babylove овошни кашички

Добрината во мене

Дискусија во 'Психологија' започната од dankee, 24 јули 2020.

  1. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    Ако постои ваква тема, клуч.
    Инспирирана од темите депресија и анексиозност и многу други теми на форумот решив да ја отворам темава се надевам на вистинското место.Постојат многу коментари во кои луѓето се повредени од фамилија,работа,пријатели и љубов и секој од својата страна на приказната се смета за добра личност. Бојот на луѓе кои патат од таквите болести се зголемува. Но дали сами ние си наштетуваме со нашиот карактер или нашата околина е виновна за ситуацијата. Како пихолошки да дознаеме кавкви личости сме ние,да погледнеме дали ние всушост сме добри личости. Секој проблем се решава ако се погледне од коренот. Да вклучаам дека поради ова се појавува и многу самокритиост. Добри личости сме?Премногу себични сме? Премногу самокритични сме од нашата добри? И зошто толку е тешко да се погледне во душата на човекот ?
     
    На Mesmeric, Nightwish11 и Elena 28 им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    3.187
    Допаѓања:
    57.270
    Што значи да си добра личност?
    Многу од нас би одговориле дека добрите луѓе не им наштетуваат на другите.
    Со сигурност е така, но во тој процес често забораваме на нас самите, па си наштетуваме во обид да ги заштитиме другите, да бидеме великодушни и присутни насекаде, за совет, утеха, помош.
    И сето тоа е џабе ако човек не мисли на себе. Затоа што, на крајот на денот, се имаме само себе. Тоа е единствената константна величина. Сите други може да заминат од нашите животи, некогаш...

    Мое мислење е дека не постои апсолутно добар и апсолутно лош човек. Во овој контекст мора да ги гледаме нијансите.
     
    На SURF, Mesmeric, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.620
    Пол:
    Женски
    Не е работата да се сметаме за добри личности, треба да сме такви т.е да се стремиме кон добрината. На зборови може секој да се смета (што е и најлесно), во муабет исто - да ги сврти работите како што ѝ одговара на личноста.

    Вистинската добрина е онаа што не се експонира и не бара признание од други.

    Денес е се' гнило и отидено во неповрат. Светот е доволно суров и не верувам дека некој баш и троши време за да се преиспита. А непреиспитувањето води кон пропаст на човештвото.
     
    На SURF, Mesmeric, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
    Site imame dobra i losa strana, barem lugeto koi jas gi poznavam i privatno i sluzbeno, site imaat dve strani vo sebe...
    Nikoj ne e sovrsen, ne moze da bide samo dobrinata so edno lice,moze mòjata terezija za dobrina da ne e ista so taa na komsijata, na bratot, sestrata, soprugot/ta itn...
    Sum pomagala i pomagam na sekoj kako znam i umeam vo situacii kade ne se gleda izlezot za skoro-tunelot e temen se dodeka ne pomine vozilo neli?!
    Toa dali me pravi dobra? Ne znam mozebi.
    Ili... ne se soglasuvam so mislenjata na poedinci vo mojot zivoten delokrug, pa za niv sigurno ne sum najdobrata licnost koja ja poznavaat, (dali voopsto i ja gledaat taa strana)?
    Sum se soocila so bliski koi ostanale bukvalno na ulica i sum gi pribrala doma po 2 3 meseci,(duri se snajdat) za da na krajot jas bidam losa i da se zaboravi toa sum go napravila...denes ni zdravo ne vikaat,bez nikakva kavga prethodno.
    Dolga e ovaa tema za da se rasprava dobrinata, site oci se razlicni (zatoa gi deli nosot)
    Neznam, neznam dali sum losa ili dobra, ke kazat moite deca koga ke porasnat i koga ke stanat svoi licnosti, so ogled na toa deka treba da gi izvedeme na prav pat, potrebno e dobrinata da e vo preden plan na frontot narecen -zivot!
     
    На vaterpro му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.603
    Пол:
    Женски
    Немој на форум да бидеш добра и љубезна ќе те изедат оние исфрустрираните. Ќе те имаат на пик и ќе им пречиш.

    Покажи ја добрината таму каде што треба, на вистинското место и вистинските луѓе.

    Вредноста на добрината денес е многу скапа не секој може да ја поседува.
     
