Девојки ве молам за помош, Дали некоја имала искуство кај др. Маќули Хаџи Лега во Ремедика во врска со ин витро?
Д-р Зоран е прекрасен лекар и пријател плус јас имам отидено кај него и ти го прпепорачувам нема да зажалиш
RedRose30 јас бев минатата недела на преглед,ми се случуваат два пати спонтани во 6 недела и случајно закажав кај него и да ти кажам право многу сум задоволна од докторот,ми правеше и киретажа и ептен се заинтересира за мојот проблем,ми објасни се,ми се виде стручен,многу е отворен и мислам дека конечно го најдов гинекологот што го барав одамна. Инаку и за инвитро сум слушала дека на многу им помогнал.Поздрав
Можам да ви го препорачам Митановски, синот, во Ѓорче, јас имав многу убаво искуство со него. Со таткото некои имале лошо искуство и заради тоа и не отидов толку време, ама синот ми остави скроз поинакво мислење. Внимание, цело време ти кажува што гледа, што ќе забележи, што ќе направи, што е следно, ти дава избор, сите испитувања можеш кај него да ги направиш, он носи каде треба и што треба, на телефон те информира за текот на резултатите... Многу сум задоволна, но нели колко људи толко чуди и можно е ако мене ми оставил убав впечаток некоја воопшто да не и се допаднал пристапот и начинот
nikoj li ne znae dali vo drzavna pravat lasersko ostranuvanje na kondilomi i koj dr go pravi toa???????
^ pharmacy,можеш и да закажеш во ординација која работи со сини картони и да си кажеш дека сакаш приватен преглед.Чини од 500-1500,2000ден по Ремедика ,Систина. Не знам од која населба си,еве ми текна на Рушка Ганеш преглед е 1000 ден.Кај неа нема да чекаш со денови да ти закажат,зошто по цел ден е во ординација.Побарај ја на златна книга за контакт(или писи на search)
Кажете ми,дали некој правел брисеви кај Рушка?Јас последен пат ги носев во адриалаб ама поскапи ми беа од авицена.За Рушка-Ганеш ми кажаа дека не се знае каде ги носи,се јавува и ти кажува резултати телефонски.Оваа мода ич не ја сакам,сакам да видам во која лабораторија ми се направени и да видам потпис и печат на доктор.
Јас закажав на гениколог во Ремедика кај доктор Ефремовски, гледам многу го фалат.Па баш да видам што ќе ми каже.Инаку каде се наоѓа Ремедика.Не сум првпат одам таму?
Roze во Јане Сандански моментално има само еден гинеколог а тоа е Матевски,кај него еднаш,двапати сум била,ако сум ја утнала смената на мојата матична(и тоа за упут да ми даде),така да искуство неможам да ти кажам за кај него а и немаш друг избор.Инаку мојата матична баш сега кога бев на последна контрола во петокот и посакав среќно заминување во пензија,таа ми кажа дека би требало за брзо време да дојде и друг гинеколог,ама кога ќе биде и тоа никој не го знаел. ..се надевам ти помогнав п.с. Најдобар гинеколог спрема мене и многу мои познанички е Боро Парталоски,докторот е закон,ми ја водеше првата бременост,и со оваа си одев неколку пати приватно(инаку раб со плави картони),кога мислев дека треба или нешто не е во ред,буквално сме презадоволни од него