Ве молам предложете ми добар офталмолог, итно ми е. Јас одам кај д-р Ристовски и презадоволна сум ама мн се чека за термин. Работата е што денес ги изгубив наочарите за вид а премногу ми се потребни и не можам без нив.
Касно беше затворено, утре ќе ги барам ама тешко знам, и друг пат сум пробувала за побрзо да закажам ама нема шанси.
Не знам дали ти е неопходен нов преглед или ти треба само рецептот за наочарите. Ако е второто, тоа можеби и сестрите можат да најдат во систем и да ти го дадат од претходно што си била.
Сакам само прецизно мерење на диоптер, ништо друго (порано имав лошо искуство со д-р Софрониева). Д-р Ристовски го исклучувам, бидејќи има термин дури во средина на декември. Следниве имаат слободни термини веќе од следната недела: Д-р Сашо Капсаров – Европска очна болница (1500 денари) Д-р Фанка Гилевска – Промедика (1900 денари) Д-р Ѓулистана Марковска – Оптикус (1500 денари) Д-р Лазар Тренчев – Офталомедика (1200 денари) Мислење или искуство?
Јас одам кај Д-р Фани веќе 5 години, и сум презадоволен... Систина Офталмологија и Промедика се веќе едно. Ист сопственик... Исти доктори гравитираат и во Систина и во ПроМедика...