Др. Никола Панчевски во Систина. Супер доктор и професионалец. Многу кул човек, ве замуабетува на почеток да се опуштите.
Јас би ти препорачала да избереш гинеколог маж а не жена, сепак мажите (како и куварите) се многу подобри од жените.Мој матичен доктор е др-Коста Василевски, сега пред два месеци ми правеше и операција. Докторот е како доктор (без коментар) а и како се однесува со пациентите свои и за тоа што и да кажам малку ке биде. Работи во ре медика, таму е и Др-Димитров,најдобрите анестезиолози се исто во таа болница,комплетно персоналот посебно на гинекологија.
Некој добар гинеколог во Јане Сандански (или не мора таму, ама да не се чека многу)? Ми треба за матичен. Д-р Хаџиевска по коментари овде добра била, ама многу касно ми закажа
Гинеколозите наплаќаат незаконски, државата немоќна – најмногу смеат да ви наплатат 150 ден Здравствените власти се’ уште не можат да го решат проблемот со прегледите кои се наплаќаат по 500 до 1.000 денари, наместо 150 Државата е немоќна пред незаконското наплаќање прегледи кај матичните гинеколози исто како да сте на приватен. Пациентките се жалат дека еден гинеколошки преглед, во зависност од тоа што содржи, гинеколозите го наплаќаат од 500 денари, па се’ до најскапиот пакет кој чини 1.200 денари. А, според законската регулатива, за гинеколошки прегледи кај матичниот лекар пациентките треба да платат само партиципација, која изнесува максимум 150 денари. За да се казнат мора писмено да се пријави, велат од фондот. Но, гинеколозите и да бидат пријавени за злоупотреба може да се извлечат без казна. Лани тројца угледни матични гинеколози од централното градско подрачје беа пријавени од една невладина организација дека на пациентки им наплаќале по 500 до 1.000 денари за преглед. Но, пријавените лекари, како што дознаваме, се жалеле до второстепена комисија и така се развлекле случаите, кои се’ уште не се решени. До сега ФЗО нема казнето ниту еден гинеколог за вакво прекршување.
Jaс пред некое време прашував дали некаде се применува тоа, ама одговорот после напишаново е дефинитивно НЕ.
Само пријавување му е мајката, сега е барем тоа полесно. Па и ниту еден гинеколог да не е казнет, со самото тоа што се пријавени ќе знаат дека пациентите стануваат свесни за своите права.
Баш ме заинтересиравте! Дали добро ве сфатив, еве за основен преглед пап и ехо колку треба законски да земе матичниот? Јас знам дека едното од овие две, секоја година имаме право бесплатно да ни биде.
Од тука Јас колку што знам, 1 бесплатен ПАП тест имаме секако во годината кај матичниот гинеколог. Во основа, од 50-200 денари партиципација би требало да биде најмногу... Не можам да го најдам официјалниот ценовник....се сомневам дека некаде и го има, наводно ни гинеколозите не знаеле кое под која цена се води, па вака си вадат приватни цени од ракав. Ако може некоја да го најде и да го постира, за да сме информирани
Мојава матична никогаш не ми земала повеќе од 200-300 денари за пап и брис, така да очигледно има доктори што го почитуваат законот. Многу сум задоволна од неа, стара женичка е, ама ми се бендисува како си ја работи работата.
Во Промедика шурат по 800 денари на трудници им земаат , баш прошли пат видов кога и наплатија, за брисеви од 300 до 500 :geek: и тоа само за зимањето, за партиципација дополнително си плаќаат страшно
И мене ова не ми е јасно. Мене лани писмо ми стигна со покана за бесплатен ПАП и тоа кај матичниот гинеколог и со даден рок кога може тоа да се искористи А јас писмото дури 10дена покасно може го добив. И ако е бесплатен еднаш во годината ПАП тестот по закон, тогаш ова би идело само како маркетиншки трик од министерство дека нешто плус ни е овозможено
Здр девојки сакам да прашам знаете некој добар гинеколог ако е женско подобро што работи на сини картони, секој кога ке ги прашаш од гинеколозиве ти вика дека нема место вака онака само да ти зема пари приватно сварно се нервирам одиш по 3-4 пат и све приватно по 3000-5000 ако има нека пише некој итно ми е.. фала однапред
Ве читам вака и на крај повеќето искуства се лоши, овие гинеколозиве на крај испаѓаат нефини, ме збунивте. Дајте препорачајте ми некој добар гинеколог од Скопје, кај кој имате подолго пријатно искуство, јас наскоро се преселувам во Скопје, и ќе треба да си најдам матични лекари таму.
Tие што се препорачани (ќе ги најдете низ темава ако ја разлистате) или се приватни или наводно немаат место како матични (пополнета им е квотата). Спојлер
Кој е подобар гинеколог? Мажот или жената? И ќе ве молам да ми препорачате добар гинеколог во Велес? итно морам да одам на гинеколог - скоро секогаш ме болат јајниците - еднаш дури не можев да ги помрднам нозете од болка, и секогаш имам бело прање и за првпат ми касни а ми испаднаа бубулици, ме боли така стомакот како и секогаш кога ми иде. веќе две недели ми е така и никако да ми дојде, а не сум бремена, мора да одам на гинеколог, никогаш не сум била, мора сега да одам и мора да се пресрамам. па затоа ќе ве молам да ми препорачате гинеколог во велес и ако знаете бројче за да можам да закажам.
Катастрофа невидена кога се во прашање гинеколозиве ... значи стварно шурат од зимање пари ... Вака гледано 500 денари па и не е малку а еден вагинален преглед, не секој е во можност да си дозволи а потребно е се почесто да се посетува. Фондот за здравство мора да превземе ригирозни мерки .
I brat mu na Dr.Goran Dimitrov e isto ginekolog.2003 koga me operira cisti na jajnici Prof.DR.Vesna Antovska i Prof.Gligor Dimitrov, brat mu Dr.Goran seuste bese na specijalizacija na klinika i mi ostavi dosta dobar vpecatok togas(iako togas imav 16 godini).Se mislam sega dali da odam na klinika kaj Dr.Antovska(ako se uste e tamu) ili vo Re-medika kaj Prof.Dr Gligor Dimitrov.Sto bi me sovetuvale Vie feminki?