Јас одам кај Александра Еклер таа ме пораѓаше кога беше во државна болница, жената е прекрасна има многу знаење иако е доста млада, да се закажува и во тоа е проблемот бидеќи има многу пациенти слабо дека ќе начекаш термин јас пред еден месец и пол закажувам кога планирам да појдам. Пап тест значи ако ти е матична чини 120 ден. брис мислам дека 300 ден. а за преглед не зема пари ,а на приватно се далеку повисоки цените на пр. пап 800 мислам а прегледот 500 ден. Матична ти станува после 15 дена од промената во ФЗО. Инаку мислам дека таму си води картон со информации за прегледот од кој ти дава примерок.
Мене ми е матична од пред 2 месеца и не сум баш задоволна, само за украс ми стои, пак одам во Систина и давам пари не знае да работи со спекулум за еднократна употреба, абе ме утепа минатиот пат, бута бута, а мене ме боли а во Систина за 1 секунда спекулумот е ставен , а исто и таму секогаш си носам мој кој го зимам од аптека А, да и иако имам подолго време проблеми со бактерии брисот кој што Не го зема правилно покажа негативно, една недела подоцна во Систина си покажа бактерија што беше и очекувано, значи не знае и брисеви да зима
Би ви препорачала да одите кај Д-р. Наде Героска во ПЗУ МАМА (градски парк фонтана) има одличен ВИДЕОКОЛПОСКОП каде што на екран пациентката може да си види дали има раничка или не и добивате и слика од Видеоколпоскопијата. сето тоа за 600 денари. Односот доктор пациент како во западните земји.Презадоволна сум од Д-р.Героска.
До крај на Јули месец е само 1-ва смена , цел Август ќе била на одмор на 29-ти ќе почнела повторно со работа , така ми кажаа во Понеделникот
се запрепастив...мојот гинеколог и на многу други е на ѕидот на срамот....д-р Наде Геровска од „ Мама“
За Надица, нема врска - ја наместија, жената е супер кој бил кај неа знае. Нас ни ја водеше цела бременост и сум задоволна. Жената сама вложи во толку скапа апаратура, но има злобни и љубоморни луге. ЗА боледување за трудинцаи го раскинаа договорот со фондот за здравство и јас работев во казино и барав да ми напише патолошка бременсот бидејки ни јас ни газдите не сакаа да ризкувам да работам бремена во место каде има нокна смена каде се пушат цигари и се пие алхохол, па не сакаше да разикува, па престанав да работам и сама ги плакав последните месеци придонесите, додека други трудници кои ги познавав без никаква реална потреба со работа седење на компјутер им пишуваа патолошка бренеост па нив никој не ги затвори, само кај нас човек да не направи нешто самостојно, мора да зависиме од државата за се и сешто.
Тоа ли е причината? Баш ме интересираше зошто престана да работи со фондот, а ми беше незгодно да ја прашам. Јас сум презадоволна од неа и ќе продолжам да одам кај неа.
На тој сид се доктори на кои им бил раскинат договорот со фондот поради прекршок, на пр. поради фалсификувани потписи на пациенти, или конкретно др. Надица за некое безправно издадено трудничко боледување чинам беше што ми е банална причина во споредба со недајбоже некоја причина со која се уништило здравје на некој пациент. Сигурна сум дека не 15, туку 1500 треба да се најдат на тој ѕид ама повеќе би рекла дека треба да ги истакнат заради несовесност со последица загрозување или зае**вање на нечие здравје!
^ Добро Мармалад кажа тоа што имаше не мора по сто пати истото да се постира, убаво објасна санфемина за Надица не мора да се повторува едно исто по сто пати мислам нема потреба од дополнително црнење на името кога реалноста не е таква,ако си била кај неа знајш многу убаво за односот пацинет - доктор.
ДеМело,ако убаво ги разгледаш постовите ќе видиш дека не сум можела да го прикачам документот па затоа го ставив линкот,а не за 100 пати да напишам што и како се случило.Таа сама си е доволно оцрнета во јавноста па така моето постирање нема ништо да и смени.И патем,воопшто не навлегов дали е тоа вистина или не...нејзина работа. Ако било местенка можеле и на 1000 други да им наместат...ако е вистина,нека и служи на чест.....немам докази ни за едното ни за другото,за разлика од тебе што со сигурност тврдиш дека е наместено. Си има стручна служба за тоа да се докаже...и вината и невиноста излегуваат секогаш на виделина...убав пример за памет ни беше професорот од Драчево кој сите го обвинија дека е педофил,па ете си докажа дека е невин...така и докторкава ако е невина ќе си докаже. И убаво кажа санфемина,сите несовесни доктори да си го добијат своето јавно..поздрав
Бесправно доделено боледување и не е некој голем прекршок. И јас и барав на Надица да ми отвори боледување, но жената не се осудуваше. Реално и мене и на многу други им е ризична работата, но фондот дозволува боледување само доколку веќе има проблем со плодот. Сметам дека треба да се преиспита законот по ова прашање, за да не се случи поради ризични работни позиции да се предизвика проблем, кога може да се спречи. Знам дека има злоупотреби, но тоа може да се реши со комисија. Надица е морална жена и сигурна сум сметала дека ја прави вистинската работа со тоа боледување.
и јас се согласувам да се преиспита законот и да се оформи комисија,затоа што ако почека некој да има компликации може веќе доцна да е...бременоста е најчувствително нешто и треба да се овозможат сите услови за здрава бременост