И јас идам во Визија веќе 5 години и више, и презадоволна сум. меѓутоа ми ја препорачуваа и оваа Аџиевска, ми викаа дека ептен е добар офталмолог..
Знам во Поликлиника Медика Плус имаат двајца офталмолози, едната е специјалист за деца и страбизам, другата е исто така многу фина, работат со сини картони и ефтини се прегледите (една другарка беше и приватно, баш ефтино помина). Така да се надевам помогнав и не ви дадов лоша препорака
Општи прашања Девојки предложете ми некој добар очен доктор. Не е важно дали работи со плави картони или не.
Општи прашања И јас го препорачувам Роберт Ристовски, во Капиштец, одличен е, плус е и хирург, ординацијата му е и повеќе од опремена, се е компјутерски, а прегледот(првиот) е 800 или 1000 ден. не ми текнува точно, ама во тој преглед буквално се ќе ти прегледа.
Општи прашања ^ 800 денари му е прегледот и нема подобар стручњак во својата област. Јас одам кај него на преглед еднаш годишно веќе со години наназад и презадоволна сум. Прави многу темелен преглед, буквално се’ проверува и е многу човечен и фин. И да, врши и оперативни зафати. Топло го препорачувам и јас
Може ли да ми кажете каде се наога Медика плус, бидејќи не сум од Скопје и дали имате искуство со Др. Антонела Љубиќ?
Jас кај офталмолог со години одам кај Спец.Д-р Благоја Стојановски (кај доктор Бојан Стојановски). Има ординација во зградата веднаш до Јосип Броз Тито -гимназијата. Работи со закажување и плави картони- преглед е 150 денари. Имаат и своја оптика Орбис во ГТЦ од страната на кеј на 1 спрат. презадоволна сум од него и не го менувам дефинитивно. веќе имам пишано миселње за докторов во друга тема но еве пак ќе пишам. Ако ве интересира нешто подетално, слободно пишете во лп. :geek:
Јас бев еднаш кај него но некако воопшто не ми изгледаше заинтересиран во врска со историјата на болеста. Едноставно не ми остави добар впечаток. И што се однесува до нивната оптика ајде велам кога веќе сум во Ск да си направам и очила од тука да завршам работа ми рекоа за 2дена, па излезе две недели дека таа недела немале доволно нарачки. И после некое време на краевите стаклата почнаа да се луштат исто како некое огледало кога ќе е подизгребано од страната.
Исто и јас би ја препорачала Офталмологика, бев на преглед пред извесно време, сосема случајно, зошто во Геталдус треба 100 пати да се јавиш за да ти закажат, истото ми го кажуваат цело време, лекарот зафатен бил. За цени не се сеќавам баш Инаку докторката е прилично фина, а колку што можев да проценам и стручна, зошто долго време ми ги проверуваше очите, за секоја ситница ми запишуваше наод во картонот и убаво ми објасни каква е состојбата на окото и што треба да се контролира понатаму. Конкретно кај мене виде некои тубички во окото што не пречеле, ама баш ми запиша наод дека треба во иднина да се следи тоа. Според мене тоа е високо професионално зошто поголемиот дел кај што сум била онака ќе те ѕирнат и не се замараат многу. Сума сумарум, јас убаво искуство имам со Офталмологика
Значи кај што си имам голем проблем со очиве од таму неможам ни добар офталмолог да си најдам Ве молам кажете некој ептен добар, значи не се битни пари, на приватно или со картони. Сакам некој конечно да ми ја одреди точната диоптрија и да ми даде точен диоптер и за наочари и за леки. Благодарам многу
Добар очен доктор специјалист за леќи, во близина на Центар или Автокоманда, Маџари? Одам јас во Румунска, ама врзана сум со Оптика Елени. Има поефтини леќи во други оптики.
Во Маџари немаме офтамолог ако ме служи меморија, таму живеам па .. Се надевам друг ќе и помогне на ели за конкретните населби, јас да ги испофалам Драган и Галина во 8ми септември .. И да им направам лоша реклама на Геталдус.. порано беа одличнј, сега некоја млада докторка имаат во таа преку Камени мост, му ја утна диоптријата на татко ми, па после и очилата мораа да ги корегираат.. па уште невина се правеше
Драган од 8ми Семптември?? Никако!! Заради тој човек цела година трчав по офтамолози и бев во заблуда дека имам очен притисок!! Мразам што морам да се потсетам на ова. Потоа отидов во Визија каде ми беше кажано дека Фала му на Бога немам ништо! А примав терапии. Од тогаш, веќе 3та година редовно си правам контроли во Визија кај Др. Сашко Петров и топло го препорачувам.
