Ти благодарам Ич не се разбирам кој за што е Сакам да одам кај Тренчев на преглед, ама викам ај уште едно мислење плус да слушнам. Ќерка ми ја носам кај Роберт Ристевски ама ту мач ми е некако, башка месец дена термин треба да чекам сигурно
Само те молам немој да се залажуваш да одиш кај др Роза - Неуромедика и таму има нонстоп слободни термини ама докторката е катастрофа.. Јас сакав да одам кај Роберт ама многу требаше да чекам за термин и отидов кај докторкава боље ич да не одев. И си земав нов упат ми закажа матичната на клиника кај др Христијан Дума он го оперираше братучед ми многу добар доктор вика дека е па ќе видиме. Тебе за што конкретно ти треба одредување диоптрија или некој друг проблем,извини што те прашувам вака.
Нема гајле, баш затоа прашав за кај докторкава дека има мн слободни термини, а кај другиве нема шанси да фатиш. До сега не сум имала проблем со вид, ама после 2 пораѓај имам некој притисок и болки во глава, претежно кај челото и носот пропратени со вртоглавици. Бидејќи уште дојам и неможам да одам на ренген да видам да не е спондилоза се мислев и видот да го проверам
Ако провери си може да е и очен притисок мене многу вртоглавици ми ствара проблемот е што јас кога бев бремена ми ги прекинаа капките зашто се бета блокатори и можеа да му наштетат на бебето па главоболки,вртоглавици.. Дај боже да не е ништо сериозно ама сепак прв слободен термин чим најдеш појди си да си бидеш на чисто
Врв од доктор е Роберт Ристовски, каде све се нема доусовршено. Сега и ќерка му е на специјализација за очен доктор. И одличен пристап има со деца, јас и син ми го носам на прегледи таму.
Доктор Ристовски има своја ординација или работи во некоја болница? Ако има своја ординација каде се наоѓа?
Во Ремедика дали има добар детски офталмолог што работи со баш мали деца? И какви се обично прегледите?
Препорака за др Фанка Гиевска Систина како и др.Викторија Филева за деца исто Систина. Со Др.Ристовски и не сме задоволни,прво од односот резервиран,еден збор алтан,нема добар пристап со деца. Не испраќаше на доста ризична операција во Русија која никаде во Европа и Сад не се изведува, забранета е секаде поради здравствени нуспојави. Се држи до руската школа не до западната. Што се однесива до него веќе ќе бевме во Москва среќа што направивме консултации со повеќе лекари меѓу кои и оние што работат во Европа па од таму разбравме дека не се изведува оваа операција никаде.
Се зачудив за Ристовски, нели го фалат. Инаку и мене ми кажа дека никогаш нема да можам да носам леќи и еве неколку години не носам, претходно носев. Сум имала алергија. Може ќе треба да барам друго мислење.
Па затоа и ние отидовме по препорака,малата имаше висок диоптер. Не знам можеби е добар за одредување диоптер, но предлогов за операција на око кај дете за да сопре растот на диоптерот која има гоелми ризици и затоа не се изведува никаде освен во Русија не разочара. Еве ја порасна,диоптерот се смири на -5 и растеше кога имаше интензивен раст во пубертет што е нормално,така ни кажаа сите други доктори,освен Роберт кој итно не испрати во Москва.
А дали си запознаена еве за алергија на леќи, така ми кажа он пред неколку години? Сакам да носам леќи, а тој ми кажа никогаш повеќе.
Па не знам како утврдил алергија? Има многу врсти на леќи сега со различен состав. Јас би ти рекла да побараш и второ мислење и од друг доктор, со леќи е многу покомотно .
Препорачајте добар офтамолог за мене и маж ми, треба да ни одреди диоптрија и целосен преглед. Исто и ќерка ми сакам да ја носам на преглед, за проверка, нема проблем она сега за сега.
Здраво искуство со Др Виолета од Охрид? Ми кажа матичната дека не работи со фондот, па ме интересира како се движат цените за преглед и стакленца за наочарите.