    На SURF, Frosty!, Nightwish11 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    Точно, но многупати повеќе човек се разочарува после некое време од тие вистинските луѓе, не зборувам за ситници, туку за големи работи. И на крај во денешницата сите завршуваат со коментар се имаме само самите себеси. Колку е ова точно? Јас сметам дека човекот е социално битје и потребни му се луѓе. Поентава повече со темата ми е,и читам коментари од типот Ме разочараа најблиските,се чуствувам осамено , ми наштетија.. и така натаму и тоа во голем број, секој од свој аспект. И секој на некој начин се чуствува што и донекаде е вистина опкужен со лоши луѓе и во голема форма. Но колку од нас што ги пишуваме овие теми сме се запрашале дали и и ние сме толку добри, дали патиме поради нашата добрина или сме себични и гледаме само од наш аспек. Кое е мерилото за да се добие статус на ДОБАР човек. И секој со помислата се имам само себе си од ден за ден го прави светот полош. Многу осамени луѓе, многу луѓе паѓаат во депресија.. а тоа е многу жално. Да умре на комшивката кравата не мојата, зошто ? незнам ама да умре.. баш такви сме. Зборувам со луѓе постари и сите ми кажуваат за времето во кое живееле 80% од луѓето си помагале , сегаа од нас 80% си одмгаме, гледајќи засебе не го прашуваме друѓиот како е, ако тогаш имало од 50 луѓе 1 депресивен, сегааа од 50 луѓе,48 се депресивни .. тешка тема се надевам доловив донекаде што ми беше поентата кога ја отворив темата.
     
    На SURF, Nightwish11 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.603
    Пол:
    Женски
    Оти многу очекуваат затоа се разочаруваат.
     
    На Nightwish11 и Mami3 им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    6.385
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)

    Ако нешто знам, тоа е дека не ни постои нешто како добар/лош човек генерално, ако ги исклучиме девијантните појави за кои општо прифатено е дека не се добри. Добар човек за мене, може да е лош за друг, а третиот па да нема став каков човек е тој/таа. Се зависи од која призма гледаш. Секој човек има различен компас на вредности, зборувам во рамките на нормалата. Дури и тука на форумот, отвори ја било која тема и ќе видиш дека секогаш и за најтривијалните пршања има многу различни мислења, што е во ред. Еве ако погледнам околу себе, нешта кои мене ми се апсолутно злобни и неприфатливи, за други луѓе се во ред, оправдани и прифатливи.

    Освен тоа, алтруизмот како појава не секогаш е побуден од добрина. Да не навлегувам во премногу психологија, но постои кај луѓето и потреба за себе афирмација дека се добри. Па така, ако размислиш, побудите за секогаш да си добар се најчесто од себична причина, за себе афирмација. Најчесто вистински "добрите" луѓе, за кои може најголем дел да се согласиме дека се "добри", најчесто не ни размислуваат на своите постапки кои ги класифицираат како такви, туку едноставно делуваат како што сметаат дека е правилно.

    За самокритичноста, не знам дали можам да дадам објективно мислење, зошто и самата сум многу самокритична. Посакувам да не бев до таа мера. Искрено го гледам повеќе како негативна особина, отколку како позитивна. Она што се обидувам да го научам е дека пред се, човек мора да се сака себе. Никој, ама апсолутно никој нема да те сака тебе, колку што треба ти да се сакаш себе. И да си простуваш.

    Едит: Да се надоврзам за психичките растројства спомнати погоре. Мислам дека повеќе фактори имаат улога освен самокритичноста. На пример, порано луѓето не биле свесни дека ги имаат, никаде не биле дијагностицирани, никаде не биле евидентирани. Не е дека не постоеле. Може да дебатираме дали сега е зголемен бројот, јас искрено мислам дека тоа повеќе има врска со бомбардираноста со информации и изложеноста на секојдневен стрес, ама тоа е веќе друга тема... :)
     
    Последна измена: 25 јули 2020
    На SURF, Mesmeric, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    4.720
    Пол:
    Женски
    Темава е баш долга и широка за согледување и разглобување, човекот во исто време е и толку сложено, но воедно и едноставно битие, што само си ги комплицира работите.

    Факт е дека не можеме да бидеме сите исти, со исто мислење и сфаќање, нормално е да се разочараш, да бидеш повреден од нечии зборови или мислења, ама тоа е колку важност придаваш на тие работи.
    Човекот не е создаден да функционира сам, туку е социјално битие и со самото тоа што во текот на животот сме постојано со најразлични луѓе, треба да го прифатиме фактот дека некогаш тие луѓе може да не повредат, или разочараат, и сето тоа треба да се прифати како нормално, не може, а и не треба да очекуваме дека цел живот ќе ни биде розев, сите ќе ни удоволуваат, сите ќе ни кажуваат убави и добри работи за да си го храниме егото, се ќе биде по наше, тоа е веќе СЕБИЧНОСТ, и гледање да си удоволиш на самиот себе.

