само ќе платиш партиципација , а може и 500-600 ден. да ти наплатат). Инаку цената (со сино картонче кај мат. гинеколог) зависи и од тоа што ќе правиш...на пр. ПАП (првиот во годината е бесплатен), ехо (обично или вагинално-150/200 ден.), брисеви (мислам дека еден брис е 100 ден. со тоа што сама си ги носиш брисевите на клиника или таму каде што ќе те упати д-р и сама си ги земаш резултатите. И плус и таму ќе си платиш партиципација во зависност што испитуваш).