Драган на мајка ми и го спаси видот! Откако и Свети Вид се откажаа и не сакаа да ја оперираат... А за Визија пак јас имам само најлоши зборови, како куче ме истретираа, а прегледот ни 3 мин не им траеше. И ми дадоа дијагноза висок очен притисок, па ставав 2 месеци капки се додека не отидов кај друг доктор Е сега, може се поправиле, ама порано јас кога бев, така беше... А Драган е мн расположен за потплатување.. и жена му не беше поарна додека работеше со мајка ми во Градска
Дали некој има искуство со Лилјана Ивановска или Елена Јованова? Прегледите ги вршат во Визус, оптиката што е на плоштад.
Скроз обратно искуство. Прво ординацијата е на татко му, да не се залажете по тоа примариус, он со сигурност не е. Благоја е. Термини наштанцани на 15 мин, не знам зашто толкава гужва чекаат кај него кога во месецот пушта само 10 термини со плави картони, се др наплаќа 900 денари. Извинете ама за апарти од времето на тито тоа е многу. Мене што ме утна дијагноза, скроз ми утна, ајде се случува и на најдобри, ама никаков човечки однос нема со пациенти. Ладен дури и на шала тера работи за кои не треба да ги тера. Еднаш бев сеа и никогаш повеќе. Па повеќе време посветија да ми објаснат кај им се наоѓа отиката у гтц него за резултатите. Самата ординација е од пред дедо ное. 900 денари за обичен преглед не добива од мене. Од систина сум презадоволна, не знам како е за некој со посериозни заболувања, ама од посветеност и ангажираност немам збор. Златко Арнаудовски е доктор со реноме, и на државна клина беше директор на времето, пред да дојде у систина. 2 ипол саати ми треаеше целиот преглед со 3 различни детални испитувања. Еднаш стана само на сред преглед зашто мораше да му прави преврска на пацеиент кој пред да почне прегледот го оперираше. И тука имаше гужва, и да се чека измеѓу испитувања, зашто има премногу пациенти кои чекаат само на него. Мене се ме чинеше 3000 денари и заврши голготата за 2 часа која претходниот таканарачен доктор ме тераше да чекам цела недела зашто едноствано немало место за дополнителни 30 минути господинот да ме прегледа. Плус Златко детални ми ги објаснуваше сите резултати еден по еден озбилно и професионално, на ниво на едно не медицинско лице да го сфати.
Па затоа имам пишано во мојот коментар следново Спојлер Jас кај офталмолог со години одам кај Спец.Д-р Благоја Стојановски (кај доктор Бојан Стојановски) Исто така, имам пишано дека преку фонд прегледот му чинеше 150 ден, сега е 200. На приватно ако сакаш да не чекаш и не можеш да дојдеш до термин- секаде ќе ти вивнат цени у вис како 900+. Башка апаратите не се од Тито, во Државна се за жал. Ти го кажувам затоа што ги знам бидејки сум имала можност да работам на истите како студент по медицина на двете места. За во Систина стварно немам искуство никакво и не би можела да кажам ништо За ладниот однос се согласувам меѓутоа мене ми е важно само точна дијагноза и детален преглед што он ми ја овозможува. Диоптерот ми го стопираше и еве 10 години не сум имала проблем со наочарите кога сум ги праела. Инаку имам астигматизам и окуларна хипертензија. Жал ми е што си имала такво искуство.
Ве молам предложете ми ств добар доктор ,само се распрашувам натака навака никако неможам да најдам пукнав веќе а ств си имам мака. Се јавив кај др.Софрониева во Тафталиџе али прегледи правела од 10 до 13 часот мене тоа ич не ми одговара на раб сум од 8часот,после 16 ч.не била во ординација. Дали може да ја најдам на др место или во таа ординација што и е на плоштад или предложете ми навистина добар доктор Фала
Бил некој на преглед кај д-р Илир Османи во Систина Офталмологија? Како изведува ширење на зеница, со капки или со апарат некој?