Дали некој има искуство од Неуромедика? Ме интересира колку чини прегледот, зашто само што бев, со упат, со картони (здравствено осигурување) со се, а платив 590 денари, што ми изгледа премногу за обичен преглед.
Дали некој има искуство во European eye и кој доктор е најдобар, исто ако може да споделите искуства за добар офтомолог во државна или Систина?
Најдобар офталмолог дефинитивно др. Виолета од Охрид. Ненадмината е! Премногу стручна и професионална.
Ај некој што знае да ми каже колку чини операцијата за отстранување на диоптерот и кој очен специјалист според вас е најдобар???
Здраво. Што мислите дали за одредување на диоптрија е доволен само основен офталмолошки преглед или е потребно супспецијалистички преглед со ширење на зеници?