    Секогаш кога и да прашаш некој што мислиш за себе, каква личност си, секој ќе каже Добар/а, секој себе си се смета за добар, дали е тоа поради себичноста во секој од нас или поради нешто друго не знам да дадам одговор, ама едно знам дека никој не е апсолутно добар како што се замислува дека е, и оној најдобриот има лоша страна во себе.
     
    На SURF, Mesmeric, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    24.771
    Пол:
    Женски
    За жал пред два дена сфатив дека добра =на глупа.Колку повеќе погодувам повеќе ме газат.Одамна го знам ова ама глуп карактер не се менува лесно.Мислам дека добар треба да си само со семејството со сите други идиот за да можеш да се заштитиш себе.

    Пред многу години исто разочарана од мојата добра волја една колешка ми постираше една изрека на фб:
    " Кој сака на сите да им угоди или е луд или ќе биде луд".Да јас сум луда што се трудам со небитни луѓе.
     
    На SURF, Cherry333, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.941
    Допаѓања:
    165.636
    Не постојат 'добри' и 'лоши' луѓе.
    Постои само човекова природа.

    Иначе, секој од нас е 'последица' на генетксите предиспозиции и искуствата кои ги имал во животот.
     
    На Bezimenka90, SURF, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  12. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    ова со искуствата се согласувам , многу пати сум имала искуства кои од луѓето биле несфатливи и критикувани а после одреден период кога тие ќе го проживеат истиот проблем реагират поинаку, така има и многу работи кои никогаш нема ние да ги доживееме и обратно, но тука се јавува судењето колку човек , почнувајки од самиот себе е добар у да неим суди на луѓето и да ги подржува.... темава е доста збркувачка , контрадикторна од секој поглед ...
     
    На WildMk, Nightwish11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    10.845
    Пол:
    Женски
    Искрено добри луѓе има многу ретко , до сега немам запознаено некоја личност за која имам помислено дека е предобра со чиста душа , најчесто сите као глумат доброќа и на крај го покажуваат нивното себично лице. Јас никогаш не се разочарувам затоа што најчесто за сите имам ниски очекувања и 95% моите претпоставки испаднале точни.
     
    На SURF и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    8.907
    Пол:
    Женски
    Јас за добар човек го сметам оној што нема зли намери. Реално, секој од секого може да се почувствува навредено или повредено.
    Тоа - ако си добар ќе им удоволуваш на сите е најголема глупост. Ако си добар, нема да наштетиш никому намерно.

    И не, добар ако си не си автоматски глуп па сите те газат.
    И 200 пати да ме повредат, нема намерно јас да повредам некој, само затоа што не вреди да си добар во денешно време.

    Ради ова постојат машки у фазон Зошто девојките не сакаат добри момци ко мене, или женски што мислат дека машките одат само по курви а не по поштени ко нив.

    Ако си добар, добар си за себе пред се.
     
    На SURF и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    5.288
    Пол:
    Женски
    Добрите намери кон луѓето ви се патот кон пеколот. Колку и да сум имала добри намери сум била злоупотребувана така да само себичност во овој суров свет и мала доза на емпатија
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    37.259
    Пол:
    Женски
    Кој е добар со мене, ќе бидам 10 пати подобра према него. Кој е лош, илјада пати полоша.
    Не го вртам другиот образ, не чекам животот да им врати.
    И супер ме служи паролава, бар до сега.
     
    На SURF, prominent и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.603
    Пол:
    Женски
    Порано бев добра наивна до максимум.
    Крај на основно почнав да сфаќам како иде животот и добрината во мене ја снема отприлика на година дена.
    Ретко со кого бев фина и добра.
    На сите им се понашав и им контрирав.
    После почнав да сум подобра, па почнав кој како заслужува да се понашам према него, добро или лошо.
    Али луѓето се некогаш идоти па so i’m i.Некогаш кога попуштам и молчам на глава ми се качуваат
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.941
    Допаѓања:
    165.636
    Кој/а од вас, за себе мисли дека е лош/а?
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.603
    Пол:
    Женски
    Јас
    Знам да бидам тешко ѓубре некогаш и свесна сум за тоа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    Еве зошто ? Што е причината за такво однесување ?