Др. Мирјана Саздовска во Систина, најдобра, професионална, човек со големо срце. Офталмолог со големо искуство
Sistina-dr.Mirjana Sazdovska Denica-dr.Sasho Gjorgjioski ili Biljana Adzievska Evropskata-ne preporachuvam
Ауу не Сашо Ѓоргиоски од Деница не го препорачувам, бев кај него неколку пати еднаш ми лекуваше ерозија на очите ок тоа поминав со антибиотик, тешко се оправив, додека диоптерот скроз ми го утна, ми го отстрани цилиндарот го зголеми диотерот, а 50 пати го повторувавме прегледот незнам дали погрешно запиша или што се деси, но јас кога земав леќи и очила се изнададов пари утка невидена. После на ново се во систина, незнам како може еден стручњак како него вака да погреши
По нехуман пристап од офталмологија Деница немам видено,јас 8м трудна беше август месец и требаше да и одредат диоптрија на ќерка ми,буквално ме исфрлија надвор да чекам на топлото,а други што беа исто со придружба им беше дозволен пристап,тогаш малку по стегнато заради корона као…ама дека не и увидоа мрзливо око, тоа немам коментар …си плативме 1000 ден и тоа беше последен контакт наш со таа очна болница … Значи катастрофа …Инаку многу позитивно искуство да поделам од Max optika од east gate имаше солиден избор на рамки до 50 % попуст со бесплатен преглед од др специјалист кој го увиде мрзливото око и ни препорача да правиме вежби за да се активира мозокот да се прошири видното поле …ете така без многу перипетии и закажување отидете и уверете се ќе ми бидете благодарни
Во многу оптики одредуваат диоптрија,ама не се тоа специјалисти офталмолози,тоа се веројатно оптометристи кои разбираат само да одредат диоптрија.Специјалистите се друг профил.Не го коментирам искуството со Деница, ама стварно е грдо да дремеш надвор, дали ладно или топло,секако е непријатно. Моето мислење беше конкретно за доктори и лично искуство од истите.
Има ли некој искуство со вадење на глауком (јачменче на око по народно) во Систина? Ве молам за искуство и цена?
Здраво. Некој да сподели искуство со Билјана Костовска во Систина, слушам многу негативни коментари за неа па ако некој знае нешто нека пише. Фала однапред
Здраво Која цена е преглед за одредување контактни леќи во Офталмологика? Исто така дали некој има искуство со др.Сузана Аџиевска од Оптика Медика или со др.Милена Трајковска ПЗУ Око?