Може ли да ми препорачате гинеколог во скопје, ама да работи со сини картони. Ми треба само да ми направи ехо на јајници и колку ќе ме чини тоа?
надица почнува во јане од март... така слушнав... распрашувам пошто се канам да го мењам матевски[/quote] Епа ајде ако разбереш на сигурно,извести не овде да знаеме
Бев неколку пати некако многу брзо прегледува и брзи заклучоци донесува така да....мислам дека не дава доволно време на пациентот да си ја искаже маката
Одличен доктор е Блажевски, мене ми ја водеше бременоста и претходно кога ми ја лечеше раната што ја имав на грлото на матката...може на прв поглед делува несериозен ама е уствари многу професионален и стручен и знае некогаш да биде цепидлака мислам дека нема да погрешиш ако го одбереш него
ti blagodaram premnogu ,jas veke bev kaj nego no kako sto vikas ti mi izgledase malce neseriozen i mjatpcija ama se nadevam deka nema da se razocaram od nego)
супер е Блажевски. јас веќе 5 години сум кај него. ми ја водеше бременоста. можеби на прв поглед ќе ти делува како несериозен, ама човекот прекрасно си ја работи работата и си ја знае работата. прави шали само за да ги опушти пациентите, инаку е сериозен доктор.
Др Боро Парталовски. Коректен, фин, многу многу стручен.. Кога отидов прв пат кај него ми најде 3 дијагнози, и јас легнав со глава на масата. миом, цисти, воспаление.... и цовекот се наведна до мене...ме утеши...и многу брзо ме оправи...само ме караше дека сум требала порано да отидам---викаше крајник ке те заболи па одиш на доктор---а не пак јајник...хаххахахха Одличен доктор
И јас имам такво лошо искуство со нив. Среќа што барам секогаш по 2-3 мислења од различни места. Треба да ги затворат Гинекомедика и да им одземат лиценца за работа! Не знам како до сега не им пратиле некоја инспекција онака инкогнито!?!?
Тамн се решив да одам кај др. Геровска во Мама што е во парк и сеа читам не работела таму Ај кажете ми некој што знае што бил брзо кај неа дали работи таму или не. Другарка ми е задоволна од неа, лани беше и се беше океј. Знам дека по 500 и ги наплати и ехо и паб тест. А не сум била веќе година дена на гинеколог, неможам со систина веќе, то мач мани е тоа.
МеУ работи ли докторов со сини картончиња? Ели25 600 денари за ПАП и за ЕХО плаќаш или по 600 за двете? Имаш ли телефонски број од докторкава? Јас одам на гинеколог во поликлиника во Ѓорче Петров, ама апаратурата е праисториска таму. За ПАП тестот не ми е проблем бидејќи нели тестовите и онака ги проверуваат во МАНУ (ако не се лажам), па каде и да го направам - резултатите ќе бидат тие што се, разликата е само во цената, а тука плаќам 60 денари што многу ми одговара. Од друга страна ЕХО-то ми е проблем, праисториско е, ме мачкаат со гел на стомакот и ме прегледуваат. На толку современи апаратури по другиве клиники, на резултатите од ова ехо прашање е колку можам да верувам?! За докторот во темава читајќи ги сите мислења, прочитав едно кое ми го потврди сомнежот кој го имав за него, па би сакала да го сменам под итно. Покрај тоа оваа година си планирам бременост Сакам да си ги направам сите потребни испитувања пред бременоста, а потоа и за време на бременоста. Ми треба клиника која има современа апаратура, да работат со сини картончиња (но и не мора, само да не се многу скапи) и секако доктор кој ќе ми посвети внимание колку што треба.
девојки по колку време ви доаѓаат резултатите од пап тест ?? и дали знаете др Стамболиев дали прима матични пациентки ....
Стамболиев одамна не прима нови пациенти, ептен требаат врски за кај него. Иначе е екстра доктор. јас за пап чекам од 2-3 недели по нормална постапка. Брзата постапка кај мојот доктор се наплаќа дупло.