Можеш да си земеш било кого за матичен, но за да ти важат сините картончиња и за да плаќаш помалку, треба гинекологот да има склучено договор со фондот. Доволно е да отидеш кај било кој доктор, да му кажеш дека сакаш да ти биде матичен за да ти отвори картон. Нема некоја процедура
Здраво.Сакам да ми кажжете какво искуство сте имале со др.Снежана Панговска од Бит пазар.Жената ми ја препорача една познаничка па сакам да чујам и други мислења.Поздрав.
Здраво на сите, дали може да ми препорачате доктор за Конизација, некој кој е специјализиран и најдобар за таква интервенција кај нас ? Фала многу, Поздрав.
Дали има некој информација за д-р Цветко Трајковски? Пред многу години мислам дека работеше во Неуромедика. Дали е уште таму, да не е во пензија, да не отворил сопствена ординација? Ми треба гинеколог што работи со плави картони, веќе со месеци прашувам по темиве за срамота сум што уште не сум отишла, но стварно не ми е јасен принципов со плави картончиња. Сега веќе никаде не важи за првиот преглед?? И ако е така колку отприлика да бидам спремна да потрошам
Матична ми е Др. Хадзиевска од млин балкан,правев пап тест пред повеке од 1 месец,се јавив тек денес за резултати од папот,и сестрата ми рече дека сеуште не ги добиле дека некои папови по касно стигале бидејки имале многу гужва..?!?! што да си помислам стварно незнам.прво што ми падна е дека не било нешто ок или незнам... може ли да ми препорачате некоја друга докторка,да работи со плави картони и да е некаде во близина на центар?? зашто ова вака ама ич не ми се допага.. ://
Дали некоја од вас имала искуство со Др. Глигор Тофоски, од државна. Треба да одам кај него за цисти на јајници па ме интересира каков е.
Млад и не многу заинтересиран, ќе те погледне онака и ајт толку а инаку фин е, и велат добар стручњак. Јас пак сум незадовлна овој пат од новава матична, Кузмановска од Промедика, па таа бре не знае брис асално да земе знаев и знаев дека ќе испадне негативно, иако уште си се мачам со бактеријата што ја имам, кај ми земаа 500 денари за рака со картони па уште и не знае брис да ти земе и јово на ново пак ќе идам Систина, да знаев ич немаше да појдам кај неа Добро бе има ли асален гинеколог со плави картони
А извини да те прашам уште нешто колку е тој млад, оти на ова младиве доктори ич не им верувам...друго е доктор со искуство.
Од искуство, мислам дека младите се подобри бидејки се повнимателни а и сакаат да се докажат, па повеке тинтраат, гледаат внимаваат отклку некоја баба да те седне и за 2 мин да те среди, али сепак зависи од самиот доктор така да нешто годините не играат улога ако е учен човекот
Одам кај Д-р.Наде Героска во ПЗУ МАМА (кај градски парк фонтана) презадоволна сум работи без сини картони , услугите се доста пристапни; ПАП 500 денари, Ултразвук-ехо 500 денари Професионалец во работата, одличен гинеколог! Во ПЗУ МАМА кај Д-р. Наде Героска одам редовно, во поглед на хигиената и стручноста само пофалби,работи исклучиво со пластифицирана хартија и веднаш после прегледот ја менува,презадоволна сум!
Здраво девојки, би сакала да идам кај д-р Ложановски, дали има некој број или адреса од него ? фала ви
http://www.lozankovski.com.mk/ Се наоѓа кај Валијант во центар, измеѓу тие зградите, има реклами ќе го најдеш, во зграда е на први спрат.
Дали некоја од вас имала искуство до д-р-. Љубица Кузмановска во Промедика? Ја препорачувате или не поплаки, пофалби, сакам да идам кај неа разбрав дека работи со сини картони, па да не се зезнам ко првиот пат на гинеколошки преглед кој ми беше ужасен сега да си прашам
Феминки, сакав да одам на гинеколог утре, и сосема случајно прочитав дека мојата матична докторка (се на се еднаш сум била ) др. Емилија Трајковска се преселила во Кисела Вода. Може ли некој да ми каже каде точно се наоѓа сега, јас баш кај Расадникот живеам, таман можам утре да поминам. Ако нишо друго се спасив од пат до Јане Сандански за џабе
и јас сум дел од задоволните пациенти кај д-р Наде Героска ПЗУ МАМА жената е пристапна,нежна, се објаснува, хигиена е на ниво.... само пофални зборови
Spidy, Еми се наоѓа во новите згради позади Расадник (не средната, во која е Тедико, туку целиот блок на бордо-крем (мислам дека беа) згради, веднаш позади градинката). На приземје е, и можеш да влезиш од влезот на зградата, а можеш и од страната на градинката, преку дворчето. Не знам како објаснав и дали ме разбра ама ако ти требаат дополнителни насоки слободно пиши ЛП.
јас само можам на сите да ви препорачам да не одите во гинекомедика, бидејки веднаш докторката (докторот) дава дијагноза раничка на грлото на матката и предложува зафат со ласер... муабетов случајно на фризер го зборев дека треба да одам на ласерски третман дека ми најдоа раничка, па се најдовме во муабетот три жени кои ја направиле истата грешка кој поверувале на дијагнозата од гинекомедика всушност кога ќе се консултирате со друг гинеколог не постои никаков вид на раничка
ДОБАР ГИНЕКОЛОГ ВО ПРИЛЕП?! И НАВИСТИНА ЛИ ДУРИ НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ ОТКАКО ЌЕ СЕ ЗАПИШЕШ ТИ СТАНУВА МАТИЧЕН?! ТОЛКУ ЛИ СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ЧЕКА?
Феминки кажетеми некој гиниколог во прилеп да биди женско сакам да одам на приветно, дали тоа се закажува дали треба книшка и дали несто ќе пиши во нејзе дека сум била на преглед и колку кошта одприлика ви благодарам феминки