Здраво, Би сакала да прашам дали некоја од вас била на преглед кај Д-р Никола Маџунков во Медика Плус. Имам закажано преглед кај него, но не можам да најдам никаква информација за него. Ви благодарам. Поздрав
Здраво девојки, Сакам ваше мислење, за инсиминација и за анализа за проодност на каналите мене ми го фалеа докторот хаџи лега од ремедика, ќе ве замолам дали некоја од вас има искуство кај него.Дали некоја имал успешна инсиминацииа и кај доктор? Поздрав
Bi ve zamolila da mi kazete privaten ginekolog sto raboti so sini kartoni vo skopje .vo ginekomedika e strasno pa toa e nevozmozno skapo .za mikrobioloski ispituvanja so pregled 4800.ke se onesvestev.pomagajte hitno mi e...
^ Јас бев кај д-р Лолита Гркова работи во ординација др. Ложановски. Приватно е, и првиот пат кога бев на преглед ми зедоа 2000 денари правев ПАП тест, ехо ма се ме прегледа. Потоа ако се одлучиш да ти биде матична си носиш сини картони и мислам дека плаќаш 300-400 денари така нешто. Јас задоволна сум од докторката премногу.
девојки дај препорачајте добар матичен гинеkолог се разбира што прима уште пациентки се се преполни а ми треба под итно
Дали некој знае д-р Татјана Илиева Хаџиевска која смена е денес, бидејќи вртам пола час а никој не се јавува. Јас мислев дека понеделник и четврток работи втора смена.
Јас топло ја препорачувам Др Тања Хаџиевска во Млин Балкан .... единствено нешто што неможам да го разберам ( незнам дали кај останатите гинеколози е исто), како е можно 2 и пол месеца да чекам резултат од Пап тест?? Што ке ми е сега резултат за нешто што ми се случувало пред толкав период ...на пример размислувам за бременост, и исклучително битно ми е дали е се во ред со пап тестот - и после 2 и пол месеца ми велат да почекам уште 2 недели, не ги добиле резултатите од клиника ( а министеров за здравство се "удира во гради" дека овозможуваат бесплатен пап еднаш годишно)... Јас верувам дека проблемот не е до мојата докторка, но ке Ве замолам за Ваше искуство кај други гинеколози? Благодарам однапред
Епа тоа зашто на клиника ништо не работат мене преку позната докторка што работи во Гак ми беше готов резултатот истиот ден за 2 часа замисли значи кога се сака се може али не се замарат многу, многу Ако сакате побрзо однесете го во Хистолаб, резултат за 2-3 дена, 500 денари
Благодарам anastasijaki за идејата со Хистолаб, да знаев уште претходно така ке направев. Само кажи ми дали добро сфатив... матичниот гинеколог ке ми земе примерок, и наместо таа да го носи во клиника треба да и кажам да ми го даде и да си го однесам во Хистолаб? Ако грешно сум разбрала те молам објасни ми, зашто следен пат не ни помислувам вака да чекам по 2-3 месеци . Благодарам уште еднаш
Да, ќе ти земе примерок и после еден саат откако ќе се фиксира ти го дава и си го носиш сама во Хистолаб , си плаќаш , за 2-3 дена ти се јавуваат дека е готов резултатот и одиш си го земаш или ти го праќаат кај матичниот, зависи како ќе се договорите
Имате ли искуство со доктор Трајковски од ГАК? или добар докот од систина за неплодност, освен ивановски и лазаревски
Др Кацарски . Топло го препорачувам мислам со мерак ќе одам на гинеколог Човек на место и да те опушти,да се нашали,да ти даде совет... ма се што ми беше потребно најдов во него и не би го менувала за ништо
Kaде се наоѓа? Може да се бира како матичен? Деновиве сум во потрага по менување на матичен гиниколог, а не смеам ни еден ден да останам без лекар и не знам што да правам и кого да одберам.
ординацијата на др. Кацарски се наоѓа во Здравствениот дом на ЖТП, во просториите каде што беше сместено Мвр (некогашно Беко), на 5 спрат. Навистина е одличен доктор, има одличен пристап кон пациентите
Јас кога правев пап кај д-р Наде Геровска, брзо ми ги даде резултатите, можеби не толку брзо ама највеќе за недела дена, во Хистолаб беше правен ама тие ги носеа. Тоа беше крај на 2012, сега ќе треба пак да направам. lavaleta дали ќе може да ми го пратиш бројот од д-р Хаџиевска во лична порака? Можеби е сменет, јас долго вртев никој не ми се јави. Сега ќе треба да чекам во четврток дури за да отидам попладне. Не знам зошто, ама навистина би ми било непријатно кај маж гинеколог, иако еве фалат доста доктори како многу стручни, ама пусти срам...
Да не знае некој во поликлиниката Јане Сандански дали има некој добар матичен гинеколог да се избере ?
Ќе ве молам девојки број од Др.Стамболиев и Др.Коруновски . И ако може некој да ми помогне кој од овие двајца доктори да го одберам плис и благодарам.