јас имам лошо искуство. скапа е бар кога идев јас. ми правеше пап тестови многу често и се нешто ми наоѓаше. од кај неа секогаш сде враќав расплакана и нерасположена. иако приватно се познавав со неа сепак решив повеќе да не идам, сегашниот гинеколог ми е срце. и се извади од памет кога виде во рок од 1 година колку пап тестови ми правеше. подетално ако те интересира прашај во лп. јас сум не задоволна искрено
Има ли некоја искуство кај Лолита Грковска од Неуромедика. Некако ми се гледа неспретна жената и недоволно информирана за некои работи???
Pravev pap vo sistina mi bese super po 3 meseci otidov kaj beti i mi najde hpv i me lekuvase po 3 meseci sakav da slusnam i drugo mislejne bas poradi toa sto taa svasta mi najde i otidov vo sveti lazar tamu na papot i tipizacijata za hpv nemav nisto.I sega veke neznam so da pravam na koj da veruvam?
Дали некоја од вас досега била на преглед кај Д-р Лидија Јуруковска? Колку зема за преглед? Не можам никаде број да најдам.
НА 17.11.2010 среда лично го запознав др.Сапунов за почеток ми остави добар впечаток ме прими во канцеларија веднаш не дозволи да чекам пред врата со саати оти знаеме каков глас ги бие државните институции ме сослуша ги исчита сите мој предходни дијагнози резултати се што имам од др. Илиев со мирен тон,блага насмевка ме упати на гиниколошкиот стол.Уплашена,уплакана ,разочарана тој со пристапот и односот негов ми го поврати расположението со еден збор ми обрна доволно внимание.Одлучив да продолжам кај него бидејки ''мојот'' др.Васил Илиев излегол приватно.
Освен д-р Глигор Димитров кој го имам веќе тука препорачано, исто така искрено Ви ја препорачувам и д-р Катерина Станкова. Има неодамна отворено своја приватна ординација. Се вика д-р Ина и се наоѓа близу Дебар Маало, кај Пионерскиот дом мислам. Цените се како секаде во приватниве клиники, а докторката е многу добра, значи се што Ве интересира ќе Ви објасни, можете буквално што сакате да ја прашате, така да навистина нема да згрешите. Позз
Кокорманов, има ординација приватна кај грчка амбасада, а на времето работел во Воена болница. Одличен е!
Маја ако може да ми кажеш зошто најголема грешка ти била Гинекомедика? Јас имав ЦИН 1 и бев во Гинекомедика на ласер, па ме интересира зошто не си задоволна, да не треба да одам кај друг гинеколог
За Гинекомедика можам и јас да кажам дека работат само за да земат пари, премногу е скапо, а врска немаат од ништо. Докторката што работи таму, за мојот случај со снимањето, како муабет во маало да правеше, иди вика абортирај го што ќе го мислиш 9 месеци, ќе му забаеш на детето и додека да се освестиш ќе направиш друго. Поодвратно нешто не сум чула во животот, а за едно обично ехо зема 2500 денари, демек акушерско било, а ништо не виде со него. Така да не ви препорачувам таму да одите на преглед!!!
може ли да слушнам некое мислење за др.Ѓорги Николов мислам сека беше во ремедика ако грешам исправете ме
Леле па јас бев таму бидејќи докторката ми дијагностицираше ЦИН 1 и ми препорача третман со ласер можеби не требаше да брзам, сега страв ме фаќа кога гледам дека вака зборувате, не знам што да правам
ма каква Гинекомедика исто како да си влегла у месарница е чувството кога има многу гужва, па гледа да те протера што е мошно побрзо. целосен преглед трае 4 минути. се соблекуваш и те прашува, се облекуваш и дискутира што видела. уште не си спремна да излезеш а докторката е веке излезена од просторијата, ја маваш и правиш муабет фуј. најголема грешка ми беше таа ординација... докторката за професионален пристап кон пациент има 0. медицинска етика -1 НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ ИСТАТА!!
Уште еднаш фала ти Newring86, по се изгледа дека ќе ја сменам докторкава, работата е тоа што сум од друг град и некако ми се стеснува кругот на гинеколози што работат со договор со Фондот за здравство, сепак ќе се распрашам за друг гинеколог после сево ова што го прочитав овде. Поздрав
Морам да се пожалам на ремедикаКатастрофа.Си одам на преглед и си велам не ги жалам парите само да ми објасни докторот за проблемот што го имам.Влегувам јас и типацо се однесува со мене како на шала.Гинекологот беше некој Глигор Димитров мислам Се соблекам, а внатре и сестрата и јас излегувам гола од вц за да ме прегледа(па каква е таа култура,треба да си има посебни наметки ,а не така ајдеееее )и ме погледна една минута и рече се е добро,не се ни замараше со мене,се на шаласи тера.Го прашав некои прашања а тој ми се изнасмеа и јас се изнервирав и си отидов. И замислете ми земаат 1500 денари за преглед од 5 мин,а згора на се воопшто никаков совет не ми ни даде.катастрофа.многу сум разочарана
Имам матичен гинеколог, но сега кога сум во Скопје, ми е далеку а и не исплатливо да одам кај матичниот па затоа се потрудив ваму да си најдам гинеколог. Одам приватно кај др.Павле Кокорманов, освен пофални зборови друго навистина немам што да кажам. Толку е фин, пријатен, професионален. Значи ми одговара на секое можно прашање што го имам, дури човекот буквално и ми црта. кај матичниот кога и да сум одела, постојано има некаква терапија да ми даде, а кандида редовно како дијагноза. Додека кај др.Кокорманов ниту еднаш не сум добила терапија, а сите можни брисеви ми се крајно уредни ,дури и без кандида. Резултатите ги добивам за 6-7дена. Кај него важи правилото, "хемикалии, терапии без потреба не се примаат,дури ни како превентива". Единствено што ми има дадено ,препорачано се "плантагин"(кантарионово масло) вагиналетите. Прегледот ми трае минимум 35мин, а се има случено и 50мин да сум внатре, значи не заминав и не ме остави додека не ми објасни се, нна јазик разбирлив за мене . Го обоавам човекот, секоја му чест.
Јас одам кај Др. Стамболиев ЈАС ЛИЧНО сум презадоволна... Се ми објаснува прво стручно, па потоа за да го разберам.. секогаш знам што ми се случува. И многу ми се допаѓа што докторот по природа е човек што сака кај него да се оди само на редовни контроли и ништо да не ти е Стално ми посочува како да се чувам и се радува кога немам ништо. Сега за сега не би го менувала. Ми откри на време ендометријална циста која се среди без операција, дали од тоа што и даде да пијам или од тоа што пиев чаеви кај една жена. Тоа е најмалку битно битно секако би даде насоки како и што да правам потоа за да се заштитам повторно да не ми се појави, зошто таа циста е со таква тенденција. Бев и на друг доктор нема да го именувам, а тој ми кажа УЖИВАЈ БЕ НЕМА ЦИСТА СИ ИМАЛА СЕГА СРЕЌА ДРУГИОТ ПАТ АКО НЕ ПОМИНЕ ЛАПАРОСКОПИЈА...Најлежерно ... нити ми даде да пијам нешто ни ништо....
А кога си била на преглед? Ако си била во скоро си требала прво да прашаш некој дали е задоволен од гинекомедика, а и не познавам девојка што е задоволна од кај нив. Или еве на форумов да прочиташе. Како и да е ум за друг пат, јас сум среќна што сега си најдов супер докторка, бидејќи првиот пат кога бев докторката не се ни замараше некако со мене.