Дали може да ми препорачате офталмолог во Скопје приватно/државно и цена за преглед ако знаете да ми кажете? Имам веќе диоптер но пак да се провери и консултација за леќи сакам
Да, се јавив денес, термин дури на 31 мај Што е работата, како на мој термин, не на приватно Искуство со др. Златко Арнаудовски во Систина?
Истото и мене ми го кажаа 31 мај прв слободен термин и тоа се јавив пред празникот.Незнаев што да правам и кај кого да закажам а не сум упатена со очни лекари прв преглед па се јавив кај Др Лазар Тренчев во близина кај Др Ристовски се наоѓа во Капиштец,бев денес и ок поминав. За овој Др Златко Арнаудовски што прашуваш прочитав само позитивни мислења и пофални зборови за него, незнам само дали тука во темава или беше на форум кајгана.Позз
Zdravo, iskustvo kaj dr Dejan Stavric od turskata bolnica(pterigium na oko), bevme vo sistina na operacija, neuspeshna, najlosho iskustvo vo sistina.
Vo sistina bes Biljana Kostovska, no so praktikanti na operacija (sto se ucea najverovatno) posto operacijata e neuspehna so vraten dvojno pogolem prerigium na okoto, nekoj da imal vakvo iskustvo so ova.
Леле, како бе така... А толку фалена докторка и да си дозволат такви пропусти.. Одговорност и тужба во вакви случаи? Беше ли присутна докторката на операција?
Искуство со др Златко Арнаудовски од Систина суетен доктор што не посветува подеднакво внимание на сите пациенти, не смеете да му поставувате прашања, несериозен пристап, едно ви кажува пред операција, после друго излегува. А важи за најдобар очен доктор...
Iskustva so Denica? I dali moze da se otide bez zakazano/da se zakaze sabajleto za istiot den? Ili preporaka za drug doktor, Skopje ili Kumanovo, mi treba za odreduvanje diopter, nosam lekji podolg period, no mislam deka mi e zgolemen diopterot. Vi blagodaram odnapred.
Далеку од тоа дека Златко Арнаудовски е "суетен", воопшто не е таков, а точно е дека на сите пациенти не посветува подеднакво внимание, но тоа е во зависност од очниот проблем на пациентот, не е точно дека не дозволува да му се поставуваат прашања, не се поставува над пациентот (едноставно кажано народен човек), одличен офталмолог и хирург со филигранска прецизност, немам ниту една забелешка за него ниту како личност, ниту како офталмолог, ниту како хирург, единствено имам само пофални зборови, а што се однесува до Роберт Ристовски, немам добро искуство со него, премногу сериозен и премногу официјален, не ми постави ниту точна дијагноза, ниту ми одреди точна диоптрија, како хирург не знам каков е, но како офталмолог е просечен кој научил тоа што го учел, но воопшто не размислува "надвор од кутијата" и прифаќа само едноставни и лесни случаи за операција, кај мене не се нафати да ми направи ласерска корекција на диоптрија, со образложение дека не можело да се направи и дека не сум бил добар кандидат, а во турската очна болница и во Систина офталмологија ми го рекоа токму спротивното, дека е можна ласерска корекција на диоптрија, значи дека доктор Роберт Ристовски толку го бива
Ми се чини дека истово сте ги пишувале и на друг форум... Нејсе.. Секој зборува од сопствено искуство. Толку
Деница НИКАКО!!! Кога носев диоптер кај нив како ми утнаа. тој Сашо беше... После во Систина ан прегледот за ласерска сосема други состојби ми најдоа кои со лаасесрката операција се отстранија. Фала богу сега еве 4 та година гледам прфектно!
Здраво препорака за добар доктор во Систина (офталмологија) Битола? Се работи за тоа што гледам црни дамки во очите...
Леле леле, тебе Златко да не ти е роднина филигранска прецизност и за сите останати збориш лошо на повеќе форуми. Рекламава ти е пресмешна и да не беше толку нападна можеби и ќе држеше вода . и како што те читав по другите форуми, сепак не ти направиле ласерска корекција на диоптрија туку ти вградиле леќи. Поздрав
Не ми направија ласерска корекција затоа што веќе бев околу 40 години и имав развиена катаракта на десното око, што значи дека сакал не сакал морав да правам операција на катаракта со вградување на интраокуларна леќа, но ниту во нашето разболено државно здравство не се нафатија, ниту во приватните клиники да ми прават факоемулзификација на десното око со вградување на интраокуларна леќа, единствено се нафати токму доктор Арнаудовски, бидејќи се работеше за комплицирана катаракта, што значи дека операцијата на истата беше многу ризична и окото имаше и други проблеми и компликации, па доколку не беше тој, веројатно ќе бев без око, а неколку месеци по операцијата и самиот не веруваше дека ќе се добие толкав визус на сите растојанија, особено не на далечина, тој очекуваше и ми гарантираше 50% вид на далечина, а добив над 80% вид на далечина и 110% вид на близина, за што бескрајно и доживотно ќе му бидам благодарен, алал да му се парите (2000 евра за око) што ги платив, дури ми даде и 10% попуст, јас сум само објективен и воопшто немам намера никого да "рекламирам", а за Сашо Петров во визиа имам само зборови на критика, заради него имам трауми со кои се борам секој божји ден и жалам што на времето не го тужев, затоа што кога беше во воена болница едно кажуваше и ме лажеше и манипулираше, а кога требаше да ми прави ласерска корекција сосем различно, дури спротивно говореше и повторно лажеше и манипулираше, тоа нешто е несериозно, неодговорно, недопустливо и не само што воопшто не е во ред, туку е во судир со законот, а некои луѓе зажалиле (како што самите ми рекоа) што навреме не ги прочитале моите рецензии и коментари за визиа, но веќе штетата е непоправлива