Може ли некој да ми каже нешто за Кристинка Пајаковска од Плодност??? Би сакала да закажам преглед таму и се двоумам кој доктор да го одберам.. Ме интересираат и цените ако некој знае нешто за тоа. Иначе бев кај Мирјана во „Св. Ана“, и ми кажа дека имам полицистични јајници Ја прашав дали е сигурна, ми рече 100%.. Ама јас не сум сигурна (ме гледале и пред тоа на ехо и не кажале ништо такво), па барам второ мислење кај некој постручен. Многу сум загрижена.. докторката ми рече дека тоа не претставувало проблем, дека не требало ништо да превземам, само кога ќе сум сакала да останам бремена, тогаш... Сакам да слушнам мислење и од друг доктор, мислам дека не е „мачкина кашлица“ па да си уживам.. Ептен ми треба помош...
Здраво феминки. Пред три години бев кај д-р Цветановски и секогаш кога требаше да идам на гинеколог јас бев уплашена и на раб на паника. последниот пат многу ме исплаши за миом на матката којј едвај се гледаше на сликата и толку ја направи работата голема што не се соземав 3 дена. Од тогаш се одјавив кај него и ми го препорачаа Стамболиев. На почеток супер беше, се ти кажува, те испрашува дури со мерак да одиш на гинеколог. Ама откога една пријателка ми кажа какви проблеми здравствени и направил размислувам да се одјавам и да одам кај д-р Сузана Костовска кај Коруноски МВР. Што викате? Не сакам да менувам пак гинеколози а ми ја препорачаа неа и стварно сакам да ги снема сите проблеми доле!
Некој добар гинеколог во Околината на Скопје? Сакам да го сменам сегашниот од ххх причини. Исто сакав да прашам дали медика плус имаат одел за гинекологија?
Јас сум кај Блажевски од Румунска, и додека немав проблеми беше ок, но имав цин 3 па морав на операција, потоа останав бремена па бев на церклаж, а тој цело време се оградуваше и ми велеше ти што сакаш тоа направи, а кога си побарав второ мислење и отидов кај него со извештајот да се консултирам ми ги фрли документите и ми рече кој е тој што ти го препорачал ова и повторно, прави како сакаш. И чашата се прели кога ми требаше упат за скрининг, и упат за конзилијарно мислење за боледувањето и ми рече дека не може да ми даде два упата во ист месец и рече да си одлучам што ми е поважно и за тоа ќе ми даде упат??? А се водам како високоризична бременост и лежам цело време. И сега сум решена да го сменам, само се прашувам дали ке има проблем да направам трансфер, бидејќи сум на боледување или ќе морам да чекам да се породам.
Кажуваш на почеток....а после тоа? Само затоа што на некој друг не му ги исполнил очекувањата, а ти немаш никакво лошо искуство, тоа значи дека треба да го смениш? Сите ние си имаме различни очекувања од докторите...Некој бара внимание, некој бара да објаснува, некој да биде краток и јасен и тн. и тн. Ако јас сум задоволна од некој доктор, нема зошто да ме предомисли мислење од туѓо негативно искуство. За секој доктор можеш да наидеш и на позитивни и на негативни искуства, дали тоа значи дека ќе талкаш од доктор на доктор? Ако за некоја негова дијагноза не си 100% уверена, обрати се на второ па и трето мислење. Тоа не значи дека треба одма да го менуваш. Од мене за Стамболиев: кај него сум веќе 10 години, ми водеше и бременост и отворено и директно за све ми кажува. Имало денови кога бил во гужва и напнат, па не ми обрнал доволно внимание, односно не се потрудил многу-многу да ми објасни, но не се стресирам. Доктор е, дури и да нема време да ми појасни знае што прави. Не ми е потребно да се однесува како да ми е најдобар другар, потребно ми е да си ја знае работата и да ми го следи репродуктивното здравје. Околу мене имам уште неколку другарки кои одат кај него плус и мајка ми. Никоја се нема пожалено.
Вие што одите кај др.Сузана во ординацијата на Коруновски како сте задоволни од неа,сакам да одам деновиве. Или пак дајте препораки за женски гинеколог...
Дали знаете како се движат цените во Плодност- Битола? Мислам работат со картончиња или не воопшто?? Стварно не можи чоек салам гинеколог да најди во ова Битола. Препораки?
Јас бев минатата недела на преглед кај д-р Надица Кекиќ од Промедика и сум многу задоволна. И докторката и сестрата беа многу многу љубезни и внимателни, прегледот помина сосема пријатно, земањето на пап беше безболно и сосем океј, воопшто не беше непријатно искуство како што очекував дека ќе биде. Исто така и ехото како искуство беше сосема во ред само резултатите беа малку разочарувачки. За преглед, ехо и пап платив само 60 денари т.е папот беше 60 денари, другото е се покриено од фондот. Брисеви треба накнадно да ми земат, не знам тоа колку се наплаќа.
Ај Струмичанки ако има на форумов да ми кажат некој добар гинеколог во Струмица и не многу скап за на приватно дека сакам ( за обично ехо ми треба само). Фала
Имам матичен во друг град, сега веќе не сум таму, далеку ми е, па би сакала да го сменам. Ми треба некој да ми ја следи бременоста. Некој ми го препорача Павле Кокорманов (чинам тако му беше името) како стручен доктор. Ве молам ако има некој искуство да сподели. Или некоја друга препорака за матичен? Навистина ми е итно и битно, и немам намера да барам после друг, затоа ме интересираат и вашите мислења и препораки. Фала.
Дали имате искуство со др Божидар Бошковски од Skopje Polyclinic и Никола Баџаков во Систина. Треба да се одлучам кај кого да одам за абортус. Бев и кај еден и кај друг на преглед. 1. Бошковски беше по смирен дури ме прегледуваше се ми објаснуваше. На крај ми даде вагиналети затоа што сум имала исцедок. Ми објасна се во врска со зафатот и ми ги објасни ризиците. Она што ме попишмани беше што кога ми се јави после 3 дена да ми ги каже резултатите од брис ми кажа да земам вагиналети зошто сум имала кандида. Јас му кажав дека ми даде вагиналети уште кога бев на преглед. Ок тогаш ми рече си ја земала терапијата, немора да земаш.... 2.Баџаков беше многу опуштен да кажам дури и несериозен. Бев заедно со дечко ми внатре и му вика = ти си мајсторот? Кога ме прегедуваше беше многу брз, ништо не ми објасни, не сакаше ни да слушне претходно што ми кажал матичниот, само ме прекинуваше. Ми рече дека немора да ни објаснува дека се си знаеме. неговите пациенти биле доволно возрасни. И тоа беше се. Не виде дали имам исцедок, јас му спомнав дека пред една недела гинекологот ми кажа дека имам кандида и да земам канестен... не не не ми рече и ми напиша шкртаници на еен лист. и тоа беше се. Страв ми е да не биде така незаинтересиран и за време на зафатот,, или па груб сега сум пред сериозна одлука зошто несакам да експериментирам. Имате ли искуство со овие доктори за абортус?