Значи оќоравеа од пари гинеколозиве Не треба да земаат, секој има право еднаш годишно да си направи бесплатно Плус за преглед еве мене ми зема 500 денари (на секое одење)...+ плав картон Нели е тоа многу ?? Зошто здравство плаќам, зошто плави картони ако јас 500 денари давам ?
Ситее доктори се такви само да молзаат , незнам како е кај вас јас сум од Струмица мене ми зема 100 ден. за преглед а зошто да зема нели матичен ни е де , ај 100 не се ништо ама 500 за еден преглед од 10 мин. и толку дали ке те прегледа некна за 3 мин. ме претепа , сега за една две недели ке одам за пап па ке видам како што ке ми зема , јас ги носам книшката и електронската картичка и толку преку неа се гледа дали имаш картони . Па прашај го зошто толку мн. ти зема
девојки, кажете ми дали некоја од вас има искуство со Душко Филиповски од Букурешт, матичен доктор ми е, ама незнам каков е, пошто со мм се обидуваме да забременам и сакам да одам да направам испитувања.
Zdravo devojki, ima li nekoja sto ide kaj doktor Partalov da kaze komentar se mislam da go zemam za maticen ?
Дефинитивно Др. Коруноски. Презадоволна сум од него, смирен, тивок, професионален во својата работа, еден и единствен е топло го препорачувам на секоја која се двоуми каде да оди
Матична ми е Надица Геровска од Мама веке неколку месеци и тотално сум разочарана. Ја избрав за матична затоа што читав и слушав многу пофални зборови за неа мегутоа оваа жена според мене не е доктор. 4 пати бев на преглед и секогаш ме завршуваше за 3 минути, на прашањата ми одговараше со да и не, иако два пати и ја кажав мојата историја, дека имав спонтан и дека веке некое време се обидувам да останам повторно бремена, во картонот нема нишѕо запишано и на секое одење морам повторно да и објаснувам. Крајно сум незадоволна и никому не ја препорачувам.
Не знам дали е случајност, ама откако почна пак да работи со фондот стана малку поинаква, како помалку време да им дава на пациентите и се некако набрзина, нема да седне да ти објасни што како. Мислам дека кога работеше како приватен гинеколог поквалитетни прегледи даваше, или може така ми се чини, можеби грешам. Ми здосадни менување на гинеколози.