Затоа многу е битно да стекниш доверба кај еден доктор и да има твој историјат на прегледи и лекувања. јас имам целосна доверба во др Таше, за мене во областа гинекологија тој е врв.. а со некои доктори исто како тебе имам поминато случки али секогаш барав второ или трето мислење ... сега едно ми е доволно...жалам што си морала поради непрофесионалноста на еден доктор да поминиш низ сето ова, но сега знајш дека е се во ред и уживај ..
Дајте бре жени некој гинеколог ама не само за преглед, туку матичен/на да ми е. Мојата се пензионира и немам гинеколог за не-дај-Боже ситуација. За прегледи ваму-таму ќе се најде нешто, кај приватно кај со закажување унапред...ама ова мора да се има....морам да имам матичен општ лекар, матичен стоматолог и матичен гинеколог.
Здраво девојки! Се надевам некој ќе одвои време да ми објасни и да ми даде одговор на прашањата! Вака, досега немам појдено на гинеколог, ептен одамна само на ехо но кај доктор кој тогаш ми се пиша како матичен (мислам) но со години не работи во истата клиника, сега има приватна ординација. Е сега бидејќи веќе сум сексуално активна некое време (тогаш не бев) сакам да отидам на целосен преглед, но особено на ехо бидејќи мислам дека можно е да имам цисти на јајниците, имам некои симптоми. Е сега, на приватен не можам да си дозволам, па ме интересира доколку најдам гинеколог кој сеуште може да прими матични пациенти дали првото одење и преглед и се што ќе ми направи ќе го наплати приватно или доколку веднаш ме пише како матичен ќе ми наплати со плави картончиња? Исто така ме интересира при првото одење дали прават вагинален преглед, пап тест, ехо се во едно или тоа е по желба на пациентот и според симптомите кои ги има? И на крај ве молам препорачајте ми гинеколог за кој знаете дека прима матични пациенти во Скопје и од кој сте задоволни, не ми е важно дали е жена или маж, најважно ми е доколку има проблем да го види и да не ми наоѓа непостоечки за да профирита. Ви благодарам многу!
Дали некоја од вас има земено матичен гинеколог(т.е дали може да се земе) во Неуромедика? Како сте задоволни,дали работат со сини картони и колку чини преглед со пап тест
што мислите девојки дали е добра др.радица што работи заедно со др ложанковски сакам да се префрлам кај неа,а и имало место?
Барам матичен гинеколог во Прилеп или Битола, ама некој што стварно ќе ти посвети внимание и што си ја познава областа. До сега сум правела само ехо (пред една година) и ништо друго. Ми треба солиден доктор кај кого нема да мора да се чека многу за да заврши работа, кај кого закажувањата одат побрзо. Искрено, страв ме фаќа од докторите во Прилеп, па затоа барам и во Битола, си викам дека таму ќе може да најдам некој подобар. За др Таше сум слушала многу и знам дека е 100% супер, ама кај него ред не се дочекува.. А плус, мене матичен ми треба. Иначе, до сега немам други проблеми освен пореметен циклус поради тироидната жлезда, кој никако не успева да ми се среди (имам намалено лачење и примам терапија). Сакам да проверам се што треба и да бидам сигурна дека се е во ред.. Фала ви..
Девојчиња ќе ве замолам ми треба добар гинеколог да ми ја води бременоста јас редовно одам кај Надица Ѓероска во Мама Ординација,она ми беше и матичен ама веќе 2 години не работи со плави картони приватна е јас сакам она да ми ја води бременоста презадоволна сум,само што на приватен дупло пари се плаќаат затоа сум во потрага по матичен,многу ми го фалат др.Коруноски и Сузана исто кај него работи, и Душко Филиповски од поликлиника Букурешт,совет ќе ве молам сепак се работи за бременост и сакам некој добар да ме води ви благодарам однапред поздрав
матичен ми е др.Љупчо Трпевски од ординацијата плодност, а инаку кај др Таше барем со моето искуство си закажуваш и се си оди со ред јас сум задоволна од мојот матичен, ама сепак за таков проблем би ти го препорачала др. Таше ако си во можност направи си еден преглед. поздрав
Ме интересира, за да си одбереш матичен гинеколог во амбуланта дали може да си го одберам сама иако иам 17 години и да си одам сама на преглед или мора со родител да одберам бидејќи сум малолетна?? И ако може, што е потребно документи или што знам за тоа??
Бидејќи си малолетна, еден од родителите треба да ти одбере матичен гинеколог. Најдобро ќе биде тоа да биде мајка ти. Ќе и кажеш кој сакаш да ти биде гинеколог. Потребни се здравствена книшка и плаво картонче.
Јас кога бев на твои години , кога си го земав матичниот не ми побара родител , само книшка и картонче