Sunshine88 знам дека беше кај Ложанковски,кажи ми се запиша за матичен? И од кој ти ставија печат од Грковска или од докторот.Извини вака што прашувам ама ме интересира оти барам врски за да ми биде матичен
Не е погрешно,одма при влегувањето ми кажа таа што е сестрата ние сме приватна клиника,и кога прашав се комплет колку е ми вика: Брисеви се 2500 Пап 1000 Ехо 500 Преглед 1000 А во постарите постови на темава гледам никој не пишал дека е толку скапо и ми падна малку чудно,и си викам ај може е така. И денеска бев во Румунска и отворив картон кај Др. Блажевски и во среда сум на преглед па ќе видиме како ќе биде,ќе пишам тогаш. А во Мама ќе се олеснам со 5000 на наредниот преглед....
Ааа значи ги има качено цените,јас кога бев папот беше 500,а за преглед не ми наплати,ццц значи во градов премија е да најдеш некој да ти биде матичен гинеколог,ужас сите се демек преполни а со врски примаат,и прашав во Фонд за здравство и ми кажаа дека никој не смее да те одбие,можеш да го пријавиш
Јас одам кај д-р Геровска, пап ми наплати 500 денари, преглед е 500, ехо е 500 денари, не знам од кај ви излегоа тие цени по 1000 денари. Сега брзо бев на ехо, ми наплати само за ехо 500 за консултации не ми наплати. Не ми се верува дека толку брзо ги зголемила цените, да не сте грешка?
^ Jaс не сум од Велес,ама имав некоја соработка со Перкова,пред година-две од претходната работа,жената ми изгледаше секогаш пасивно и незаинтересирано.За разлика од Синадиновски,човекот со толку проблеми е целосно внесен од работата и позитивен. Барем таков впечаток ми оставија од работата,а на преглед не сум била,али додека сум била во ординација ,приодот на Синадиновски кон пациентките е многу пофин од на Перкова. Ако грешам душа,простете
Јас сум веќе скоро 10 години кај Др. Мирјана Мицевска во Дијагностички центар и сум презадоволна од неа, од нејзиниот пристап, позитивизмот и од сите услуги. За преглед, пап, колпоскопија и за вагинално ехо и за земање брисеви плаќам 1200 дена се вкупно! Исто така од повеќе луѓе имам слушнато многу пофални зборови за Др. Јане од Ремедика!
Дали работат гинеколошките ординации во сабота?(за кај др хаџиевска прашувам конкретно) и дали може да се направат микробиолошките тестови? т.е дали примаат на микробиологија и во сабота?
Проф.др. Весна Антовска според мене е навистина добар гинеколог. Работи секој понеделник на клинички во Ск. може да закажите преглед но може да отидете и онака, само што доколку имате закажано ќе завршите многу побргу. Се разбира жената навистина. А и од лично искуство ви кажувам дека кај нејзе нема промашувања, ако каже тоа е и навистина е тоа. И верувам и одам кај неа.
Девојки, да ве прашам..... еден редовен гинеколошки преглед што се треба да опфати - ПАП тест, вагинален...итн? И колку се ова чини кај доктор што работи со плави картони? Досега се идев приватно, се исподавав пари, аман веќе
Да и мене ова ме интересира,и јас така разбрав,ајде Аа 91 појасни ни или грешка разбравме Сум слушала само пофалби за оваа жена,посебно за породувања