Др. Радица Бојчева прима матични пациенти, ама кај неа многу се чека за закажување за преглед. Јас одам кај Др. Лолита Грковска, која што работи во истата ординација. И таа прима матични пациенти. Кај неа не се чека многу за закажување. Многу сум задоволна од докторката. Цените со плави картони се - ПАП-тест 250 денари, брисеви 400 денари (ако они ти ги носат на Клиника), обично ехо 500 денари, вагинално ехо 250 денари. Само 4Д ехо се плаќа приватно и цената е 2 000 денари, ама не е морално да се прави кај нив.
Благодарам за информацијата Самргрл, бев веќе кај Радица, се запишав. И да, се чека многу за закажување, уште тогаш си закажав за после две недели. Цените ми одговараат, па ќе видиме како ќе се покаже докторката.
Само еднаш имам отидено кај Радица за да ми препише вагиналети. Тогаш докторот Ложанковски беше на одмор, па таа како негова замена, имаше право да ми даде рецепт. Дури и ми објасни што како треба. Задоволна сум од неа. Кога останав бремена со второто дете, немаше термин кај докторот, па сакав да закажам кај Радица. Кај неа имаше термин дури за еден месец. После тоа закажав кај Лолита и сестрата ме префрли како нејзин пациент. Се на се, задоволна сум од сите тројца доктори.
Мојата матична е супер, само не можам толку долого да чекам за пап-от.Последен пат 4 месеци чекав. Другарките мои одат кај Снежана Мајсторова и се мислам помеѓу неа и Наде од Мама.Прегледот секако ке си го платам приватно.Па девојки каде да одам според вашите искуства?
Сакам да прашам за мислење за др. Тофоски од Клиника, дали е добар како доктор - хирург? Дали некој бил кај него? Ве молам за одговор.
Дали некој бил кај др.Кире Шумански - гиниколог и акушер од штип ? колку сте задоволни и која цена е приватен преглед ?
Dr.Shumanski me ima pregledano nekolku pati koga se poragav,togas doagase na dezurstva vo stipska ginekologija.Ne mozam mn.da kazam Za nego,ne e mn.zborliv,si ja gleda rabotata,ako go prasas ke ti objasni.
Имам отидено еднаш, пред 6-7 години сигурно. Тогаш платив преглед на приватно 600 ден. Сега не знам колку е. Всушност се изненадив и дека повторно работи приватно. Нели едно време беше суспендиран, па беше надвор од државава, потоа се врати, па работеше во државна, породуваше, не знам како сега пак приватно работи Лично, не би отишла кај него повторно. Подобро отиди кај Огнен Мицов. Органџиски е добар ама е скап, ептен се занесува. Во здравен дом го имаш Влатко Данков, тој не е лош, зависи за што ти треба, само зборови треба да му вадиш со клешта од устата, и нема некоја опрема, и до него ординација на др. Валентина, таа не знам каква е.
Незнам ....Добив многу препораки за кај него...За преглед ми е бидејки ми доцни многу сакам да аправам ехо ....Само незнам за едни ехо да не ми отидат и 50 евра....а зошто бил суспендиран?
имаше некоја афера поради пари, земал мито, така нешто, па едно време не работеше, во Бугарија беше, па пак го вратија во државна, па сега е пак приватно Скоро 50 евра кај органџиски може да ти земат, кај него не до толку, не верувам, ама парите ги сака и јас кога бев кај него тогаш, отидов заради една водена циста, тој ми изнакажа триста дијагнози, со ласер сум требала да се оперирам итн., ме извади човекот од памет (наравно се за пари), па отидов кај друг каде го решив проблем со само едни вагиналетки. Тоа е моето искуство со него, и тогаш имаше современа опрема и ординација, за стручност не зборувам, ама љубовта кон парите е изгледа појака , ама можеби се променил сега, кој знае. Зборот ми е дека јас немам доверба во него. Ти отиди кај него па кажи искуства.
Хахаха кој ти знае ајде ке видиме како ке биде па ке ви кажам...Велиш не е толку скапо ? Немам појма како одат цените кај ова приватните не сум била никогаш.... ајде ке видиме што ке биде па ке споделам искуство
Феминките што се од Штип ми треба вака накратко да ми објасните ординацијата на Д-р Огнен Мицов, грубо ме упатија позади полицијата е сеа има една зграда така позади полицијата на два спрата е долу има аптека, дали таму е ординацијата Ако знае некој да ме управи , благодарна ќе сум
@cherry02 Да, таа е. Десно по улицата што оди накај циганско маало зграда со некоја темно розова боја. Од десна страна во зграда е забар, право е аптека и лево Огнен.
Сакам да прашам за мислење за др. Тофоски од Клиника, дали е добар како доктор - хирург? Дали некој бил кај него? Треба да ме оперира, па сакам да знам каков е, дали е добар како хирург. Ве молам за одговор.
Абе има ли некој нормален гинеколог да не збори само за секс и само за секс? Се мислам дека нема жими се,сите што ги знам се бајаги отидени. Јас лично не сум презадоволна од Радица од ординација Ложанковски, се чека многу да ама тоа не е некој огромен проблем за мене туку односот. Прво не сум фасцинирана од сестрата, 10 пати ми напомена дека ако има трудница да ја примам пред мене, што не сум некултурна нит невоспитана, за да после сфатам дека преку ред си ги пушта сите познанички или редовни клентки(мене ми беше прв пат кај нив во ординација) што не беа ни трудни. Нема врска голтнав и тоа некако, чекав цел час после закажаниот термин, но и тоа ајде океј. Доктор Радица е океј, стучна е се труди, ми одржа час по биологија мислам уште еднаш ме врати во 3та средно. Али мене ми смета односот, тоа штипкање по задник, коментари од типот ајде што чекаш мажи се деца треба да раѓаш, да ми попува ко мајka со кого да имам секс со кого не, и најмногу уствари што ме напна е што се запна за некое средство за миење на интима како слеп за стап. Нема среќа што јас сум дете чиј родетел работи во фармацевска компанија па знам како идат тие работи и зашто толку се залагаат за конкретен прозвод. Па ме напна да го купам зашто срамота било да сум се миела само со вода, бекутан и хиперманган. И не беше евтино, не памтам цена ама не беше нешто приступачно. Сестрата ми беше ко изгубена, ми кажа погрешна цена за брисевите па морав да одам назад до дома за да и доплатам, убави пари си дадов за тој еден преглед. Матична од нареден пат ми вика, сигурно ќе чекам уште толку за преглед. Се на се целокупниот впечаток ми беше средно слаб. Дајте некој кој си ја работи работата професионално без да го интересираат детали и пикантерии, тоа ми е најбитно и да е со плави картони(т.е со картица по ново). Сите се фалат од Надица од Мама, мене ми одговара локација а гледам и цените и се океј. Се чека многу за термин за преглед?